ПРЕДГОВОР:
Уште еднаш, по милионити пат, да кажам дека јас сум во бизнисот со вистинито информирање и непристрасно анализирање. А, не сум во бизнисот со навивање. Навивањето е за навивачки групи (БББ, Торцида, Гробари, Делии, Комити, Чкембари…), партиски послушници и административци кои сакаат да си ги сочуваат свите 18 илјадарки месечно.
Не сум ниту во бизнис со љубов па да го сакам овој или оној, или оваа или онаа група, партија, држава. Во бизнис со љубов се истите погоре, односно навивачите, плус сексуалните работници. Јас не.
Така да слободно, секој нека си навива, нека си сака некого или нешто – ама мене да не ме става во ист кош со нив.
СОЗНАНИЕ И АНАЛИЗА:
На предстојните Парламентарни избори, кога и да се догодина, ќе победи ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на подметачините на Заев со вметнувањето во играта на “Sashos 8-th“ (нешто како верзијата на Оушн 11, 12, 13 и 8), манипулациите на Нино Смрт Тодоров и Мите Лимунада Јанчев, а секако и без разлика на можноста за враќање на амнестијата на Иванов преку Уставен, и враќањето на Груевски преку Хоргош или Томпа – ВМРО ДПМНЕ ќе ја има најбројната група во парламентот.
Дали таа партија ќе освои минимални 52 или оптипмални 55/56 или максимални 58, ќе зависи од гласачите, но пред се од кадровската понуда на партијата. Доколку, внатрепартиски ВМРО ДПМНЕ покаже сила и се ослободи од баластот што го носат Александар Ацо-Керозин Николоски, Владимир Вечен Парламентарец Ѓорчев, Антонио Џуџето-од-Небрегово Милошоски или Трајко Славевски – тогаш ќе ги поврати и симпатиите на разочараните и откажаните гласачи на партијата. А тоа не е мал број. Над 100К се. Доколку пак останат со оваа кадровска политика на Конрад-Аденауер-жена-му-е-американка или со Втората-жена-ќе-ми-американка (знае ли за ова Александра?) – тогаш тие разочарани и откажани гласачи ќе се претоварат на контото на партијата на Бачев или кај Бојкотирам доколку воопшто успеат да се организираат да настапат.
Значи сега пред Мицкоски се поставува прашањето: Што му е поважно? Безмалку 100К гласа, или Аца Керозин и Влатко Многудетниот? Што е поважно? 58 пратеника, или 52 пратеника ама со сегашнава “Загребска“ постава?!
Нема некој што го познавам а да не сака од длабината на својата душа да биде прегазен, а потоа и затворен, Зоран Заев. Таа желба е акламативна.
Но, не се сите решени дека ќе гласаат за Мицкоски доколку не видат конкретни чекори. Како на кадровски план, така и на план на јасни ветувања во врска со стратегијата за Преспански, бугарски, двојазичност, правосудство, криминали, криминални групи со калашњикови, дипломатија, странски амбасадори во Македонија, меѓународна еквидистанца…
Народо “ште поткрепи“, и тоа масовно, паѓање на Заев само ако ветувањата се “кристално чисти“. Не со употребата на “кристално чисти“ како зборови, ами како дела.
Во овој момент опозицијата се дели на три битни дела: ВМРО ДПМНЕ, партијата на Бачев и Бојкотирам. Секако дека ВМРО ДПМНЕ е тука шлеперот.
Партијата на Бачев има една предност! Имено сите точки од платформата се она што навистина го сака народот. Од збор, до збор. Проблемот на таа партија и лидер е со години ствараниот бед имиџ.
Бојкотирам ја има предноста што личи урбано, елегантно, култивирано, интелектуално… Но, нема апсолутно никакво јадро, никаква организација, никаква одговорност, а немаат ниту финасиии за било какво организирање.
Солза (кај е бе Палчо?), Интегра, Родина заедно со разни мали самоназови патриотски здруженија – се маргина изрзена во децимали.
Левица со Апасиев е монетизира, изразена во евра.
Интересни се оние “Стоп за извршителите“, оти еден друг “стоп“, оној “Стоп Операција Сорос“ го снема!!!
Па, драги читателки и почитувани читатели, навијачи и неутрални, наши и нивни – ТОА Е. Победа ќе има, само е прашањето колкава ќе е.
Пораз Зоран Заев ќе доживее, ама прашање е колкав.
И, да не заборавам, уште од сега објавувам војна на новата влада ако јавно, јасно, гласно и посветено кривично и материјално не ги гони сите што ја продадоа Македонија (и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ), сите што лапаа од фондот за иновации, од патните трошоци, од бонусите на СЈО и ЈО, ако не бара реален попис (а со тоа и поништување на Рамковниот договор), ако не бара уставен да се произнесе за двојазичноста, за македонско-бугарската историска комисија и пред се за договорот од Преспа.
Миленко Неделковски
Скопје, 03.12.2019
09.43 ч.
Појаснување: Насловната слика е од Скуба дајвинг на Хаваи, во една прекрсна Боижиќно/Новогодишна прошетка во Холивуд, Лос Анѓелес, Лас Вегас и Хаваи со фамилијата на Небојша Едко Давидовски во организација на еден од двата најголеми пикслаџии во Скопје Палфи (вториот е К‘на).