ДУДИНКА и СЛОБОДАТА НА ГОВОР

ДУДИНКА и СЛОБОДАТА НА ГОВОР

Порталот Дудинка, без финансиска подршка од било кого (банки, богаташи, олигарси, партии, невладини, амбасади…), со капацитетот на само еден човек (М. Неделковски) и со повремена интелектуална помош (колумни, текстви…) од исклучително мал број луѓе, долго време е последното острово на слободата во Македонија.

Уште од “Груево“ време, кога овдека имаше текстови со наслов “Во што не се согласувам со Никола Груевски“ (М. Неделковски) или текстови на Стефан Влахов Мицов што одбиваа да му ги објават или уште полошо објавени му ги бришеа најразлични портали (на пример, МКД.МК на Сашо Дамовски познат по соработничкото име “Садам“) откако истите портали добиваа грантови од американската, холандската или бтитанската амбасада.

Дудинка, не само што беше и е последното острово на слободата, ами и последното копно на демократијата. Не сам што овој портал објавува текстови од автори кои се во дадениот политички момент проскрибирани и забранети, ами и текстови на автори кои предварително со најпогрдни зборови во своите колумни се обраќале кон луѓето што редовно контрибуираат во Дудинка (Стефан Влахов Мицов во моментите на најголемата соработка со Јанко Бачев за Миленко пишуваше дека “кукурика на Дудинка“, а за Бобан Нонковиќ  дека е “куртонче од Брисел“). Но, тоа не е пречка, исклучително добрите колумни и анализи на Мицов, или текстови на Бачев, да бидат објавувани.

Дудинка како последен медиумско-интелектуален слободен и демократски простор (апсолутно сите други медиуми се партиски определени и финансиски зависни) ќе продолжи да биде таков. Ова е сиромашки сајт, сајт од-народ-за-народ (нема потреба Луке Галевски да се распрашува “од кај му на Миленко 60К евра за ново ауто“). Сиромашен ама слободен, горд и издржлив. Таков е и сопственикот на сајтот.

Па така, Дудинка во следните два текст му дава простор на интелектуалецот Алдо Климан, кој е најновиот на листата непожелни, а со самото тоа проскрибирани и забранети автори од страна на амбасадата на САД во МАКЕДОНИЈА.

Неговиот допис (e-mail) до мене ќе го објавам во следниот текст со наслов E-mail преписка меѓу Алдо Климан и Миленко Неделковски каде ќе можете интегрално да се запознаете со начинот на кој и овој ПРО-МАКЕДОНСКИ интелектуалец е забранет, но ќе се запознаете и со мојот одговор кон него.

Она што овде можам да го додадам е дека порталот (порано беше и неделник) Република – про-партиски, односно про-вмровски медиум кој ги дели просториите со исто така партиски ориентираните Курир, Вистина и Лидер (сите, заедно и со Алфа ТВ, спонзорирани од непостоечки газда на непостоечко маслиново масло од Унгарија (чудно, УЈП и ААВМУ молчат)), односно уредничкиот кадар предводен од Доне Доневски (син на Васе, потписникот на сметката на ВМРО ДПМНЕ пред тоа да стане Никола Груевски), го објавиле и за рекордно кратко време го избришале ПАТРИОТСКИОТ ПРО-МАКЕДОНСКИ и анти-Брнз текст на г-дин Алдо Климан. Баш како во најсветлите времиња на Јозеф Гебелс, Џозеф Мекарти и Лаврентиј Берија по интервенција од амбасадата на САД до ВМРО ДПМНЕ, овие “уредници“ добиваат наредба од партијата Алдо Климан да биде избришан.

Следните два текст на Дудинка ќе ги поткрепат тврдењата од овој текст.

Миленко Неделковски

во Скопје, на 19-ти август 2020-та,

во 08.21 часот наутро