А бе ова крај да ти немало. Изгледа на нашиве ептен способни партиски глаучи ептен им се има консензусно уарнето да си играат спас на Македонија така што ја убиваат секој ден по малку. Очигледно е дека и улогите на добри и лоши каубојци си ги поделиле братски, па кризираат и едните и другите по вземен договор со една цел: нас, народот да не работат како бавча продавајќи ни една те иста бескрајна приказна во која кучето си ја брка опашката. Очигледно на четворица партиски поглавари, чии баксуз потписи се наоѓаат на гангстерски договори кои ,,политички коректно,, ги именуваат како политички, иако напишани од евроамерикански мега криминалци и злосторници, им се има уарнето да владеат со земјава вон устав и закони и надвор од државните институции. Кој им го дал правото да си играат дрндупки со Мкаедонија и македонскиот народ? Никој. Според тоа сите чатворица се узурпатори. Како такви сносат дебела лична одговорност за тоа низ што минува Македонија сиве овие години. Голема одговорност паѓа и на нивните партиски членства кои безпоговорно дејствуваат како партиски војници а дури потоа како граѓани на оваа земја. Тие мислат дека нивните водачи водат прагматична политика, односно, дека нивните одлуки се прагматични. Е па не е така. Зад ваквата прагма се крие нивната страшливост, неодлучност, незнаење, неспособности секако личните интереси.За кој мој со цел памет ќе тргнеа овојпат во Виена? Што ќе им беше целта? Да му дадатна тежина на Заев. Да го направиме уште една Грција? Да го спсат по секоја цена оној ,,гз папир,, осмислен во Пржино? Па нели бе го спасија едно трипати досега така што тој е жив а државата е во кома од која не се буди. Или да го пуштат во сообраќај вториот дух, по рамковниот. Благодарение на тој ,,договор,, се распушти влада, се предаде одбраната на црпки. Се еутаназираше целокупниот судски ситем. Правдата им се предаде на три нафракани специјални дропји – македоска верзија на американското судство на дивиот запад кое се применува од Гвантанамо до Ирак и Либија. За по улицислободно дивеат соросови глутници на хиени, српски КАНВАС пци на граѓанските војни, грчки анархо-терористи креирани од ЦИА, албански нарко гангови, а во куќен ппритвор да седат нормалните луѓе. Америкнски и британски агенти заседнале во Скопје како во Казабланка пред втората светска војна, амбасадори дејствуваат како маринци во судовите, во ДИК во МНР, во медиумите и нивните регулаторни тела. Царува цензурата, укината е слободата, а партиите потписнички и натаму глумат лудило јавувајќи ни се повремено со глупави и нелогични соопштенија. Навистина ли си мислат дека народот од нив очекува празни зборови наместо дејства? Што ни е гајле
што Илија Димовски по илјадити пат во овие две години ќе ни каже дека Заев ја бутка Македонија во подлабока криза. Ние тоа го знаеме од првиот ден. Она што не буни не е црпнатиот водач на СДСМ. Кој пред толку време веќе требаше да биде и суден и осуден. Фала богу, сите знаеме што е квислинг, криминалец и бандит, а знаеме и кој е бутај – турај чадорот и неговата цел сврзана со Македонија. Не буни до кога ќе продолжи многуидејната ВМРО-ДПМНЕ со оваа безидејна и јалова ,,конструктивна политика,,? Дојде ли Груевски конечно до десетата рунда на бокс мечот во Киншаса? Или уште зуи околу противникот како мува чекајќи прилика да го боцне како оса? Не чуди и тоа зашто владеачкта вмро-дпмне и нејзиниот лидер се согласија на пржинскиот неуставен проект? Зошто го озаконија таквиот гангстерај, зошто упорно ја туркаат нивната политика на препуштање на државата на бескраен киамет и зошто со својата верзија на ,,кутузов тактика,, го оставија народот и државата на напади на монголо-татарските хорди. Да е Македонија долга девет времнски зони како Русија, ајде ќе речечовек, тактикава на цевчење и трпеливост, има логика особено ако имаме и соодветна хидрометеоролшка логистика. Да е со популација голема како кинеската, индиската и слични, ајде да речеме ќе ја вградиме и таквата ставка како одбранбена тактика. Ама господо, државава пеш може да се изоди за три дена, за два часа со автомобил а луѓе одвај да не има два милиони, па бре кризава пуштија да трае цели две години. Речиси пола светска војна е тоа, еј! А ете ги конструктивциве пак со отворен повик до Заев и Бејли да се јават на конкурсот за нов притисок. Илија Димовски вели и натаму ќе биле конструктивни.