Иднината на Украина

Иднината на Украина

Актуелниот председател на Украина Владимир Зелински, по очекуваната оставка на досегашниот премиер на владата Алексеј Гончарук, се обидува да комплетира власт која ќе ја врати Украина на природната патека на сојуз со Руската Федерација под лидерство на Владимир Путин.

Зелински ги собира сите кадри на поранешниот претседател Виктор Јануковиќ кој беше соборен од власт со снедвич револуцијата на Викторија Нуланд и крвавите случувања на Мајдан.

За разлика од агресивната и избрзана стратегија на САД, Русија  работи спокојно и на долги патеки. Со Крим работата е завршена. Натаму се движат и Приднестровје во Молдавија и Донбас во Украина.

Зелински, едноставно ја профаќа природната реалност. Затоа го враќа на највисока позиција милионерот Серхи Типико, кој блиску соработуваше со Јануковиќ.

Потоа го враќа во игра Валериј Чорошковски, уште еден милионер и близок на Јануковиќ.

Од овие потези, а по средбата во Париз со Путин, јасна е стратегијата на актуелниот Претседаел на Украина да ја трансформира и подигне паднатата држава во предходната форма. Во Пред-Мајданската форма.

Во тој правец, и кадровски се потпира на истиот, односно тогашен, персонал.