Со време да си најавам, да нема после плачки!
Во мојата емисија на 15-ти октомври, вечерта пред изборниот викенд во 20.00 часот, live ќе ми гостува особа што многу ретко излегува на екраните. Особа со врвни анализи, беспрекорни извори, страотна институционална меморија и атрактивен настап.
Во минута-до-дванаесет таа особа, во мојата емисија ќе ја изанилизира состојбата во Р. Македонија, ситуацијата со локалните избори, партиите што учествуваат (крупните риби и ситната риба пљуцкавица) и правецот во кој треба да оди татковината.
Тоа ќе е мојот придонес кон расветлувањето на дилемата дали да се гласа или не, и ако се гласа за кого да се гласа.
М. Неделковски
на месец дена пред избори
Скопје, Р. Македонија