Дудинка ве плаши, а?

Дудинка ве плаши, а?

Ете, после кратка пауза, Дудинка е поворно активна. Демек online.

Ја користам приликава да расчистиме неколку ствари.

Дуинка е мал сајт, на еден  човек од една мала држава. Нема финансиска подршка апсолутно од никого.  Сиромашка работа со еден стар лап топ, домашен интернет и еден смарт фон со скршен екран. Нема ИТ менаџери, нема персонал, нема екипа… One Мan Army е најсликовитиот опис. Армија од еден човек без банка во џебот или на сметката, кој секој месец се бори да си ја плати сметката за телефон, кабелска и интернет, сметката за струја и да стави гориво. А за поправка на автомобилот стар 25 години ќе му должи на мајстор Пепи од Драчево. Тоа го напаѓаат Вашингтон и Брисел!!!

Последниов удар направен синхронизирано од страна на длабоката држава, бриселеските чиновници и UBS банката од Швајцарија бил така масивен што луѓето од швајцарската компанија со сервери каде е лоцирана Дудинка се јавиле по телефон кај еден мој добар пријател во таа земја да го прашаат која е таа држава и кој е тој сајт и зошто е толку битен? Нападот бил како кога хакерите го напаѓаат Пентагон или Сити груп. Се распрашувале збунетите швајцарци што мајка е тоа Dudinka.org па да можат да бидат загрозени и сите дуги сајтови што они ги имаат? Која е бре таа дудинка, кај е таа Македонија, кој кур е тој Миленко, бе?!

Сега, откако домеинот е повторно безбеден, уште еднаш ви благодарам што толку многу се трудите да докажете дека мојот сајт и текстовите во него се толку многу битни и решавачки, па морате да го рушите. По земја в=ми се влече, ви реков. Не е срушена Дудинка било кога, туку токму во овие најтурбулентни денови.

Дудинка е малата светлост на слободата која е останата во Македонија. Илјадниците луѓе, главно повозрасни, што тешко се справуваат и немаат фејсбук, твитер, инстаграм научиле дека е наједноставно да се логираат на dudinka.org и на прозорчето десно да кликнат (таму каде излегува фејсбук фан страната на Миленко Неделковски) и да добијат неутрални, изворни, вистински и патриотски вести и сознанија. И таа мала светлост сакате да ја угасите? Народот да му го препуштите на партиските телевизии и портали? Е па , не че мочи ове ночи. Установивте ли дека мене и на Мирка, Тања и на моите извори им верува народот? Не на другите мешетари?

Повеќе од очебијно е дека никој не ги напаѓа исплакнатите Курир, Денешен, Република…, нит пак сашешамарлитиковскиот Лидер. Никој не удира по “правоверните“ Плусинфо, Либертас, А1он, Бриф, Нова… Никој не ги удира оти на големиот вашингтонско-бриселски робовладетел не му сметаат, односно баш му вршат работа. Малечката црница (дудинка) им смета. Фала ви на признанието. Заблагодарувајки ви се на ова признание ви ветувам дека уште по жестоко ќе ве ебам на дневна основа.

Дудинка го нема четврт милионот на Крсте глумац и Данев, ги нема саудиските педерски милиони на Боки 13, парите од БНД на Чомовски, фондовите на Рашковски, парите на Мијалков и Божиновски. Дудинка го нема зад себе Хари убиецот на Диме Поштарот, Мите Лимунада или Вица Едно-евро – дудинка  е сама и независна. Без банка личи како цвеќарницата од Алан Форд, технички се справува ко Грунф со своите изуми, ама со помош на Мирка го има тефтерчето на Број Један.

И тоа тефтерче, мое и нејзино, ќе ви расплаче мамата на сите вас предавници и ситни души.

И, немојте да ми се јавувате со плачипичка аргументи дека таа пратеничка имала дробни деца, а тој некој пратеник бил болен од рак. И Коте од Руља имал мали деца, па си останал пишан како предавник.

Дудинка ис бек.

 

 

Миленко Неделковски

Скопје – 03.10.2018

16.49 ч.