Од 12-ти јуни наваму, над 900 земјотреси со различна јачина го погодија националниот парк Јелостоун во САД. Сеизмолозите и вулканолозите предупредуваат дека ова би можело да значи будење на еден од најопасните супер вулкани на светот.
Доколку би се активирал вулканот во Јелостоун, тој би бил илјада пати по силен од оној кога еруптираше Света Елена во 1980-та.
Земјотресите, од кој најсилниот е со интензитет со 4,4 по Рихтер, значи послаб од Охридскиот, се наоѓаат во длабочина од 14,5 километри под нивото на морето. Земајки предвид дека планината Шеридан е висока над 3.000 метри, значи дека се потресите на длабочина од безмалку 20 километри.
Јелостоун нема еруптирано 70.000 години, па за ерупција се потребни многу чести и многу силни земјотреси, за да можат да се поместат плочите и да се створат пикнатини и канали за да избие лавата на површината на Земјата.
Според екупите кои се поставени за пермаментен надзор на вулканот, зачестените земјотреси се загрижувачки.
Во последните 30 години, најсилен земјотрес во Јелостоун бил со јачина 4,8 по Рихтер.
Објавената студија за вулканот Јелостоун од 2013-та година кажува дека подземните комори со магма се и до два-и-пол пати поголеми од она што порано се мислело. Целиот систем на комори и канал полни со магма се простира на потег долг 90 а широк 30 километри.
Кога по некој случај одеднаш би се ослободила толкава количина на магма резултатите би биле слични на глобална нуклеарна војна.
Северна Америка би била комплетно уништена, а смртоносни последици би претрпел целиот свет.