Правата помош од дијаспората за МАКЕДОНСКАТА КАУЗА не е везден давање ум што овде долу треба да направиме и кого да избереме. Или како да се однесуваме.
Правата и најважна помош е во средините во кои живеат нашите иселеници да влијаат врз локалните политичари и власти во Западна Европа, С. Америка или Австралија во корист на Македонија.
Тоа е принципот на успешните дијаспори на албанците, хрватите, србите, грците…
Локални политички власти, регионални паламенти, сенатори, конгресмени, градначалници, парламенти…, таму треба да е насочена активноста.
И втора работа, е финасирање на независни новинари, медиуми, опиниан мејкери и политичари во Македонија на месечна основа. Оти овдека во Македонија владее комплетен медиумски и политички мрак под фашистичката чизма на Џес Бејли. Опасноста од укинување медиуми, емисии, портали, текстови, како и опасноста од апсење за без везе, е толкава да ни слободен медиум ни слободна мисла има.
Па така, човечки е пред да се каже “треба ова-и-ова да направите“, да си се постави прашањето “што јас направив“.