Дебатата на Телеграм

Дебатата на Телеграм

Во групата на Телеграм наречена “Миленко Неделковски дисидентот” формирана од мене, повеќе од месец-и-половина има сочни, содржајни и богати дискусии во кои се вклучени политички субјекти, паблик опиниан мејкери, политичари (успешни и оние неуспешни), обичен народ…

Свој придонес даваат Мите Лимунада од Кавадарци, Попот од Интегра, ТомЧе од Родина, Рангелова од кај Мијалкови а и многу други кои се со скриени идентитети.

По вчерашната жестока дебата, утрово се вклучив со свој текст.

Еве го реобјавувам на Дудинка:

Богата дискусија.
Па да допринесам малкуцка.
Со факти:
– Х. Мицкоски е лидер на една партија.
– Д. Рангелова е член на неформална група која се обиде да го сруши, но не наиде на било каква подршка, па се избламира останувајки само на закани.
– Т. Ширков е член на партијата Родина (делот кој има печат), која успеа во рекорден рок по формирањето да се расцепи на два дела.
– Попот и Апасиев си имаат свои партии.
Сите овие, баш како и Смрт, Лимунада, Комшија, Палчо, Ефтов, Филипчо, Бунтур и слични целата своја стратегија на битисување ја градат на нападите врз Мицкоски!
Никако да погледнат во својот двор?! Никако да се запрашаат “зошто јавноста/гласачите не ме препознава(ат)”?
Ако сите овие се се во право, а Мицкоски за се е во криво, како тоа тие се сеуште маргина а тој и понатаму е на чело на својата партија?! Каде е вината? Членство на Партијата ли е глупо или заблудено или наивно?! Или е проблемот кај сите овие незадоволници?!
На пример, членството на Партијата е исто како и кога политичката проститутка Рангелова беше висок функционер таму? Дали тогаш членството било освестено а сега е замаено?
Да се разбереме, немам намера да бидам “Адвокат на ѓаволот” (Кијану Ривс, Ал Пачино…), но имам намера да ви поставам огледало за да се видите во него. Сите погоре наброени во повеќе наврати биле во “Белата палата” на состанок со Мицкоски. Миленко НИТУ ЕДНАШ. Сите од набројаниве имале свои барања, Миленко НЕМАЛ. Сите се гледале со Мицкоски, Миленко НЕ.
Значи однапред молам да нема инсинуации од типот “одработува”. Не може да се работи и одработува “он лајн”.
Да заклучам, од читањето на памфлетите гледам дека во пристапот нема свежина, современ пристап, добитна стратегија. Или, што би рекол Н. Груевски, нова парадигма. Мада мислам дека и “бегалецот во Пешта” не баш знае што тоа значи “нова парадигма”.
ВМРО ДПМНЕ како партија, Македонија како држава, политичката ситуација кај нас не се исти какви што биле ’94, ’98, ’01, ’04, ’06, ’08, ’11, ’14, ’17, лани и сега.
Сентенцата “уште е време комитско”, според мене, значи дека борбата сеуште трае, ама начинот, тактиката и средствата се променети.
Веќе не можат во нашата борба да се користат оружјата кои нашите славни предци ги користеле на Херонеја, во ‘903-та, 1941-1945-та, или во современите декади зад нас.
Потребен е нов, современ пристап и оружје. Нова парадигма.
Затоа што критизериве на Партијата ја немаат и не ја знаат таа нова парадигма, затоа остануваат непрепознаени.
И затоа единствено им останува делот за нивно делување наречен “Мицко не чини”!!!

 

М. Неделковски на групата на Телеграм

28/04/21