ИМА САМО ЕДНА ПАРТИЈА

ИМА САМО ЕДНА ПАРТИЈА

Од рано сабајле листам пораки и постови од луѓе што за најразлични протести организирани од најразлични ликови во последниве 2-3 години ме убедуваа со нивни аргументи дека би требало да дојдам да се приклучам на протестот.
Истите аргументи стојат и за денеска: против Заев, против неправда, исправање неправди, масовност, сплотеност, не било важно дали сме биле меѓусебно скарани или навредени, Македонија била важна, да сме ги надминеле разликите, да сме ги заборавеле суетите…
Секој поединечен аргумент стоо.
А, и тие минати митинзи беа со тежок баласт дека се организирани од луѓе и организации соработници на тајни служби. Имаше и тепачки и навреди кој можел а кој не да говори од бината, па обезбедувањето на Палчо го исфрлаше како партал Филип… Па не било договорено/дозволено да се качи на БТР-от Бачев, па кои Тврдокорни се кои? Па организатор бил СУМ, а СУМ е Сотир, а Сотир е ВМРО ДПМНЕ… И се така до бескрај.
И покрај се’, јас на секој собир одев. И денеска ќе одам.
Баш да ги видам оние со убедувањата и аргументите што се расфрлаа кон мене? Важат ли истите и за нив?!
Она што одбивав беа убедувањата да сум се качил на говорница да говорам. Тоа никогаш не сум го прифатил. Тоа не биле, и овој денес не е мој митинг. Јас сум само еден Македонец што ја зголемува масовноста на секој протест против СДС, и толку.
Јас дури и на мојот протест на Пела пред повеќе од една декада не говорев. Оставив народот до своето присуство да си каже се’.
Со својот народ и денеска ќе сум.
Јас имам само една партија и една религија, се вика МАКЕДОНИЈА.

М. Неделковски

Скопје, 25.02.20

06.47 ч.