И СЕА ШО?

И СЕА ШО?

И се шо, бе? Шо праиме?

Избори, Пржински, Охридски?!?! Сите олеснувачи, амбасадори, експерти, off-оn племе, искомплексирани, неспособни, амбициозни, т‘пи ама упорити – секакви си поставуваат неколку прашања?!

Не, не, нееее… Не се прашањата за Али и Тачи, за изборите на 5-ти… Нееее. Други се прашањата. Суштински.

Најнапред што е тоа ВМРО. Потоа каков е тој Груевски. И на крајот шо народ е ова?

Имено, пост-комунистичката опција наречена СДСМ со сите пајтон партии околу неа својски, повеќе од две децении, се трудат оваа држава да ја снема. Се интонираше југословенската барабар со Македонската химна (бараше Бранко). Мизансценот во Собранието беше голема слика на Тито и минијатурни на Гоце и вмровската дружина. Го сменија знамето, па името. Го атентатираа едниот, а го убија другиот претседател. Назначија во една вечер повеќе од 400 свои судии. Изведоа криминална приватизација. Влегоа во владата во кризата 2001-ва само за да капитулира Македонија. Го составија Рамковниот. Го минираа референдумот за теритријална. Ги подарија Струга, Кичево и Скопје на албанците. Прифаќаат промена на име. Прифаќаат албанец премиер. Прифаќаат од забаваче во цела Македонија децата да учеле албански. Прифаќаат да работат за терористичката Канвас. Прифаќаат во Македонија да има Украинско сценарио. Прифаќаат да стават “пиштаљке у уста“ кога србите ќе им наредат, а потоа да “звиждат јаче“. Прифаќаат врвен авторитет да им е абнормален мачкар. Обожаваат гушкање со докажан хомич каков што е Фуере. Беспоговорно прифаќаат што ќе кажат амбасадори и разни други лејки. Ги поганат сеќавањата на АСНОМ, децата бегалци, основачите на ВМРО, Гемиџиите…
Не им се “свиџа“ Триумфалната бидејки под неа пројдоа нашите кошаркарски херои пред некоја година. Сакаат нашите полицајци да умрат, да им се десело Куманово. Кршат народна своина. Сакаат да го срушат монетарниот систем. Сакаат да владеат без народот да ги избере. Сакаат, сакаат – а ништо не нудат. Односно нудат закани, притвори, ќе-видиш-ти иднина, силеџиство…

Она што дебело се прашуваат странските дипломати е лесно за одговор. Дури и тие такви какви што се “т‘пи ама упорити“ можат тоа да го разберат, ако сакаат. Оти кога ќе се запрашаат што е тоа ВМРО, не смеат да мислат со својот закречен и уканализиран ум. ВМРО, па дури и ДПМНЕ, не е партија! Не е политичка групирока од луѓе. ВМРО е идеа, филозофија, начин на живот, историја, сегашност, иднина… За ВМРО не се гласа – ВМРО е целата Гоцева раса. Па така, ова сенационално движење со историско име ВМРО невозможно е да биде победено од скороевичи, странци на привремена работа во Македонија, измеќари, хомосексуалци, синови на кодоши, црпнати…

Прашањето за Груевски е исто така лесно за разбирање. Тоа е динствен лидер досега кој се бори за деФИРОМизација на Македонија. Сака за грчкиот проблем со нашето име да го праша народот. Ги доби грците на суд. Засега е единствен политичар кој прераснал во национален лидер (нешто како Тито во Југославија) и во кого мнозинството народ сеуште има огромна доверба. Во ниту еден друг политичар, од било која партија, овој народ во овој момент не верува.