Баш ме утеши. Сега дури нема да заспијм од грижа. Што уште ќе исконструираат во напорот да му удоволат на Црпко! Јас мислам дека им дојде времето да покажат колку и дали воопшто знаат да ги одбранат интересите на нацијата и државата сега и веднаш. Не да танторат кој ја воведувал државата во подлабока криза оти тоа е општо познато, туку веднаш и безусловно да ја вратат во функција државата. Со сите нејзини прерогативи. Примена на Уставот, враќање на надлжностите на државните институции кои ги заменија парадржавните акрепи искреирани со пучистиичккиот акт во Пржино. Оти тој мора да се умртви за Македонија да преживее. Значи шут карта за Спасовски, Ременска и другите полутани кои без избори станаа функционери. Значи турбо работа за државното обвинителство. Значи разбуцување на дивите хорди. Потерници и апсење наводачите од странство и дома. Нивно предистражно и стражно превоспитување по методите на Пентагон и ЦИА кои се светски познати како најдемократски и учинковити а за што сведочи и промената на полот на војникот Бредли.Полицијата, а ако треба и армијата, да го воспостават поредокот и да ги ослободат градовите од терористичките гангови, да ја оезбедуваат границата на Македонија од сите четири страни, оти и однадвор е нападната. Немој некој да се вади на уставни пречки, оти гледаме што се прави во Брисел и Париз последниве месеци. Прогласена е вонредна состојба, воведен е полициски час кога е во опасност општата безбедност. Под итно да ја вратат слободата во медиумите. И под итно да се стават вон закон субверзивно-терористичките пропагандни гангови финансирани од американски државни и парадржавни криминално –шекулантски институции и институти. По оваа
нужна операција, ние публикта ќе им кажеме каде им е местото на ликови како Зоран Трајчевски и Иван Мирчевски кои мислат дека се должни балансирано да ги задовуваатинтересите на некакви си странски фактори а не демократските и оние запишани во Уставот на Р: Македоннија. Оти најгдно е ако ви удри цензура наврден народ.МНР со ноти да му соопшти на евроатланскиот амбасадорски чопор да се скурдепса додека службува во Македонија. Ако веќе Заев и во алтернатива УЧК, односно Ахмети, и понатаму сакаат да ни се курчат под оптегачени чадори, оти без чадор и обајцата се обични мочковци, ред е кризава дополнително да ја интернационализираме, па на конструкитивни политички преговори и договори да ги поканиме и останатите меѓународни фактори. Со западот не стигнавме далеку. Тонеме подлабоко, а ќар имаат само белосветски политички протуви и кариеристи. Ајде тогаш да ги разиграме сите четири страни на светот и нивните интереси низ македонска призма. Какоо вистинска раскрсница. Под итно мора да се укинае овој квази хашки трибунал со кој раководи американскиот амбасадор и неговите три ГМО кокошки. На господинот Бејли да му се врачи специјална мапа за движење низ Македонија. Оти очигледно знае да се збуни, па се рашетува како службеник низ македонските институции и како надреден општи со домашните административци. Не застрашува, тргува со политичари, судии, медиумски и програмски директори, врбува новинари, организира гангстерски протести, опструира судски процеси, планира украински сценарија. Партиските водства да си се подготваат ко попчиња за избори и да не кокетираат со одложувања или меѓусебни на ти го дај ми го марифетлаци. Оти очите заради сите нив ни станаа силни како телескопи. Гледаме веќе и во душа. Сме еволуирале со оваа последна криза во ,,икс,, мен популација. Сакам да кажам и јас како Стевчо Јакимовски ,,кој си ја роди кризава, сега нека си ја думка,,. Народот нема да му биде задојница на таков монструм. После изборите партиските главатари веднаш да ја прекинат улогата на асистенти и егзекутори на странските итереси. Има да се знае веќе кој е суверен и чија волја е најважна. Ако сакаат да бидт слуги, според уставот мора да му служат само на народот. Ем ќе служат, ем простум ќе му стојат. Оти многу му згрешија за овие 25 години. Нема повеќе главатарско политичко уредување. Македонија ќе си се врати како демократска унитарна држава со плурален политички живот и уреден извршен, законодавен и судски поредок. Јас мислам дека треба сите да се на јасно (а особено СДСМ и ДУИ) дека ни прекурчија со своите ,,прагматични политики,,. Нивнта функција не е да го задоволуваат нивниот ,,меѓународен стратешки партнер,,. Партиите постојат за де не претставуваат нас, граѓаните и нашите интереси. Тие се должни, кога ќе добијат мандатод избирачите, да дејствуваат во рамки на уставот и законите преку институциите. И како власт и како опозиција која ќе се бори за граѓанската доверба на избори. Сувереноста на државвата е темелен предуслов. Слбодата во државата е исто таков базичен предуслов. Како и одговорноста. По толку повторување дури и ретарди како Артан Груби, онаа умоболна мочла Ивана Божиноивска, ,,професорите,, Љубомир Фрчкоски и Владимир Милчин веројатно меморирале дека на серијски безбедносно – политички убијци местото им е во бајбок.
ВЕЛИНОВСКА
