Зорба

Зорба

ЗОРБАС-СОРБАС-СРБАКОТ

 

*

 

Роден е 1865г. во градчето Куладар, античко место Кулиндар (Грците го прекрстија во Холиндрос 1951г); Педесетина километри западно од Солун во месноста Бистрица. Место каде пред егзодусот ( деца бегалци) живееле 90% Македонци, 7% Турци и 1% Роми.

Меѓу нив бил и Ѓорѓе Фотев викан Србакот, кои подоцна ќе биде наречен Георгиос -Јоргос Сорбас ( Зорбас).

 

Татко му Фотиј бил учител и голем православен верник, кога Грците ја освоиле Беломорска Македонија вовеле богослужба исклучиво на грчки јазик, а ги забраниле сите сослужувања на старословенски ( црквенословенски). Казните биле драконски. Фотиј знаел дека во Солун има голема српска црква, која Грците не смееле да ја затворат, затоа одел таму на литургија, но и таму ги крстил децата и ги носел на празници. Затоа соседите мислеле дека се посрбил, станал србоман, па го нарекле Србакот.

 

После 1912г животот во Куладар станал неподнослив поради андартските напади и пљачкосувања…околу 70 семејства се иселиле од градот, а на нивно место се населиле Маџири ( Турани) од Мала Азија.

Ситуацијата посебно се влошила после 1921г. Кога грчката влада населила 1.200.000 Маџири во Егејска Македонија.

 

Во тој период, се протерани околу 10.500 Македонци од Крстополе( денес наречено Кавала). Од исти причини бил протеран и Ѓорѓе Србакот, затоа што “продолжувал јавно да зборува и пее славофонски“.

 

Ѓорге бил кроток човек, кој имал многу убав глас, пеел и свирел прекрасно, посебно серенади, Но ги пеел на забранет, словенски јазик, затоа морал да замине или во затвор или во “Српска Бановина“. И заминал за Скопје.

 

Ѓорѓе Србакот остатокот од својот живот го поминал во Скопје на улица Водњанска, бил сиромав наемен работник, но продолжил да пее , среќен дека е меѓу своите и овде никој не му го брани мајчиниот јазик.

 

Починал 1941година. Закопан е на градските гробишта во Бутел, парцела бр. 17, алеја 3, гробно место 23 .

 

Ѓорѓе Србакот алиас Георгиос Сорбас никогаш не успеал да добие србско државјанство или да извади документи со роденото име и презиме. Затоа бил закопан со името од грчката лична карта.

 

Во 1964 год. “грчкиот “ писател Нико Казанков ( Никос Казанцакис) го напишал трогателниот роман “Гркот Зорба“

десетина години подоцна е напишата и песна( мелос) – Greek Sirtaki Zorbas . Ликот од романот и посебно од Сертакито, му се допаднала на милионерот и бродосопственик Оназис. Тој финансирал снимање на филм “ Гркот Зорба“, Филм кој достигнал светска слава во 1982г. Од тогаш наваму најпознатиот грк во светот е Зорба, а најпопуларна ( неформална химна) е песната- Оriginal greek sirtaki Zorbas.

 

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

 

Томче Ширков

26.12.23

Скопје