Во моментот кога незнаењето надвладува, кога етикетирањето е “аргумент“ и кога се има слепа послушност кон лидер со подпросечен интелектуален капацитет – се добива партиски пропагандист што од аргументите бега, како гласачите од заокружување на бројката каде се гласа за НДМ на Бачев.
Плус, кога на тоа ќе се надоврзе и непоткрепената самоувереност дека може исто (наративно, интелектуално, инспиративно, со огромна публика…) како некој што сите го читаат – се добива лик како З. Славјански.
Се работи за во основа позитивен лик и борец за Македонија со помош на Фејсбук статуси, присаство на митинзи, желба да е поинакво одошто е… Но, кога ќе обуеш поголем број чевли, а прита не ја признаеш грешка, тогаш ќе шлапаш во нив.
Па така, повотрувајки ја дебатата што се водеше на ФБ околу името и надимакот на негов сопартиец – да утврдиме факт, а не етикета, дека надимакот на Вангел Симев уште од рани младалачки денови е Овца. “Тоа му е ко родно име“ уште од Битола, ќе напише Верица.
Verica Topalovic Culakovska Vangel e od Bitola i nie sme da kazam nekoj rod preku maz mi. neznam vo koja konotacija Milenko go narece ovca ama toj prekar mu e od rana mladost i nie site vo drustvoto taka go narekuvame toa mu e ko rodeno ime
“Уште кога беше професор на ДИФ го носи тој прекар“, пишува Звонко.
Zvonko Dimoski Вангел Симев мислам дека си го носи тој прекар многу одамна.. ова го знам уште кога беше професор на ДИФ.. така да не знам во кој контекст е речено “овцата”!? Инаку професорот го знам како душа од човек..
Значи, не сум го нарекол јас Вангела, ама тако го нарекле други пред многу десетлетија – Овца.
И сега, кога некому ќе го наречеш по прекар Ѕинго, Латас, Чукаре, Штикла, Гипс или Овца – како може да е тоа навреда? Ако е навреда, тогаш навредителите Овцата нека си ги бара во детството и тинејџерските години.
Не сум сигурен дека Вангел Овца барал Славјански да му изиграва “дрвен адвокат“, но сигурен сум дека му направил мечкина услуга. Зошто? Па, се отвара кутијата која ќе ги извади малкупознатите факти од животот и делото на човекот со прекар Овца. Прочитајте ја, на пример, историјата што во неколку реченици подолу ја пишувам.
Вангел Овца прекарот го има од детство, но низ животот повеќе пати го има зациментирано.
На пример, во сезоната 1998/99 кога ВМРО ДПМНЕ го презеде ФК Вардар, шеф на стручниот штаб со солидни резултати беше Кочо Димитровски. Но, околу нова година, на седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ, каде член беше и Вангел Овцата, под точката разно станал да дискутира барајки и за него некое добро место, бидејки нели победиле на изборите и сите добиле нешто, само тој не.. Љубчо Герогиевски го прашал: “Е па добро, кажи што сакаш“? И човекот рекол сакам да бидам Шеф на стручен штаб на ФК Вардар од Скопје.
Така, преку ноќ, Кочо Димитровски беше сменет.
ФК Вардар, под “стручно“ водство на Вангел Овцата тоа зимо заминува на подготовки во Италија, каде учествуваше на зимски подготвителен турнир во Риети, во централна Италиа. Првата средба се играше против репрезентацијата на Романија до 21 година (U21). Игралиштето каде се играше натпреварот беше составен дел од хотелот (како Млаз во Дојран), па играчите за соблекувална користеа просторија во самиот хотел. На состанокот пред почеток на натпреварот, во соблекувалната, новиот шеф на стручниот штаб на голема бела табла со фломастер почна да ја црта формацијата во која ќе настапи Вардар, па стрелки со показатели ти ќе покриваш ваму а ти таму… Па линии кој до каде се движи, кого и каде покрива… И се така по ред. Гледајки од страна, а бога ми и самите фудбалери, кога ја видоа таблата и нацртаното, позитивно се изненадија констатирајки дека тактички и формациски на теренот се е покриено и дека романците нема каде да мрдаат. “А бе овој не бил Овца“, беше најчестиот коментар.
