ИМА РАЗЛИКА

ИМА РАЗЛИКА

Утре се распушта Парламентот. Министрите, оние новите, ќе министеруваат само два дена. Тоа е светски рекорд. Секако, седењето “технички“ во Владата во 60-те дена пред избори, не им го бројам.

Сега вака, на два месеци до изборите, човек, држава, партии, гласачи – подвлекуваат црта. Сеедно што во меѓувреме Катица има свадба на ќерка, Велигденски пости, Велигден, Први мај, Ден на победата над фашизмот, Свети Кирил и Методи – сепак може да се најде време и да се направи едно резиме.

Еве, јас во овој текст ќе напревам резиме во врска со образованието.

Пред некој месец, во доцната есен на 2015-та, во мојата емисија ми гостуваа Алек Никовски, Веле Самак и Виктор Мизо. Фрапантни беа нивните претставувања за начинот на кој се стекнале со своето образование, и успехот што го постигнале во школувањето. Мизо бил педантен до ниво да можел да пресмета до кое прашање може да одговори на тест за да има највисока оценка, па после тоа иако имал време за проверка го напуштал тестот и одел да вози велосипед. Алек Никовски самиот се пробил низ комплицираниот Британски систем за да стане водечка личност во својата професија во Лондонски Сити. Исто е и со Веле Самак во САД.

Слични брилијантни образовни и бизнис кариери имаат и Бил Павлевски, Џери Наумоф, Зоран Ставревски… Во вториот и третиот ешалон ВМРО може да покаже серија од надарени, квалитетни, високоценети и способни креативци што со знаење и ентузијазам ги водат своите ресори.

Спротивно, во опозиционата партија имаме комплетен самрак во однос на образованието, квалиететот и успехот на кадрите на СДСМ. Да набројам неколку:

– Бузлевски сметаше дека “Панта Реи“ е личност, па на собраниска говорница се избербати со реченицата: “Како што би рекол Панта Реи – се тече“. Кога простак ќе сака да личи дека е интелктуалец, се добива Бени Хил карикатура.
– Сашо Орданоски е единствениот директор во историјата на Македонската телевизија што на тоа место беше наименуван (од Б. Црвенковски и К. Глигоров) со средно образование. Овој среднист подоцна беше исфрлен како партал од неговиот кабинет.
– “Новинарите“ дел од соросоидното и сдсмовското јато никогаш не добиле било каков меѓународно и независно признание, како Миленко Неделковски, на пример. Љубиша Арсиќ доби награда Жан Моне за местенки и фалсификати обезбедени од албанското подземје на чело со Чауш. А и Ерол Ризаов доби некоја награда од канцеларјата на ЕУ во Скопје за фаќање на страната на ЕУ визави интересите на Македонија. Ама тоа е позната карактерна особина на Ризаов уште од времето на комунизмот што кулминираше со неговите текстови од 14-тиот Конгрес. Текстови што во кафаната “Предејане“ Панде Колемишевски со целата редакција на НИП-от морал да ги менува и адаптира на реалноста, а не на љубовта на Ризаов кон Комунистичката партија.
– Радмила Шекеринска, која инаку доаѓа од Електро факултет, во позните години открила дека зборот “варење“ подразбира зовриена течност. Таа цел живот “варела“ компир во лонец без вода, и се чудела како компиров не се сварува.
– Марјанчо Николов, на Собраниска седница, пред очите и ушите на комплетната Македонска јавност, бараше да најде “тендер за субвенции“!!!. Тоа е слично како барање “конкурс за пензија/пензионирање“ или “ремонт на патлиџан“.
– Александар Чомовски не успеа да ги разликува Естонија, Летонија и Литванија, а уште помалку да знае каде Македонија го постигна најголемиот кошаркарски успех.
– Кире Наумов беше окарактеризиран од врвот на Маџар Телеком како исклучително некомпетентен. Додека неговиот приватен “шеф на кабинет“ Атанас Костовски никогаш не успеа да го разликува Шурјак од Шукер!
– Оливер Спасовски не успева да разликува лични карти од возачки дозволи.
– Катица Јанева “успеала“ за 7 години да “набие“ просек од 6,24 на Правен, притоа немајки ниту една 8-мица, 9-ка или недајбоже 10-ка. Земајки го во предвид овој нејзин успех, 7-те години на студирање, а и тоа што нејзиниот татко бил судија (или обвинител) во Гевгелија, може да се претпостави, ЗНАЧИ, за колку 6-ки значи се фаќале врски за девојчето да положи, значи. “Наше дете е, пиши 6-ка“ е образовниот процес на Катица, за разлика од Мизо, на пример.

Па така, кога еве подвлекувам црта, си велам: “Ејјј Миленко, ти кој себе си сам си се карактерзираше како слаб студент, студиите ги заврши за точно 4 години и еден месец. Прв од генерацијата. Без врски од вујко владика. Со просек над 7-и-пол. Со две 10-ки и по некоја 8-ца“.

Си велам: “Зошто би гласал за необразовани, некомпетентни, злонамерни соработнци на странските амбасадори“?!

Не, сега кога подвелкувам црта, си велам ИМА РАЗЛИКА. И за разликата ќе гласам.