Денешниот митинг покажа:
1. На народот му е докурчено од оваа незаконска, неуставна и криминална власт.
2. Луѓето отрпнаа на заканите и притисоците, се престрашија. Фашистичката дикратура и тиранија веќе не ги плаши.
3. Собрана е доволна критична маса да на регуларни избори (без методите на шарените или оние на албанците), има гласачи што сериозно ќе го надгласаат СДС и ќе го поразат Заев. Со цивилизирани и демократски методи, вез шверцерски фори, подметачини и уцени.
4. Доколку утре би имало парламентарни избори, ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери ќе однесе победа која ќе му овозможи составување влада.
5. Левица, или било која друга опозициона партија или групација, се политичка маргина. Единствена опција им е чесно коалицирање со ВМРО ДПМНЕ.
6. Масовност на протест или на избори може да се постигне само со една формула: НАРОД + ВМРО ДПМНЕ.
Било кој протест на ВМРО ДПМНЕ кој на народот не му е природен (оние за струјата, на пр.) нема масовност. Исто така, било кој протест на народот на кој не се приклучува ВМРО ДПМНЕ исто така нема масовност.
7. Прв пат по оној февруарски митинг по снегот, се почуствува дека Партијата и НАРОДОТ се излезени за иста цел – рушење на фашистот Заев, и дека имаат сила тоа да го направат.
Да заклучам, после толку дузини митинзи на кои сум бил, денеска конечно видов среќни и озарени лица, а не разочарани и скршени луѓе.
М. Неделковски
Скопје, 25.04.21