ИВОР ПУДЛИЦАТА

ИВОР ПУДЛИЦАТА

“Тажната“ вест дека Ивор Мицковски не сакал да гостува во мојата емисија во следната сезона 2014/15 ја дознав во Германија, каде сум на релација Лајпциг – Базел (Швајцарија) каде договарам гостување на интелектуалци од Европа за следната сезона. Кратко ќе искористам и да ја погледнам пријателската фудбалска средба што вечерва (понеделник) ја игра фудбалската репрезентација на Македонија против Камерун.
Најнапред да кажам дека е недостаток на домашно воспитание приватна порака да се коментира јавно, но тоа е Ивор. Потоа, Ивор нит е прв, ниту пак ке е последен што уцвикува од јавна дебата кај мене. На врвот од уцвиканите секако е Бранко Црвенковски, но по него се редат Гордан Георгиев, долго време Бладо Бучковски, Зоран Заев… Важно е да се знае дека мојата понуда за Ивор е идентична како и понудите за Кире Наумов, Мирка Велиновска, Зоран Димитровски или било кој друг од 20-те гости од последниве сезони. Јас како професионалец во оваа професија, мојата следна сезона ја планирам и подготвувам 5-6 месецои порано. Тоа било така кога сум правел интервју со Сена, тоа и ден денешен е така. Исто така, јас сум заговорник дека интелектуалниот труд треба да се плати, вреднува и цени. Настап или пишан текст без хонорар значи дека тој што настапува тоа го прави заради самопормоција. Дека не си го вреднува сопственото знаење.
Ти Иворе дење ноќе плачеш дека ти е одземена можноста за јавен настап. Дека “режимот“ попречувал, не дозволувал, бранел и ставови и оценки. Доби понуда од мене секоја недела во текот на една телевизиска сезона да бидеш во дебатна телевизиска емисија во која ке можеш да кажеш што сакаш, а доколку тоа те прави среќен ќе можеш нон стоп да го напаѓаш Груевски и владата. Колку што знам, никој и никогаш не ти кажал да ја напаѓаш опозицијата или пак да молчиш за било што. Сега може да се разбере што е проблемот со тебе: ТИ САКАШ ДА ПИШУВАШ КОЛУМНИ ОСАМЕН ВО НЕКОЈА ЗАТВОРЕНА ПРОСТОРИЈА. Се плашиш да ги изнесеш своите ставови во јавна дебата каде некој може да ти понуди контра аргументи со кои неможеш да се соочиш бидејки немаш самодоверба во сопствените ставови. Тоа е ВИСТИНСКИОТ СТРАВ КАЈ ТЕБЕ, а не дека некој ке те купел или било што друго што наведуваш за да си дадеш значење кое го немаш. Ако веруваш во себе и во своите ставови, дојди во мојата дебатна емисија. НЕ БЕГАЈ, НЕ СЕ ПЛАШИ. Ваквото дигање галама само покажува колку си исплашен од соочување со контрааргументи. Ти си како оние пудлици кои силно лаат за да исплашат некого, за да не дојде до реално соочување. Иворе, ти си еден обочен страшливец. Сега разбирам зошто Заев те исфрли на клоци.

Мленко Неделковски

Понеделник 26 Мај
17.10 часот Фуген – Австрија