Последното прашање, за народот. Народот е фикс. Тоа одамна го научија и разбраа и на запад и на исток, и преку големата бара, и сите соседи. Против овој народ ниту милионите од СОРОС, ниту оние од УСаид, ниту парите со лопати фрлани од амбасадите, ниту слатките зборови на дипломатите, политичарите, амбасадорите (демек, тука сме да ви помогнеме!!! Види мајката?!) не можат да профункционираат. Ниту пари, ниту закани, ниту блокади, ниту притисои. Народ е ова, НАРОДИШТЕ.
Како што може да се види од #шареникаквите протести, ниту 5-те милиони од Сорос лани не можат да мотивираат повеќе од 1.000 луѓе на улица. За овие #абдалпротести конзервативните проценки се дека во просек имаат околу 700-800 учесници. Оптимистичките велат дека има и до 3.000 луѓе. Која и бројка да е, дури и двете бројки да се соберат, повторно резултатот од 5-те милиони на Сорос е #gomnalajna. После толку притисци, после толку пари, после толку твитови, после толку презервативи со боја, после толку странска поддршка да не залепиш повеќе народ е бламажа која ќе се изучува во историјата на пропагандните војни.
Дури и последниот “аргумент“ на кој се држеа, дека демек народот се плашел и бил уценет, паднаа во вода откако шеф на полицијата стана Оливер, а шефица на плати-и-пензии Фросина. Сега од кого се плаши народот, кој го уценува кога ресорите се во рацете на СДСМ?!?!?!
И, да не остане зборавено, овој народ е исклучително мудар. Знае дека бербатењето на куќата на Христо Узунов, на плочите со македонската историја, убиствата на Смилковско се со единствена цел да испровоцираат револт кај просечниот граѓанин, па да излезе на улица и да дојде до Украинско сценарио. Е ама филмот од Мајдан, Киев и Одеса овдека не игра. Ние не сме потомци на фашистот Бандера, ами на мултикултуралистот Делчев.

Оној што во Македонија смета дека народот е глуп и страшлив, гадно се заебал. Гадно. Демек требало регулација во медиумите. Преведено, ова значи дека народот е глуп и Миленко, Латас, Мирка, Дарко, Јанко, Канал5, Сител и слични ги убедуваат (ги убедиле) да размислуваат погрешно. А доколку ги нема овие ликови и медиуми, а на сцена стапат геровци, кабрановци, борјани, сакиевци и слични глупандери – тогаш демек тие ќе го преобрателе народот да мисли “исправно“. Па, да ви кажам, по глупа тактика од ова немам видено. Можеби само уште овие од Обединети за фудбалот можат со глупоча да конкурираат. Да си мислиш дека народот е кал или пластелин па можеш да го месиш, значи дека си потпишал политичка смртна пресуда на себеси.

Да заклучам, откако “странците“ од соседството и од подалечку, разбраа дека овој народ не е можно да се манипулира, решија да го стават надвор од игра. Да го исклучат. Со разни пржински договри, лидерски средби, хојтевци-мојтевци, кризни групи и слични абра кадабра тактики го отстрануваат МАКЕДОНСКИОТ народ од МАКЕДОНИЈА. Најубаво би им било да има држава без народ. Оти ако е така никој нема да си ја истражува сопствената историја, да си го потврдува сопствениот иднетитет, да си биде саммостоен, да си биде СЛОБОДЕН.
Доколку во МАКЕДОНИЈА нема МАКЕДОНСКИ народ, тогаш СДСМ и Заев убедливо би победиле на избори во државата без народ, а очигледно под нивно раководство и без име. Тоа би била идеална држава. Без споменици, без историја, без култура, без идентитет, без име, без образобание, без – се.

Значи не Али или Тачи. Не 5-ти или кој и да е. Не се тоа проблемите. Проблемот е што странскиот фактор сака да го исклучи МАКЕДОНСКИОТ народ од ситyација да си решава за сопствената иднина. Со народот неможат, затоа сакаат да го отфикарат од било какво донесување на одлуки. Избори?!?!?! Па тоа е донесување на одлука, а велам, странецот сака МАКЕДОНСКИОТ народ да го ислучи од решавање. Пред се на избори.

Е, ама така лесно тоа нема да оди. Во Македонија сеуште има новинари кои не се (и не сакаат да се) продадени за пари за грантови и проекти од СОРОС и УСаид. Тие се “канаринците во тунелот“. Тие се свиркачите. Тие се асанжите и сноудените. Тие се со својот народ. Тие, НИЕ, ќе го информираме народот што му се спрема. А народот сам ќе си реши што ќе прави и како ќе делува.

Ова е народ, НАРОДИШТЕ. Овој народ е ВМРО. ВМРО е идеја, филозофија, историја, сегапност, иднина, начин на живот, стил на погибија…

Миленко Н.

Сабота, 07/05/2016 10.59 ч.
Одгледувалиште на расни кози Алпина – Мечкоец