И, се ќе беше во ред да не требаше кабинерот да ги подели дресовите на избраните играчи што треба да се во првата постава и да истрчаат на теренот. Дресови од 1 до 11, како во “старо“ време. За голманот е лесно број 1, ама другите 10 гледаат да одберат свои или талични броеви. Центархалфот 5-ка, центарфрот 9-ка, креативецот 10-ка… И тука настана проблемот. За 10-те дреса за играчи, голманот веќе си го зема својот дрес, имаше 11-мина на списокот од таблата на Вангел Овцата. Имено, тој во својата “тактичка“ замисла, на 11-мината на Романската младинска репрезентација спротистави 12-мина од ФК Вардар!!!
Од овде натаму, оставам на вашата имагинација каков хаос беше во соблекувалната. “Мене ми рече“, или “Мене ме избра за у први састав“, сите дрпаат дресови, влечат на сите страни. Дури и центарфорот и центархалфот се согласни други бројки да облечат, само да не бидат 13-тото прасе, во случајов 12-от фудбалер.
———————————————————————————————————————-
Толку за Овцата. Сега за доаѓањето на Дугин и Савин во Скопје.
Секое доаѓање на овие двајца во Скопје е празник за секој слободномислечки Македонец. Така беше и сега, така беше и при првото гостување на Леонид Савин во Македонија како гост во мојата емисија во 2015-тата година.
Во последните 4-5 години имав голем број средби со нив двајца. Снимив интервју со Дугин во Москва, бев поканет и присаствував на три конефернции во Русија каде имав свои излагања. Нај голем впечаток ми остави онаа во Цар Град пред 2 години. Секако и минатата година учеството во парадата на Вечниот полк.
Сите овие години се обидував да го донесам Дугин во Скопје, ама неуспешно. Моите обиди, како и барањето издавачка куќа која ќе ги преведе и одштампа неговите книги, не ми вродија со плод. Па така, добро е и е за честитање што успеа Јанко Бачев со своите белградски контакти да ги донесе долу Дугин и Савин, кога веќе беа во Белград и Нови Сад на покана на белградскиот универзитет а со посредство на амбасадата на Русија во Србија.
И покрај тоа што Леонид во повеќе наврати ме информираше за неговото доаѓање и ме покани да присуствувам на настанот, јас не можев да бидам таму оти датумот се поклопуваше со поканата на основачкиот конгрес на новата партија во Црна Гора, каде бев говорник.
Во секој случај, камо среќа да има повеќе можности Савин и Дугин да доаѓаат кај нас во Македонија.
Салата каде што се обратиле Дугин и Савин била преполна. И тоа е за поздрав и честитање. Но, лошо е кога малограѓанштината ќе излезе на површина. Па така, “те седнав во прв ред а ти не викаш фала“ аргументите во истата ФБ дебата, покажуваат дека и покрај ваквите големи гости, партијата која ги викнала да дојдат од Белград во Скопје сеуште е малечка.
Игор пишал (кон Зоран Славјански): “НО ТИ ЛАЖЕШ дека некој од твоите ме ставил таму…“, обракајки се кон член на партијата кој наместо да ужива во мислата на Дугин и Савин, “снимал“ кој кај е седнат, па со самото тоа и почастен. Луѓето дошле во публика да ги слушаат двата филозофски мага, а не да бидат мерени каде седат или стојат. Можам да замислам што би било кога би победиле на избори и кога би делеле партиски и државни функции.
Igor Cvetkovski а бе ти стварно немаш две чисти….или мораш да се увлекуваш кај вождот…мене лино не ми е потребно во иво да го следам дугин или савин, ги следам со години, па и сум комуницирал со нив, за моја лична надградба…си се фатил дека сум седнал во прв ред..да бе пријател, НО ТИ ЛАЖЕШ дека некој од твоите ме ставил таму..тоа е…
тоа што не можеп да сфатип дека критиката може да е и доброномарна, тоа си е твој проблем..но еве, почни д асе расправаш со сите оние кои биле на дискусијата и мнгу повеќе од тебе и бачев го имаат пратено дугин, а немат почит кон бачев, сеедно штос е нашол како техникалија за остварување на тој панел…
бај д веј..бидејчи го спонуваш и иленко кон кого немаш почит–токму тој е првиот во македонија која ја има запознаето македонската јавност, поширока, со постоењето на дугин и савин–и со него се разбира сме имале различни видувањ а за настан, геополитика и сл..но никогаш никогаш не ми се обратил на начин на кој ти тоа го правиш—што кашува за тебе многу а во споредба и со еден егоцентрик како миленко твојата суета бре е димна до вселената и назад..тажно, многу, многу тажно…
крајно, по однос на прашањево ТИ ИЗЛАЖА..свесен си за тоа..ТИ СИ ЛАЖГО и толку..
