Војна, ама различна!

Војна, ама различна!

.

Неколку пати во текот на пандемијава низ која поминуваме слушнав од различни експерти дека ние сме во војна, само со таа разлика што во класична војна го гледаме непријателот и знаеме од каде доаѓа, а во ситуацијава ниту го гледаме непријателот, ниту знаеме од каде доаѓа. Многу по суштинска разлика во ситуацијава се жртвите. Во класична војна жртвите се здрави и силни момци и мажи во своите најдобри години. Како неспособни за војна остануваат : старците, хронично болните, лицата со физички и ментални недостатоци односно лица кои како немоќни и болни имаат најповеќе потреба од нега и интервенција од државата. Исто така наведените категории на лица не се добар генетски материјал за идните поколенија. Со оглед дека најдобриот генетски материјал труе по боиштата, најчесто уште пред да се реализира како родител, после многуте класични војни човештвото не е во идеална состојба и бројот на хронични и наследни болести како дијабетесот, висок крвен притисок, канцерогени заболувања, психолошки и ментални заболувања е во пораст. Владите трошат огромни средства за нега на болните лица , а ситуацијата не е оптимистичка ниту за идните генерации. Затоа класична војна како модус за намалување на населението кој досега се применуваше повеќе не е опција за “елитите” кои несомнено владеат со светот. Кај овој новиов невидлив и интелегентен вирус вештачки создаден во лабораторија жртви не се здравите момци и мажите во нивните најдобри години туку токму тие што обично преживуваат во класична војна а се најголем терет за државата. Ковид 19 не е ништо друго туку модус за намалување на населението и тоа она најранливото и најболното. Умираат и млади лица најчесто со дијабетес, хипертензија и малигни заболувања кои се претежно наследни. Овој интелегентен непријател против кој “војуваме” на оној кој го измислил му служи и за генетско прочистување на човештвото. Тоа значи дека вирусов ќе остане меѓу нас додека не ја исполни својата цел, или кажано во преодна смисла можеме да бидеме во војна подолго време. Ова е многу понапредна и пософистицирана верзија на проекти од типот на “Aktion T4” од Наци Германија.
#COVID19 #AktionT4

 

Благоја Пандовски

Скопје, 02.11.20