Големата стратешка и политичка грешка на Никола ГРУЕВСКИ

Големата стратешка и политичка грешка на Никола ГРУЕВСКИ

Благодарејки на моето нагомилано искуство на повеќе полиња и благодарејки на моите две стратегии (1. Прашај паталец а не гаталец; 2. Solution orientated) повеќе пати сум бил повикуван да дадам свое мислење, анализа, план… Тоа ми се случува со години и во земјава и во странство.

Кога ми било побарано, во интерес на Македонија и Македонците, сум дал свое мислење и тактика на делување што треба да се направи од страна на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски (за деталите ќе читате во моите книги и автобиографија, Нонковиќ ми доцни со рецензиите). За жал можам да констатирам дека за ништо (со исклучок на мојата сугестија дека Масар Омерагиќ не смее да биде избран за претседател на ФФМ) не ме послушале.

А се испоставило дека сум бил апсолутно во право. “Кога не си апсел, ќе те апсат“, на пример, е моја кованица која Груевски не ја послуша ниту како мудрост ниту како стратегија, па еве гледаме на кое дереџе дојде.

За тоа денешно дереџе, дно на кое е дојден Никола Груевски, ми е денешниов текст.

Неговиот адвокатски тим ја третира неговата одбрана како да е тој криминалец. Тоа е катастрофална грешка. Тоа е грешка која ќе го чини слобода на повеќе години него лично, а исто толку години злопатење на неговата фамилија.

Никола Груевски вчера, после 5 саата влечење по судски ходници (а така му е секој ден) излезе пред камерите 5 минути да се жали дека бил малтретиран од судиите и државата. Човекот, киднапиран од стереотипни адвокати и недоквакани советници, не ја гледа “поголемата слика“ од оваа во која е влезен. И од која час поскоро мора да излезе, да се ослободи.

Никола Груевски во овој момент се бори со заробеното судство, кое инаку и од него предходно беше заробено, за да ДОКАЖЕ ДЕКА НЕ Е КРИМИНАЛЕЦ!!! Mistake. Big mistake.

Тој редовно си се јавува на судење, бара да ги “прегледа материјалите“, бара доволно време за да ги разгледа обвинувањата… Се однесува понизно кон судот и потполно погрешно. Никола Груевски се обидува да докаже дека НЕ Е КРИМИНАЛЕЦ!!! Тие му велат “криминалец си“. Тој вели “не, не сум и ќе докажам дека не сум“.

Не знам дали е свесен, ама неговото одење на суд не е заради правда или неправда. Не оди на суд затоа што на оваа држава, на СЈО, на ЕУ или на некој бриселски фашист му е важно дали тој извршил криминал а за тоа дали има докази. Не. Не е за тоа судењето. Судењето, негово и на Сашо Мијалков, не е за криминал. Тоа е политички прогон, политичко судење. И, најважно, тоа е судење за земање на чаламот (рушење на имиџот) на Никола Груевски како лидер кој го обожаваа народните маси и на Сашо Мијалков како на човек од кого секој криминалец и шиптар се плашеше како од ѓавол.

Ова, не е судење за криминал. Ова е судење на Македонскиот народ затоа што се понадева дека ќе има лидер што ќе ја носи држава во благососотојба и дека ќе има “џандар“ што ќе донесе ред и мир на територијата на Македонија.

Токму затоа, пристапот кон судските рочишта и стратегијата е очајно, море дабетер, идиостки лош.

Што треба Никола Груевски да направи?

Па, најнапред да расчисти со себе дека не е криминалец, ами политички прогонуван национален лидер. Кога тоа ќе го разбере, може да оди на next level.

Следното ниво е дека ќе треба на овој политички прогон, политички да одговори.

Повеќемина низ историјата ја спроведувале таа тактика, а нам најблиски ни се примерите со Тито и “Бомбашкиот процес“ во Загреб 1928 кога изјави дека не го признава овој суд туку само судот на својата партија. И секако примерот со Зоран Заев кој исто така не го признаваше овој  суд, не одеше на рочишта, судиите се плашеа да го приведат и притворат… Тито и Заев ги издигнаа и извадија своите процеси надвор од судските дворани и судови и ги направија политички. Плус, Заев собираше неколку илјадна публика од поддржувачи пред судот. Сите тие сега се гоштеваат со чорбичка за пеевче како државни службенци вработени од партијата на власт, а Груевски со помош на адвокатски тим делумно составен од комуњари се обидува да докаже дека не бил криминалец.

Единствената добитна варијанта за Никола Груевски е да не го прзнава овој суд, да не го признава СЈО, да не ги признава институциите на сегашниов фашистички режим, да се спротистави политички а не да се брани јуристички. Трба да престане да оди на суд и да почитува било каква судска, обвинителска или полициска наредба. Треба да покаже комплетна граѓанска, гандиевска, непослушност.

Тој е политички прогонуван. Тој треба да е во друштво на идеолози, интелектуалци, паблик опиниан мејкери, дисиденти. Не треба да е во друштво на адвокати, адвокатски канцеларии, параграфи, молби, жалби…

Ако Никола Груевски се плаши дека доколку не го почитува судот ќе биде приведен и замандален, да му објаснам дека вака како сега што ја тера секако ќе биде замандален. Евентуален договор со сатрапот од Кале и фашистите од Брисел дека ќе има сеопшта амнестја која ќе ги опфати и “бомбашите“, нема да се деси. Тие центри на моќ не функционираат со оддржување на дадените ветувања, туку со нивно кршење. Таквите ветувања не ги преживеаја Џинџиќ и Трајковски, не им се остварија на Санадер и на Јанша…

Затоа бара освестување, па Никола Груевски конечно да се потпре на единствената своја добитна карта, а тоа е народот. За жал, таквите мои совети до него, дека треба да се потпре на народот а не на странците и племето, тој никогаш не ги послуша занесувајки се дека ја гледа “големата слика“, која ние не доволно информираните не ја гледавме!!! Но, таа слика го доведе до тоа Стерјо Зиков како бранител да седи до него во судница. Стерјо Зиков, кадарот на Ленче Софрониевска и сатрапот на Ламбе Арнаудов, Војо Михајловски, 4-цата за Раштански лозја…

Од толку натоварени кривични дела и постапки што се водат против Груевски, барем една ќе се најде за да биде осуден. И таа една е доволна да го однесе во провалијата наречена “ист криминалец си и како Бучко“.

Единсвениот излез е да го прочита, послуша и спроведе овој текст.

Треба да премине од нивото на одбрана како криминалец, на нивото на политички прогонувана личност како Линдон Ла Руш, Нелсон Мендела, Вацлав Хавел, Аунг Сан Су, Лиу Ксијабо, Махтма Ганди, Мартин Лутер Кинг…

Никола Груевски треба да реши дали следните 15 години ќе ги помине во затвор како криминалец равен на Велија Рамковски, Соња Николовска или Алберто Фуџимори, или пак ќе ги проведе истите тие години во истот простор ама како политички затвореник од рангот на Панко Брашнаров, Ченто, Андреј Сахаров…

Дали во фуснотата кај неговиот Википедија профил ќе пишува корумпиран политичар или ќе пишува политички затвореник и патриот мачен од фашистички режим.

 

 

Миленко Неделковски

10.02.2018