Волшебниот збор МИЛЕНКО

Волшебниот збор МИЛЕНКО

Тоа што долги години го прават меин стрим медиумите (телевизии, дневни весници, неделници…) сега почнаа да го преземаат и поединци кои фигурираат на социјалните мрежи. Односно, ако сакаш да ти биде читан/гледан постот спомени го волшебниот збор МИЛЕНКО.

Кај мене е либерте, не бришам постови, немам комплекси, помагам на секој што барем малку има желба да се пробие. И затоа таа отвореност донесува и злоупотреба при коментарите на медиумите кои ги имам.

Но ако, аџамии се тоа. Нека пробаат.

Па така, тука сега има се‘ од триста кура деца. Женска особа која на своите постови има по два-три лајка критикува зошто објавувам друга некоја женска која имала на своите постови 2-3 лајка!!! Двојни стандарди? Не, се работи за изблик на глупост. Потоа, најголемите заговорници на слобода на медиуми ја практикуваат “слободата“ преку што-го-објавуваш-тој-и-тој или преку не-му-објавувај-колумни-на-тој-и-тој, или слободарски поентираат со работиш-за-тој-и-тоја-бидејки-си-му-објавил-колумна!!! Има и онакви што се здробија фалејки дека со помош на Твитер (као Трамп, де) го извеле бојкотирањето на референдумот, ама бидејки виделе дека се јалнаш, еве ги сега на фејсбук кој доколку вчера го сметаа за сељачки, примитивен, ненапреден…

Чудно е тоа разбирање што е а што не е слобода на медиуми!

Да не заборавам, купишта луѓе уживаат во моите текстови и објави, откривање на тајни и пикантерии – ама се додека не напишам нешто за нив!!! Е тогаш е љутење, тогаш е работиш-за-тој-и-тој, те-плаќа-тој-и-тој, козар, кучкар и слично. Се додека не го споменеш тојга некој си, нема ништо од тие обвинувања!!!???

Па така, како и со медиумите, кој кога ќе им падне гледаноста/читаноста, ја качуваат со споменувањето на волшебниот збор Миленко, ете сега и овие со иста тактика, но и со ист проблем. Публиката те чита и гледа само кога е текстот за Миленко, ама не и за текстот/објавата пред или потоа. Без Миленко, остануваш медиумска шупелка.

Во целиот тој куп анонимуси, најглассни се тие што најмалку ги бива. Прогнозираат, даваат квалификации, обвинуваат – а сето напишано им е гола вода. Плус, поаѓаат од себе си и своите амбиции и желби, заборавајки дека сите луѓе се различни. Крајно, во текстови кои се без споменување имиња си се препознаваат па ја ишшкаат мувата од капата.

Примерно, тие си мислат дека функцијата пратеник е врв, па сметаат дека сите сакаат да се кандидираат за пратеници. Сметаат дека им треба финасиер или партија на која ќе се потпрат, па сметаат дека сите исто така мислат.

Реално, шлаг на торта се предвидувањата.

Предвидувањата што се понеостварливи, поатрактивни се за објавување. Плус, од безвезе во постот ако го ставиш волшебниот збор Миленко, ете ти читаност. Ама, само на тој пост.

Лично мислам ниту дека Љупчо од Интегра, ниту пак Бачев од Единствена се било како договорени со Мицкоски. Жарко од Братсво не го познавам, ама мислам дека и тој не би се усојузил. Ама нели, за да се чита постот ќе објавиш таква атракција, плус слики од нив во Миленко Неделковски Шоу, и ќе заклучиш дека ете ги се продадоа за едн0-две директорски места. А тоа што во истиот мизансцен биле и Мицов, Мирка, Тања, Виолета, Рембрант и други, што ти ја прави асоцијацијата беспредметна – ништо!!!

Како дојдовме на прагот на изборите, многу ликови се разгологазија во својата психопатска потреба да ја наметната својата неспособност како вредност, а својата неостварена амбиција како врвен дострел. Во месеците пред избори, од ветените листи и потписи не бидна ништо, од ветената поткрепа од врвни интелектуалци исто така… Зошто? Затоа што луѓе како Тања, Миленко Мирка, Бобан, Росоклија се луѓе со интегритет и префинето чуство за проценка на луѓе и постапки.

Од сите постови во последните два-три дена, за целата ситуација каде оние што се џилитаа дека се за борба против Заев се претворија во борци против сите оние што се борат против Заев, најубава карактеристика даде една дама по име  Риана. Имено таа констатира дека  “многу се глупи за некој да ги плати, едноставно одработуваат зошто се психопати“ (во еднина беше напишано, во множина го објавувам како поетска слобода во препевот).

Сега, за тоа и тие толку. Имаме далеку посериозен проблем од справувањето со фрустрациите на неостварени ликови. Проблемот ни е окупацијата на нашата татковина и колабрационистичката фашистичка власт на Зоран Заев. Миленко не е проблем бидејки ниту на некоја листа ќе се кандидира, ниту има амбиции да биде пратеник, функционер или да дреме на државен буџет. Миленко има своја професија безмалку ЧЕТИРИ децении. И, стварно, не би сакал да стане Мира Дизел или Влатко Ѓорчев. Миленко во рок од 4 години и еден месец има завршено факултет, имал огромен троцифрен број жени во својот живот – така да не му треба функција за да дипломира или да почне да ебе.

Единствено што има потреба Миленко сега е да придонесе на рушењето на фашистичката диктатура на Зоран Заев.

 

Миленко Неделковски

Македонија, 22.02.20

07.41 ч.