Кадрите на Никола ГРУЕВСКИ идеални и за Зоран ЗАЕВ

Кадрите на Никола ГРУЕВСКИ идеални и за Зоран ЗАЕВ

Ако и за момент некогаш, еве барем во последниве 3-4 години, сте помислиле дека во нашава држава е на власт актуелната влада, премиер, претседател – сте се излажале. Дебело.

Во Република Македонија владее властодржецот, односно робовладетелот од скопската тврдина Кале. Џес Бејли, пред него разно-разни волерси, рикери, милованивичи… Но, цело време од сенка всушност владее “Из-но-гуд“ од Македонија со име и презиме Митко Бурчевски.

Image result for изногуд

Image result for митко бурчевски

Овој, што му прави пресинг на Груевски, е кадровик, финасиер и поддржувач на се што и одговара на американската хегемонистичка политика. А е сатрап на се‘ што е Македонско.

Ова го знаеме, ќе речат познавачите. Точно, но вчера уште еднаш, во својата нај брутална форма се покажа.

Човекот од најголема доверба кај Никола Груевски, човекот кому се му беше доверено и дозволено од страна на поранешниот премиер а во врска со електронските медиуми – Марјан Цветковски од Драчево, позицијата што досега ја имаше како “директор од режимот на Груевски“, вчера ја продолжи како “директор на дојде живот во МРТВ на Заев“.

Марјан Цветковски е вториот експлицитен кадар (ги има многу што се скриени) на ВМРО ДПМНЕ што цело време работел скришно зад грбот на партијата и лидерот, а во корист на непријателите на државата и на ВМРО ДПМНЕ. Првиот таков кадар е Зоран Трајчевски од ААВМУ – односно агенцијата која има наци-фашистичка улога во забраната на слободната мисла и реч на македонските телевизии и радија. Каква “коинциденција“, и двајцата задолжени за телвизијскиот бизнис, израз и мрак во Македонија! И, уште една “коинциденција“, двајцата блиски пријатели на Митко Из-но-гуд Бурчевски!

И, трета “коинциденција“, двајцата кадри од исклучителна доверба на Никола Груевски. Кадри со енормни овластувања и средства за трошење.

И, двајцата му направија slum dunk од позадина на Никола Груевски. Неговите најблиски кадри, нај силно го предадоа.

Марјан Цветковски, попопуларен под прекарот Мацко, заедно со уште еден лик од МРТВ по име Хари, покрај “оправањето“ на МТВ, од Никола Груевски и Кирил Божиновски (поранешен генерален секретар на партијата и владата) беа задолжени и за кадровско, програмско и техничко-технолошко екипирање и оформување на телевизијата НОВА на Сеад Кочан.

Мацко и Хари потрошија брдо пари од Сеад Кочан (или, можеби тоа не беа негови пари???) за да направт телевизијата “да личи ко CNN“. Како што ексклузивно објави Дудинка вчера, вчерашниот датум беше ем 13-ти, ем црн вториник за таа телевизија која стави катанец и ги прати вработените по дома. Остана горкото сознание на вработените, особено оние од техниката што ги разбираат работите, дека опремата во телевизијата на Кочан од страна на овој МРТВ двоец е набавувана по неколкукратно повисоки цени. Кочан, односно кој и да е сопственик од сенка, однсоно телевизијата беа најсељчки опељешени.

Можам да просрфам по колумните на Героски, статусите на Борјан, Кабранов и слични, можам да ги најдам и настапите на импровизиранат говорница на шарените пред МРТВ каде говорат Слободан Трајковски, Ана Пановска, Атанас Костовски, можам и да ги барам прилозите на Либертас, Плусинфо, Слободен печат и слични… Сите еднодушно ја напаѓаа криминалната структира која беше (сега продолжува да е) во МРТВ, а еве “дојде животот“ со вчерашното назначување на Марјан Цветковски за нов-стар директр на МТВ и заменик генерален директор на МРТВ – се испосра на сите нивни постови, тврдења, критики, урлаукања. Го критикуваа што бил на новогодишен концерт во Виена, па на избори на најразлични музички и филмски награди во “Штатите“ кога МРТВ кубуреше со пари. Но еве сега, токму тој ќе продолжи да им биде директор.

Related image

Оваа игра на Митко Из-но-гуд Бурчевски, овој интергалактички заеб, не го виде ниту Груевски, ниту Кире Божиновски, ама ниту Бранко Героски и весело соросоидно друштво.

Баш ме интересира дали сабајлево ќе типка колумничка Геро во врска со Мацко?! Да остане доследен де, до она против кое се бореше и “крв проплука“ по улици и плоштади низ Скопје.

А всушност, на страниците на Дудинка, уште минатото зимо можеше да се прочита критика на однесувањето на тогашниот (и сегашниот) директор на МТВ, а воедно и апел за освестување до тогаш владеачката ВМРО ДПМНЕ дека се прави штета и на квалитетот на настапот, но и на партјата на власт што инкогнито МТВ (Марјан Цветковски) ја избра Јана Бурче – ЌЕРКАТА НА МИТКО ИЗ-НО-ГУД БУРЧЕВСКИ за Македонски претставник на Евровизија.

Гласната поддржувачка на шарените кои рушеа, палеа, тепаа, кршеа (меѓу другото и канцеларијата на Хорхе), бојадисуваа, куртонисуваа – само затоа што е ќерка на Митко Бурчевски, застана во редот со Тоше Проевски, Владо Јаневски и другите великани, како наш претставник на Евровизија.

Но, очигледно, неговите тогашни газди и наредбодавци не ја видоа “големата слика“. Мацко, како и Зоран Трајчевски, си одигра на ситно во своја корист. Ја номинираше и однесе во Киев ќерка му на Бурчевски, а за возврат доби сеопшта амнестија (иако бомбите кажуваа за голем криминал) и плус награда да продолжи да биде директор на МТВ, иако против него се водат половина дузина кривични постапки.

Сега, баш ме интересира како ќе реагира и Стојанче Ангелов (прочитајте го текстов: http://www.libertas.mk/foto-direktorot-na-mrt-marjan-tsvetkov/ ).

Марјан Цветковски беше амнесторан од Никола Груевски: “Цветковски беше тужен за неисплатените плати и придонеси на десетина новинари додека бил управител на порталот Кирилица. Најјпрво беше прогласен за виновен, но подоцна беше донесена одлука со која беше амнестиран од одговорност“. А, еве сега и од Зоран Заев.

Марјан Цветковски беше осомничен во бомбите: “Тој беше актуелен во март 2015 кога опозицијата почна да ги објавува „бомбите“, а Стојанче Ангелов почна со протести пред телевизијата“. А, еве сега е дел од тимот на оние што ги емитуваа бомбите.

Па така, ужасно лошиот HR на Никола Груевски и неговиот кабинет, еве сега им се удара од глава.

Што ти е судбина?! Karma is a Bitch. На иста улица, Булевар Кочо Рацин во Скопје, во радиус од 100 метри, Никола Груевски со години секој ден ќе оди на суд. Крив – прав, не е важно. Ќе биде изложува на сенароден блам. Во исто време, во следните три години, односно во следните илјада-и-сто дена неговиот незаменлив кадар Марјан Цветковски Мацко секој ден ќе си оди на работа како кадар на било кој режим и да е на власт во Македонија.

Ебате PR-от, ебате.

Јако си се самоубивте од заседа.

 

Дудинка,

14.02.2018