Денеска, на 15-ти октомври, порталот Фактор кој е докажан АНТИ-МАКЕДОНСКИ и предавнички “фактор”, објавува што мислеле “врвните” новинарски имиња за нашите шанси во Европа?!
Прво, Европа е и Русија, Молдавија, Турција, Украина, Белорусија, Норвешка и Швајцарија. Предавничкиов “фактор” нарочно фејкува представувајки ја ЕУ како Европа!!! А ЕУ не е Европа.
Однапред, пред воопшто да почне самитот, на оваа збирутинка од ликови (превртачи, предавници, ретарди, порно кралици…), ќе им објаснам што ќе се случи. Ќе им објаснам она што не го знаат, или уште полошо го знаат ама сакаат народот да го лажат.
Но, најнапред да видиме што паламудат “врвниве”:
Новинарката на пропаднатиот Утрински Жижи, вели “се бара начин”!!! Ни начин, ни бутур не се бара, само замајавање на јавноста е ова. Лажи-Вере за оние што во предавството на Заев видоа влез во ЕУ.
Натаму, превртачов не-знам-на-кого-повеќе-да-му-го-дудлам Фрфљо, вели дека е оптимист!!! “Оптимист” е класа во едриличарството и Олимписка дисциплина. Ако си “врвен”, тогаш треба да си реалист. Ама за реалист треба и знаење, а фрфљавиот го нема.
Потоа следува трудна-е-само-што-не-се-породила (брак со МВР, тврдење на министерот Чокревски) Кате, која тврди дека “очекувано и нужно било македонскиот успех да биде запечатен со одлука за прием”!!! Кој успех трагедијо, кое нужно новинарски платенику и имбецилу. Македонија под Заев е еден огромен НЕУСПЕХ.
Крајно, од врвниве е Цаци после-Латас-Сител-нема-саглам-уредник, се надева дека “лидерите ќе покажеле креативност”!!! Море абдаллук и незнаење?!
А еве сега што всушност се дешава. Нормално, освен тоа што Македонија и проширувањето е некоја крајна маргина во однос на заклучоците ид овие самити. Македонија не им е во видокруг, други големи проблеми си имаат: се распаѓаат, арапи ги окупираат, Трамп ги стиска, исто и Путин, Сирија не можат да ја решат…
Но, ај еве за ова за за што “врвниве” појма немаат:
Заклучоците во однос на одлуките за Самитите на Европскиот совет се носат најмалку еден месец претходно на средба на COWEB-групата која е составена од високи дипломати или заменици-шефови на Постојаните мисии на 28-те членки на Европската унија.
Една до две недели по COWEB, на состанок на COREPER 2 групата, која ја сочинуваат амбасадорите и шефови на Постојаните мисии на ЕУ-земјите во Брисел, потоа ги утврдуваат, парафираат и потврдуваат драфт-заклучоците и тие се 99,9% проценти конечни!
Советот за општи работи на ЕУ (GAC) и/или за надворешни работи на ЕУ (FAC), што е состанок на ниво на министри за надворешни работи на 28-те земји-членки на Унијата (што е случај со денешниот состанок во Луксембург) само формално се состануваат и ги парафираат претходно донесените заклучоци (од драфт-заклучоци стануваат официјални) на ниво на COWEB и COREPER 2 групите.
Самитот на Европскиот совет, пак, е само формална средба за сликање, смеење и утврдување на позиции на ЕУ во однос на светската гео-стратегија (САД, Русија, Африка, Кина…) и тогаш официјално се лиферуваат заклучоците!
Значи, во однос на Македонија, единствено чудо што може да се случи се поради ИЗВОНРЕДНИТЕ притисоци на американската длабока држава (во Брисел деновиве се растрчани Филип Рикер и Метју Палмер, молат, колат, се закануваат, нудат услуги), шефовите на дипломатиите да дадат некаков датум за преговори, одложен, скриен, закукулен, замумулен, иако новиот шеф на ЕУ, Макрон јасно ја официјализира тајно договорената одлука на ЕУ од пред пет години дека Унијата веќе нема да се проширува!
И, УШТЕ НЕШТО:
Зошто никој од “врвниве”, зошто СДСМ, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ, УКИМ, МАНУ – било кој, не побара дозвола од народот за започнување на преговори преку РЕФЕРЕНДУМ?!
Цаци вели дека истражувањата на нејзиниот проект/емисија дала такви-и-такви резултати! Па не може сенародно мислење и одлука да се базира на фејк мислење на една емисија.
Каму РЕФЕРЕНДУМ. Да видиме НАЈДЕМОКРАТСКИ дали народот го сака тоа што политичките елити го туркаат? Каму на-папиру-демократите Муцунски, Костадинов, Ахмети, Десковска (ќе ги боцкам во емисија, нема друго) и другите комични ликови да повикаат на ДЕМОКРАТИЈА – владеење на народот?
Или вети у Арачиново 300 пилоти, прашај 4 “врвни”, укини радиодифизна – и си завршил работа?!?!
Од ЕУ, а и од НАТО ништо нема да има. Исто и од предвремени.
За Дудинка,
М. Неделковски
МАКЕДОНЕЦ од МАКЕДОНИЈА
15.10.19