Вучиќ, Дачиќ – памет у глава

Image result for срџа поповиќ канвас

Она што  мене, како Миленко Неделковски, лично ми пречи од страна на Вучиќ и Дачиќ се изјавите со кои не‘ генерализираат. Па така “Македнци мора да знају“, “македонци су урадили ово“, “македонци треба да оно“ и така натаму.

Треба да е јасно дека потезите на Зоран Заев се се‘, само не се потези на македонец и не се потези на Македонците. Исто како и признавањето на Косово, приемот на беглаци од САП Косово и Метохија, така и гласањето во корист на Косово за УНЕСКО или прислушкувањето на амбасадата, амбасадорката и персоналот не е идеа, ниту пак акција на нас Македонците.

Тоа е работа за која Дачиќ и Вучиќ можат слободно да ја обвинат криминалната структура на Заев, американскиот (ако смеат) амбасадор Џес Бејли и албанскиот фактор од 17% население во Македонија – ама никако Македонците.

Македонците зад овие глупости, обиди за закрвување на двата пријателски народа и раздор на добрососедството НЕ СТОЈАТ.

Уште повеќе, Дачиќ и Вучиќ ќе треба да си погледнат и да си подзаметат во својот двор. Во Србија. Уште повеќе во Белград. Односно ќе мора да разберат дека токму одреден број нивни сонародници и еден нивен сограѓанин се моторната сила, тренинг асистенција, идеоносци на ова  што го прави Заев.

Доколку уште не знаат Дачиќ и Вучиќ за кого се работи, еве им список од мене (гратис):

  1. Срџа Попович од Канвас.  
  2. Кајл Скот – амбасадорот на САД во Белград. Image result for кајл скот амбасадор
  3. Александар Родиќ, сопственик на Слободен печат. 
  4. Александар Обрадовиќ – српскиот “стручњак“ за електростопанство. 
  5. Зран Башановиќ – поранешниот член на на СНС на Александар Вучиќ. Image result for зоран Башановиќ

Па така, не дозволувам “тепањето“ да биде по Македонците, односно обвинувањата да се генерализираат, па да важат за сите нас.

Нека повелат лидерите на Србија, а не србите (јас не генерализирам), нека се сконцентрираат на криминалните ликови што ја прават целата оваа политичка турлитава.