Igor Cvetkovski ЛАЖГО ЕДЕН….Никој од твоите, не ме викна. Уште еднаш. Во тој прв ред, седнав благодарејќи на другар ми Ненад..Воопшто немам потреба да седам или не во прв ред…Ало бре формалисту..ти лажеш дека твојат партија ме седнала во прв ред. НЕ пријател, НЕ….тоа е лагата….
И ен јас, ти се фати за тоа кој ме седнал со надеш да ме девалвираш–ЕПА НЕ Е ТАКА..Ти сакаш така да биде, нп вистинат е поинаква , во однос на седнувањето…
А за поставувања прашања си имаш ти една убава дискусија со во инбокс за податни и неподатни прашања ….
само арди тебе се воздржував и не поставив тема како што сакав, тоа е востината, но после си поразговарав и со Савин и со Дугин, но
Мило ми е што македонскиот народ, вака или така го искажа тоа што јас сакав да го поставам како тема за размислување..а на Бачев, СРАМ ДА МУ Е, што ги прекинуваше(види кај Ана Бобинкова и кај други) макар и долгите дискутанти и прашања–ТОЈ НЕ ПОКАЖА почит кон оние кои дојдоа и кои со нивното присуство направија панелот да е успешен…
а за другите утки кои секдеа потоа, ќе си ги иамм за себе и ќе си ги расакжувам мешу луѓе кои НЕ ЛАЖАТ како тебе..
ТИ и ТВОИТЕ НЕ МЕ СМЕСТИЈА ВО ПРВ РЕД..ТОА Е ТАКА И НИКАКО ПОИНАКУ
Кога на ова ќе се надоврзе и фактот дека на една ФБ објава Вангел бил напишан со прекарот што го носи 50 години, па од тоа се прави цела драма заради што нивниот член бил навреден од мене, станува јасно со каков капацитет располага партијата и членството. Демократски, секако – не.
Борбата за руските пари што ќе се слееле во Македонија, сега се интензивира. Прво што имам чуено и научено од Дугин е “У руса нема пара“. Сепак, пробаа до тие пари да дојдат Стоиљковиќ сам, па Стоиљковиќ заедно со Дамовски и Стевчо Јакимовски, па Дамовски сам, па Палчо со свои проекти, и еве сега на крај партијата НДМ преку преименување и ребрендирање.
Таму каде што чукаат, нема каса. Можеби ако имаат контакт со Дерпаска или Спер банк, може и можат на нешто да се надеваат. Вака како што пошле – не.
За крај, бидејки знам дека сите читаат овдека, а и дека оние што не читаат добиваат прераскажани информации, еве ви две работи:
- Сеуште важи понудата за кладба од мене до двајца високи (највисоки) функционери од ВМРО ДПМНЕ кои тврдеа дека имале снимки како руси ме шетаат со мерцедеси низ Скопје и ми даваат пари. Тогаш, а еве и сега, им нудам 10.000 евра за секоја таква фотографија што ќе ми биде презентирана.
- Го поставувам и прашањето дал некој од овие горе наведени ликови од Македонија се викнати на прославите за победата на Путин што ќе бидат организирани во следните денови? Кој ли е тој еден, единствен, што е викнат од Македонија?
Текстов главно ќе го разберат оние што учествуваа во тродневната ФБ дебата.
Свесен сум дека овој текст ќе помогне во промоцијата (тие што не знаеле дека овие воопшто постојат, ќе дознаат) на оваа мала партија со копипастирано име.
Честитајки му ја победата на Владимир Владимирович,
М. Неделковски
Скопје 18.03.2018