Лоша кадровска политика води кон лоши политички потези кои водат до губење на идентитет име и држава!
Доблест е на еден човек да ги увиди грешките да ги признае да се извини за нив и да бара прошка од македонскиот народ!
Никола Груевски е извореден економист и технократ најдобриот во историјата на Македонија , Никола Груевски е најслабиот политичар и дипломат, плашлив и неодлучен!
Доколку поинаку постапеше доколку се слушаше себе си а не уфрлените агенти во неговото потесно опкружување ќе ја имаше Македонија ќе го имаше македонскиот народ!Вината си ја носи тука дума да нема !
Со голуби превртачи и удбаши партија не се прави со нив држава не се штити и брани! Со учки влада не се прави не се дава амнестија за злосторства против човештвото (такво нешто во светот не постои) на учките местото им е во затвор а не да бидат во влада и да крадат македонски пари! Учките му забија нож во грб, голубите превртачки го сторија истото , љубоморните братучеди не заостануваат во тоа сума сумарум резултатот ја нема Македонија ги нема МАКЕДОНЦИТЕ!
Може фермани да се напишат за лошата кадровска политика од највисока ниво да најниски ешалони за гестапо политика од 2006-2016 кон старото вмровско патриотско членство кои беа предмет на деградација и елиминација од партиските редови за да нема никаво вилјание во одлучување во партијата а со тоа и во одлуките за државата Македонија . Тие членови беа ставени настрана без право на глас како обични статисти и дрво декор во дадени моменти за потребите на партијата!Тие членови беа систематски чистени со цел партијата да ја презвземат некои нови кои од Вмро немаат ни В кои во одреден момент по наредба од некој и некаде ќе постапат спротивно на македонските национални интереси како и спротивно на идеологијата на ВМРО!
Во Вмро Дпмне тие 10 години се поставуваа контурите на се она што ќе дојде потоа ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!Со тие луѓе во партијата резултатот е јасен изгубена Македонија поништен македонски народ!Не е случаен изборот на пратеници и претседатели на општински комитети!Се поставуваа такви луѓе за да би резултатот погубен за Македонија!КОГА ЈА УБИВАА МАКЕДОНИЈА ВМРО ДПМНЕ (членовите, симпатизерите, раководството итн.) НИГДЕ ГО НЕМАШЕ, ЗАСПАНО- ПАСИВНО- МРТВО! !
КОГА ЈА УБИВАА МАКЕДОНИЈА ВМРО ДПМНЕ ДАДЕ 10 ПРАТЕНИЦИ ОД СВОЈАТА ЛИСТА ЗА ДА СЕ ИЗВРШИ ТОА ЗЛОСТОРСТВО!ВМРО ДПМНЕ МУ ВЕТИ НА ХАН ДЕКА ЌЕ БИДЕ КОНСТРУКТИВНО ВО РАСПНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА!
Македонското јаве, македонската држава, македонската слобода повеќе ја нема!Денес има нешто спремно за делба!За пазар !За поткусурување !Спремно за задоволување на апетитите на крволочните соседи и стратешкиот партнер!
МАКЕДОНИЈА ЈА НЕМА!МАКЕДОНИЈА ЈА НЕМА ОД КАРТАТА НА СВЕТОТ И ВЕКОТ!
БАНДИТОТ ОД МУРТИНО ЈА УБИ МАКЕДОНИЈА !ГО УБИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
Вината за ова денес (со постапување или непостапување –гледање сеир) е кај секој Македонец! Оваа генерација Македонци е најголемиот срам во величествената македонска историја! За да не биде и да не остане на тоа тогаш оваа генерација да ги засука ракавите! Да ја врати Македонија и да го прати бандитот од Муртино во Идризово заедно со неговата злсоторничка банда!
п.с. Ќе дојде ден во кој македонскиот народ ќе биде слободен!
Дејан Јакимовски
17.11.19