Интегра во Австралија

Интегра во Австралија

ФБ пост на Биљана Антоска Стојанов.

 

Политичката партија Интегра е во посета на Австралија.

Дојдоа Д-р Љупчо Ристовски и М-р Сузана Чесмаџиска. Гдинот Ристовски како и секој политичар па овој плус и теолог ни одржа литургија за тоа колку Интегра се добри и што се би направиле за Република Македонија и македонската нација и сите жители кои живеат во неа. Низ сите муабети ги искритикува сите партии (што и се за критика) со цел да добие политички поени. Гдинот Ристовски дојде со отверено подадена рака за сплотување, ветувајќи дека нема да не заборави нас Македонците од белиот свет се до мигот кога дојде времето да се поставуваат прашања.

На самиот почеток му беа поставени следниве прашања:

1. Македонскиот народ даде до знаење дека не поддржува Преспански и Бугарски договор ниту пак Тиранска платформа. Исто така, дека не сака влез во НАТО и ЕУ. Дали вашата партија, вие, сте спремни јавно да ни дадете ветување дека ќе следите вољата на народот?

2. Македонците од дијаспората не поддржуваат употреба на нашето име само за домашна употреба, туку насекаде. Дали сте за истото?

3. Во вашата Визија велите дека сте конзервативна партија, а поддржувате граѓански концепт – кој не својствен за конзервативците туку на нео-либералите, левицата и на некои центристи. Македонците во дијаспората сме против граѓански концепт, а сме за македонски т.е македонскиот народ да е државотворен и носител на државноста, а другите етникуми да се малцинства (со сите права и обврски според меѓународните договори) + Македонија да биде еднојазична држава. За што се залагате Вие?

4. Македонскиот народ е против членството во НАТО и слугинки однос кон САД. Вие се залагате за продлабочување на партнерството со САД и сте за членство во НАТО. Како може да се залагате за НАТО кога еден од условите промена на името е токму наложено од НАТО и САД?

5. ГенСекот Јенс Столтенберг излезе со друго барање – воведување на 5G мрежа, и тоа баш Американска, која е со превисока цена и штетна по здравјето. Се сложувате да се изврши наредбата на Столтенберг?

6. Никаде збор немате за Тиранската платформа која веќе околу 90% е остварена и интегрирана во системот. Дали тоа значи ги поддржувате сите други барања освен двојазичноста?

 

Е драги мои како што може да видете од видеото додека се читаа прашањата Гдинот Ристовски и Гѓата Чесмаџиска гледаа со потсмев и цинизам на нивните лица. Нивниот потсмев и презир покажа дека подадената рака била само лажен акт. Како и очекувано Гдинот Ристовски не одговори на прашањата туку продолжи да говори дека тие се тие кои ќе ја “спасат” Македонија. Да, кажа дека ќе ги надграделе договорите и ќе работеле на меѓународен план за нивно поништување. Со други зборови ништо нема да направат. Се е само залажување на народот со софистицирани зборови неразбирливи за обичниот народ. Прашан зошто не се почитува резултатот од референдумот од 30.09 тој рече не било тоа така просто и едноставно и ни држеше политичка лекција како се работи тоа. Со други зборови центарот од каде добиваат инструкции како да одработат им налага како и на другите да не се зема во обзир вољата на народот. Уште едно важно прашање кое му беше поставено е следново:

Според вашето CV вие бевте главен на Департментот за имплементација на Охридскиот Рамковен Договор, не?

Одговорот беше дека едвај по негово не само барање туку молење му ја одобриле оставката. Смешки и вицови за деца. Туку ајде треба да голтнеме уште една измама.

Убаво ни потенцира еден повозрасен господин дека треба да си молчиме и само да велиме амин. Налутени ни рече сме поставувале многу прашања ѓоа ние сме биле политичари и сме знаеле се.

За целиот настан да биде уште позабавен и поинтересен бидејќи незадоволството од нивна страна беше очигледно Гѓата Чесмаџиска револтирана ни кажа дека сите ние кои поставувавме прашања сме платеници. Ни кажа дека ние Македонците во Австралија сме село без кучиња и дека ако не била таа да ни донесе дипломатија и сите доблести со дипломатијата ние ќе бевме отцепени не само од Македонија туку и од светот. Уште едни смешки и вицови за деца и големи лаги кои неупатените и неиформираните луѓе би ги проголтале.

Е па сега Гѓо Чесмаџиска ако го прочитате ова или некој ваш го прочита нека ви пренесе дека јас се јавив да разговарам за ова понижување со некој од вас или вашите претставници тука во Австралија вие ме игнориравте па немав никаква друга опција освен да го објавам јавно и да ве повикам да му се извините на Македонците во Австралија за навредите кои ги упативте.

Линкови од горенаведеново:

https://www.facebook.com/1725304440913752/posts/2405515326225990/

https://www.facebook.com/1725304440913752/posts/2405268576250665/

https://www.facebook.com/1725304440913752/posts/2405268576250665/

https://www.facebook.com/1725304440913752/posts/2407987872645402/

 

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing

Image may contain: 1 person, standing and indoor

Image may contain: 1 person, eating and closeup

 

Австралија,

30.11.19