Еден ендемски вид на политичка реалност, еден феномен невиден во други демократии, ја следни Македонија од нејзината независнот. Еве, скоро три децении.
Имено, кога и да е СДСМ на власт, колку и криминали да извршат, колку и предавства да има, нивната влада и премиер никогаш не паѓаат!!! Ни – ко – гаш!
Првата влада на СДСМ и Бранко Црвенковски, и покрај тоа што имаше гиганстки национални велепредавства како што е менувањето на знамето од Кутлеш со вентилаторот на Мирослав Грчев или преименувањето во ФИРОМ наместо да сме си Република Македонија – никогаш не дојде под прашање дали 4-те години ќе си ги истераат до крај! Таа влада го направи најголемиот економски криминал и пљачка на народот преку криминална приватизација. Кога, на улица оставија половина милион граѓани, за да можат дузина луѓе да станат мултимилионери и газди на државата (Штерјо, Савка, Свето, Доне…). Дури ни аферата ТАТ, каде што беа измамени 13.000 луѓе од газдарицата на штедилницата и “Министерот во тренерки“, не беше доволен да ја проблематизира власта на Бранко. Истата таа влада направи државен удар во правосудството, значи ПРАВОСУДЕН УДАР, кога за една ноќ постави над 600 свои судии и обвинители на собраниска седница каде не присуствуваше ВМРО ДПМНЕ. Љупчо Георгиевски со сета своја исусхристовска харизма и со целиот вмровски апарат на националисти, мажи и македончишта – не успеа да го помести од столчето криминалецот Бранко Црвенковски.
Сето тоа, не беше доволно мандатот на БЦ и СДСМ да трае пократко. Не, тие си истераа на раат 4 години.
Владата на СДСМ формирана во 2002-ра, исто така си го истера комплетниот мандат. Не попречи тоа што СДСМ кадарот во времето на војната, Министерот за одбрана Владо Бучковски, беше човекот што ги предаде безбедносните и воени структури на Република Македонија!!! Не беше доволно што заради него толку млад народ изгина!!! Таа влада на СДСМ со советниците во Претседателскиот кабинет Стево Пендаровски, Зоран Јолевски и Борјан Јовановски беа соучесници во убиството на Борис Трајковски во Мостар. Таа влада ја започна федерализацијата на Македонија преку територијанлната поделба и слоганот на Радмила Шекеринска „Некои прашања не заслужуваат одговор“. Никола Груевски, со целиот свој техно-менаџерски капацитет, не можеше да се спротистави ниту на Бранко, ниту на Хари Костов ни на и Владо Бучковски како шефови на владата на СДСМ. Си истераа мандат од 4 години без нервози.
Еве, и сега е така. За разлика од владите од 1994-та и 2002-ра, овдека е тешко да се набројат сите предавства на Заев и сите криминали на Зоран!!!. Предолго ќе трае. Имаме хиперинфлација од кражби, рекети и предавства… Но сепак, и ова ВМРО ДПМНЕ не успева да дојде до предвремени избори. Ниту една афера (Рекет, Порошенко, ТендеРашко…), ниту една баханалија на фамилијата Заеви (внуката, ќерката, братовчедите, санките, квадовите, поршињата…) и ниту едно предавство (историја, црква, јазик, Тиранска платформа, Бугарски договор, Преспански договор, учебници, Илинден, Гоце Делчев…) не е доволно голем буст за да може раководствот на ВМРО ДПМНЕ да тргне во рушење на Зоран Заев.
Згора на се, велгувањето во кабинетите на Бранко Црвенковски во 1994 и 2002-ра, како и на Заев пред две-и-пол години секогаш било без чиста демократска победа при трката пред гласачкото тело. Или бил пораз, како оној од 2016-та 51:49, или имало војна како во 2002-ра, или кражба како во 2004-та.
Спротивно, влегувањето во премиерскиот кабинет на Љупчо Георгиевски и Никола Груевски, значеше барање за предвремени од страна на СДСМ уште на непројдени први 100 дена!!! Целиот мандат на Љупчо беше проблематизиран, пред се со војната од 2001-ва. За Груевски, муабет да не правиме. “Ајде на избори“ се слушаше во Собранието уште на вториот месец од неговиот прв мандат. Љупчо Георгиевски од 4 годишен мандат, успеа да е “на власт“ само две-и-кусур години. Потоа имаше техничка влада со министри, НЕИЗБРАНИ ОД НАРОДОТ, членови на СДСМ. Кај Груевски работа беше уште по комична. Голема победа во 2006-та, дузина победи во низа на парламентарни, локални и претседателски, ама ниту еден комплетен мандат. Беше премиер од 2006-та до 2016-та, значи нецели 10 години. Ама се соочи со СДСМ и нивната воља за вонредни парламентарни избори уште 4 пати. Значи, со се изборите 2016-та, во 10 години, на избори одевме 5 пати (2006, 2008, 2011, 2014 и 2016)!!! Ибори, наместо на 4 години, кога е ВМРО ДПМНЕ на власт има на секои 2 години во просек.
Владите на СДСМ и ВМРО секогаш биле различни. Оние на СДСМ бахати, со расфрлање пари за личен комотитет и богатење, а оние на ВМРО ДПМНЕ со градење: Крстот на Водно, Плаошнник, автопатишта, аеродроми, Скопје 2014… СДСМ со апашлук, а ВМРО ДПМНЕ со грижа за земјоделците (субвенции), пензионерите (лекови и покачување на пензија), студентите (комјутер за секого), туризмот (субвенции)… ВМРО ДПМНЕ, особено Никола Груевски, а еве сега гледам и Христијан Мицкоски, толку многу внимаваат на имиџот дека не се трошаџии, дека се домакини, дека се посветени на фамилијата и црквата…, што сорос-сдсм новинарската булимента (портали, Телма, Канал 77, 24 Вести. Слободен Печат, Вест, Утрински…) успеаја да откријат само едни цвикери Мајбах на плажа во Израел. Кај Мицкоски дури ни тоа. Спротивно, Заев со братот, ќерката, внуката и братовчедите се јавнати на квадови, санки, мотори и скутери од по 50-тина илјади евра секој.
За жал, еве и ова раководство на ВМРО ДПМНЕ, не успева да изнуди предвремени избори. Дали сеуште не е доорганизирано, докомплетирано, дали сеуште им фалат гласови за 3 до 5 пратеника што би биле решавачки во формирањето на идната влада, не е предмет на анализа во овој текст. Што и да е, странци ли, се, ние ли сме – предвремените ќе бидат безмалку редовни. Барем според Антонио Милошоски и Наум Стоилковски. Ставот на Мицкоски ќе го чуеме за некој ден. Дури и предвремени во април, се пред веремето само 6 месеци. Оние во октомври се смешка жива.
Уште еден феномен е дека секој досегашна влада формирана од ВМРО ДПМНЕ на крајот завршувала со кабинет во кој се вметнати министри од СДСМ, Надвор од НАРОДНАТА ВОЉА.
Ова нешто е светски феномен во политиката. А феномени се и оние од СДСМ кои успеваат СЕКОГАШ вонредни во свој мандат да не дозволат, а во мандатот на ВМРО ДПМНЕ вонредните да станат традиција.
Миленко Неделковски
Скопје,
31.07.2019 – 07.44 ч.