Ви се намочам у ПАСАВАНот

Ви се намочам у ПАСАВАНот

Уште неколку размисли околу “ПАСАВАНОТ“ на Никола Груевски, и заплеткувањето во замаглените одговори на српскиот претседател Вучиќ (никому, гледам, не му смета што Мариќ е “на ти“ со Вучиќ) во врска со пасаванот.

Пасаванот на македонски се вика патен лист. Тоа е документ кој го издава матичната амбасада на свои сограѓани доколку го имаат озгубен пасошот, доколку им е оштетен, украден или истечен пасошот.

Една земја нема јурисдикција да издава патен лист – пасаван, на граѓани на друга држава.

Тоа го отвора прашањето дали Груевски имал од порано унгарски документи? Ако имал пасош, не му требал пасаван. Но можеби имал само лична карта и возачка од Унгарија!? Значи еуфоријата дека бегал со бугарски пасош е лажна бомба, за да се покрие скандалот кој би се открил дека МАКЕДОНКИОТ премиер има УНГАРСКИ лични документи.

Втра работа, ако патувал со македонска лична карта, како што тврди Вучиќ, во земји со кои имаме договор за меѓугранично патување со лична карта, ЗОШТО ПОБОГУ БИ МУ ТРЕБАЛ ПАСАВАН? Немаш меѓународна потерница, влагаш и излагаш со лична карта во Албанија, КиМ, Бих, Ц. Гора, Србија… Единствената граница која не можеш да ја минеш со лична карта е унгарската, ама затоа си во унгарско дипломатско возило со двајца унгарски дипломати кои те спроведуваат до Будимпешта. Дипломатско возило и дипломати значи дека комплетното министерство за надворешни на Унгарија, вклучително и министерот, стоеле зад таа операција. Некој обичен граѓанин на Македонија да оди до унгарска амбасада, ќе му дадат ли дипломатско возило, возач и двајца дипломати во придружба?! Зошто тогаш ПАСАВАН???

Така да, очекував повеќе ум во креирањето на лагите за да го оправдате ЛАЖНОТО тврдење дека заминал преку Албанија. Ама изгледа сте по големи абдали од што ве мислев.

Пасаван, а?

 

 

М.Н

 

21.11.18