Утре во шес-и-пол попладне е протестот против желбата на Каракачанов и послушничката исполнителност на Заев, Гоце Делчев да го преобратат во бугарин.
Ако сите сегашни и поранешни ученици на школи и гимназии со името Гоце Делчев, плус делчевлани, излезат на протестот, ќе име огромна маса (Ако делчевчани не дојдат во Скопје на протестот ќе докажат дека се царевоселчани).
Па така, еве на дело да се видат “патриотите“, “Македонците“, мада-фака смартасовците, крадачите на народнаа воља и општи поими, трубачи на фејсбук и твитер, ол раунд критизерите, Мериот гангстерите, курето од Левица, роднинскиот John Doe – дали ќе се придружат на својот народ на ПРОТЕСТИ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ. Или ќе си останат да си дебатираат со екранот, во глувчешка јазбина, со отров во своте тела и души од неуспехот во сопствените животи.
Ете, не е за струјата, не е со аудија и мерцедеси – пешки е, не е за безвезе – за Македонската икона е…
Ќе дојдете ли? Ќе ги развиорите ли знамињата ваши, бидејки Гоце го положил животот за животчињата наши?
Аххх, да! Да не заборавам. Било какво паламудење во стилот “Зошто дури сега се сети Мицко“, или “Кај беше порано“, или “Доцна е сега“ имплицира дека тој што ќе пишува вакво нешто се сетил на време, знаел дека треба многу порано и бил свесен кога не било доцна! Па бидејки е тоа така, прашањето е што тој тогаш навремено, многу порано од сега и недоцна не викнал и организирал протести?! Бидејки нели ептен умен и ептен се’ знаел, што не организирал протести?
Не се сеќавам МК Мериот, Крадачите на зборчето бојкотирам, партиите на Шушумиговски (не му го знам точно презимето) Солза, Бачев, Ристовски, Бунтур – да повикаа и организираа протест за Гоце.
А што се однесува до бугарите, јас не би се секирал. Тие својата стратегија на насилие и кукавичкук си ја негуваат како национална традиција и богатство.
Не е прв пат насилно да ја окупираат Македонија, да донесуваат своја историја, свои учители… Не е прв пат и во Македонија да се појават нивните вазали. Како што запишано името на предавникот, дедото на Андреј Жерновски, што во 1941 со цвеќе ги пречекал бугарските окупациони војски, така од денешно време ќе останат запишани бугарските подопашници и бугарските дупелижачи Љубчо Герогиевски, Тони Десковски, Денко Малевски, Зоран Заев…
Но, насила ништо не било, па нема да биде и овој однароден “договор“ со Бугарија, без кој нели нема да можеме да започнеме преговори со ЕУ.
Ниту ЕУ ќе опстане (ќе ја снема во следната петолетка), ниту Бугарија ќе е некој фактор, ниту некој ќе го смета за сериозна работа таа хартија г’з папир.
Бугарите да се паметни, а не се, би се запрашале зошто после 30 години незавсна Македонска држава, после 30 години бугарска пропаганда во Македонија и стотиците милиони евра вложени пари, никој на трафика не купува бугарска штампа (а купуваат српска), зошто никој не гледа бугарски телевизии (а гледаат српски), зшто никој не навива за ЦСКА и Левски (а навиваат за Ѕвезда и Партизан), зошто никој не навива за Григор Димитров (а навиваат за Новак Ѓоковиќ)?
Јас ќе им го дадам одгворот: Затоа што се насилници, простаци и дупелисци на големите светски сили (Хитлер, Сталин, ЕУ…) кој подоцна се покажува дека се гнојот на светот.
Тие политичар, револуционер и хуманост како Гоце Делчев низ историјата никогаш немале, ниту ќе имаат. Едноставно, немаат ментален склоп и интелектуален капацитет за високи дострели.
М. Неделковски
Скопје, 14.09.2020