Следејки ги амбициите и потезите на најразлични политички субјекти (формални и неформални), се наметнува едно битно прашање!
Без разлика дали се работи за маргиналци од типот на хармоникашкиот ФРОДЕМ или полициската партија на Бачев, или се работи на понови творби од типот на “Реформистите“, или пак најновиот збир на политичари околу “писмото“ на Илија Димовски, Антонио Милошовски и Трајко Вељановски – е нејасно како поаѓаат во политичка битка, а ја немаат обезбедено основнат алатка за да допрат до јавноста, МЕДИУМИ?!?!
Исто е нејасно, како ВМРО ДПМНЕ со новиот лидер ќе тргне во кампања да ја сруши фашистичката структура на Џес Бејли без доволно медиуми?! Алфа со години е запоставувана, па сега мора полека да се крева од мизерен рејтинг, а НОВА ќе го смени газдата за 5 милиони евра и условна казна за Кочан, на чие место ќе застане Велија Рамковски. Само со Курир и Република до “коцките на Вардар“ не се стигнува.
Па така, како ли си мислат хармоникашот, Бачев, Алек, Ико и другите дека ќе ги остварат своите планови без медиуми?
ВМРО ДПМНЕ со години беше на власт со помош на медиумите. Исто така беше пред нив на власт Бранко Црвенковски. ВМРО ДПМНЕ од власта го кутнаа медиумите, откако од своите медиуми се откажа. Трамп со помош на правите медиуми, а не фејк њуз CNN, односно енадр бјути BBC, дојде на власт. На власт успешно се одржуваат Орбан, Ердоган, Вучиќ, Путин благодарејки на медиумите.
Како побогу сте тргнале на пат со автомобил што има каросерија, ама не и мотор? Каде кинисавте?
Мислите ли дека сте поумни од сите други? Дека медиумите, новинарите, уредниците, колумнистите и опиниан мејкерте се само за забава?
Партија, сериозна политичка опција, претендент за освојување на власт без сериозно партиско гласило и неколку гласила наклонети на таа политичка опција – нема шанси за успех.
Не верувам дека барем Илија Димовски не го знае ова! Со години беше на чело на департмантот за медиуми и информации во неговата партија.
Стварно ли мислите дека сте толку умни и убави да на народот ќе му се наметнете само со повремено појавување на дебатни емисии?!
Стварно ли си мислите дека медиуми не ви требаат оти “Кале“ руши од власт, “Кале“ донесува на власт. По кој ги е.. новинарите?!
Дудинка
20.12.2017