Супериорниот PR, одработувањето на сорос-сдсмовските медиуми, поплавата од аналитичари и коментатори со сорос-сдсмовска провинциенција, атакот од странските амбасадори, притисокот од странските центри на моќ – прават феноменална магла зад која ги сокриваат катастрофалните резултати на Зоран Заев и СДСМ во сите сегменти. Од еконмијата, преку иселувањето, вработувањето и безперспективноста, па се до изборните резултати од пред два дена. На тоа поле во Македонија им нема рамни.
Две години СДСМ е на власт а Заев е премиер. Две години со неколку милијарди евра задолжување а без ниту една шајка заковување. Две години од апсење, тортура, беснеење, малтретирање, убиства, измислени тужби, повеќевековни пресуди… Две години од екстремно иселување на Малта, во Германија, Швајцарија, Словенија, Норвешка… Две години од мрак во медиумите, ограничување на слобода на говор и забрана на слободната мисла и став.
И, за тие две години, феноменалниот погоре опишан PR на СДСМ-Сорос успева очите на јавноста да ги насочи исклучиво кон дешавањата во ВМРО ДПМНЕ. На оваа медиумска катастрофа, секако, кумува и апсолутната неспособност во овие сегменти на опозиционата партија.
Така било од секогаш, не само сега. Од Љупчо Георгиевски и неговиот Плаошник и крст на Водно, преку еконосмката и идентитетска преродба направена од Никола Груевски, до сегашнава ситуација со обидот на Христијан Мицкоски за ревитализација на партијата.
Спотот, рефлекторот, е на ВМРО ДПМНЕ, онаа партија која градеше, вработуваше и ја чествуваше историјата. И, која е единствена што може да го сруши режимот на Заев. СДСМ успешно три децении успева да го крие своето предавство, криминална транзиција, економска неспособност, општа пљачка и нехуманост.
За нивна жал, навистина доцна, ама сепак пристигна казната (фактурата) од народот.
СДСМ која две години е на власт, која криминално и политички е ујдисана со ДУИ, “успеа“ да собере помалку гласови за својот претседателски кандидат отколку кога била во опозиција. Сега кога сета администрација, полиција, војска, инспекции, министерства, државни претпријатиија, службени возила и пред се буџетот им се на непречено располагање, тие не успеваат да го сомелат ВМРО ДПМНЕ кое се бори за воздух, кое е со лимитирани ресурси, пари, медиуми и меѓународна поддршка.
Еве ги резултатите прецизно собрани од колегата Б. Нонковиќ:
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2019
СДСМ: 323.846
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2017
СДСМ: 415.726
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2016
СДС: 436.981
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2014
СДС: 283.955
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2014
ПРВ КРУГ
СДС: 326.164
ВТОР КРУГ
СДС: 398.077
Кутриот Стево Пендаровски има собрано помалку гласови од предходниот пат. И тоа се бори со послаб противник од што беше Ѓорѓе Иванов, плус неговата партија е на власт, неговиот промотор е премиер, а парите течат од кај Тевдовски во неограничени количини.
За лошиот резултат на ВМРО ДПМНЕ човек ќе најде стотици релевантни причини зошто е тоа така. За СДСМ нема ниту една причина. Има се’. Власт, пари, меѓународна поддршка, амбасадорска поткрепа – има се’! Едно само нема?!?!?!
Го нема НАРОДОТ.
Народот е тој кој нема намера да му даде глас на Пендаровски. Секако, во својата најава дека ќе победат со 100.000 разлика Зоран Заев најави полнење кути, контингенти абански (ДУИ) гласови, асистенција на полиција, активирање на подземје и рекетари, замижување од меѓународната за “балканските“ методи толку силно препорачани и посаквани од “десничарот“ Хан. Тој, нели беше во ЕПП, каде што е и ВМРО ДПМНЕ?!
Но, она што може најпроста математика да каже е дека очебијно од гласањево завчера, како и излезноста на 30-ти септември лани, НЕДОСТАСУВА НАРОДОТ.
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2019
Излезени – 755.829 (41,86%)
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2017
Излезени: 1.079.876 (59,51%)
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2016
Излезени: 1.191.854 (66,79%)
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2014
Излезени: 1.120.744 (62,96%)
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2014
ПРВ КРУГ
Излезени: 869.547 (48,86%)
ВТОР КРУГ
Излезени: 967.676 (54,36%)
Недостасуваат помеѓу 120.000 и 450.000 гласови, зависно со кој избори се споредува.
Реално, нема најмалку 300 до 350 илјади гласа, од кои албански би требало да се 70-тина илјади, околу 100 за СДСМ а сто-и-кусур илјади за ВМРО ДПМНЕ.
Повторно, за крај од текстов, доаѓам до дилемата, каде СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе ги бараат тие 100.000 гласа што им недостасуваат. СДСМ ќе ги бара во криминал, тоа е јасно. Народ ним гласови веќе никогаш нема да им даде. Таа вистина, секако, нивните медиуи и нивниот PR упорно ќе го забошотуваат. На мене, и на такви како мене ќе е ежедневно да ги постетувам и вадам на површина. Оти мене и на МАКЕДОНСКИОТ нард исконски непријател ни се СДСМ и либералите. За СДСМ ќе останат со 250.000 клиенти, и толку. Тоа е партија која ќе умре.
Каде ВМРО ДПМНЕ ќе ги бара гласовите? Одговор на тоа прашање ќе очекувам во колумна или изјава на највисоките партиски челници.
М. Неделковски
Македонија
23.04/19 08.21 ч.