ВЕЛИНОВСКА

ВЕЛИНОВСКА
  • Колумна
    ЗАЕВ ГО НИШАНЕШЕ ГРУЕВСКИ А СИ ПУКАШЕ ВО МАДИЊАТА
    Дозволете ми на почеток да го парафразирам Фидел Кастро, односно неговиот говор
    на гнералното собрание на ООН од 1960 година за ситуацијта во светот. Ги повика
    присутните за миг само да размислат каков би бил кооментарот на вонземјаните кога би
    ги анализирале постапките, дејствата, реакциите на луѓето во меѓусебното општење и
    дејствување а во светлото на тековната студена војна.
    Па и јас сега се обидувам од позиција на ,,падната од Марс,, да си ја објснам
    ,,политиката,, на СДСМ која активно ја подржуваат а богами и финансираат Брисел и
    Вашингтон. Оти како жител на планетава ни со најсилен напор не ми успева на разумен
    начин да ја сварам. Што е бе ова? Значи, дечкиве што се црпнати од нива, стокмени за
    да станат луѓе, наумиле да станат власт по буквално секоја цена: ,,уставно и неуставно,
    законски и незаконски, демократски и недемократски,, глсеше политичкото кредо на
    Слободан Милошевиќ во фазата кога и се курчеше на цела Југославија. А после? Е
    после го немаше веќе.
    Овој последниов скандал со фалсификувањето на лични карти, пасоши и други нешта
    би требало да се пушти во светски оптек за конкурсот за најглуп криминалец или
    најглупа гангстерска банда на векот, фатена на дело, односно на местото на злосторот,
    опкружена со безброј докази.Користа би била двојна. Светот да се изнасмее на овој
    пример на бескрајна глупоќа ама и да се запраша зошто божем политичарите на божем
    сериозни држави ја штитат, ја охрабруаат и помагаат баш оваа најглупава криминална
    банда која игра опасни игри?
    На Европската унија очигледно добро и оди. Не е во никаква криза, нема проблми со
    масовните миграциони процеси, нема политичка, економска и морална ерозија, па од
    што и е досадно и за да се најде во некоја работа, решила да ја дупи Македонија. Си ја
    прави и руши, ја гради и разгрдува не баре е купче песок, кога ќе и прдне. Нели бе ни
    го смисли пржинскиот рамковен за да сме ја надминеле длабоката политичка криза која
    ја создаде СДСМ од моментот кога не ги призна избоните резултати од последните
    парламеентарни и претседателки избори? И нели, моделчето захтеваше да се упика
    СДСМ на власт преку изборен модел (лабораториски конструкт) кој ќе го релативизира,
    односно премости непосредното гласање на живи и здрави избирчи. За да се добие
    такво нешто, типови како Ван Хуте дури измислија еден куп глупи финти кои би им
    донеле фингирана гласачка подршка на омилените им лузери.
    Е ама што би рекле мудрите и искусни Турци од времето кога биле империја ,,од гомно
    ќерпич не бидува,, па тоа ти е. И сеа шо приме? Ајде да се изразам со терористичко-
  • субверзиран речник: Ова со фабрикава за штанцање афери доаѓа нешто како бомба да
    ти експлодира во раце пред мигот кога треба да ја фрлиш на целта. Заев, кој носеше
    откочен пиштол наврен под коланот, си пукаше во мадињата. Ама пак, по којзнае кој
    пат, како колатералка од пријателски оган загинаа Албанците. Нормално, како
    терористи кои се ангажирани како чистачи на ќенефи, шверцери и убијци. Што е дело
    на нивните ,,политичари,, кои во име на сонот еднаш да станат господари на туѓото,
    секогаш се спремни да бацуваат нечие моќно дупе. Оние кои го отворија заштитниот
    чадор над овие банди сторија се да ги вооружаат со најсофистицирано оружје. Им
    пружија севозможна логистика. Истурија многу пари. Ги организираа ,,маринците,, во
    медиумите. Испратија искусни инструктори, ги завземаа стратешките позиции
    креирајќи верна реплика на команден центар ,,Еребино 2016,, го премостија уставот на
    РМ, ја измислија Катица Јанева и оп! Живи ги фатија како креираат ,,несоборливи
    факти,, со кои се оправдува воена интервенција, се соборува леглна власт, се ничкосува
    држава. Ги фатија со епрувета во рака како оној Колин Пауел.
    Кој го е тоа смислил браќа и сестри? По чија скрипта и од која научна установа од која
    тајна служба е излезена оваа експлозивна прокси војна? Македонска направија сигурно
    не е. Неуспешната бомбашка офанзива на Заев, активно подржана од пешадијата на
    ,,кампот на слободата,, и артилеријата на образовните пленумци, распеаните
    соросоиди и раскокодакани медиумски пропагандисти заврши класично според
    поговорката ,,волот рие, на шијата си фрла,, или алтернативно, ,,кој на друг му копа
    гроб, самиот во него паѓа,,.Очигледно плочата ќе им ја става македонскиот нрод на
    избори. Оти тие сардисани од модерните фашистички орди ја преживеаа оваа
    сталинградска опсада која траеше повеќе од една година.
    А што убаво и сто насто успешно изгледаше видео играва на сите симулации и пред да
    се пушти во масовна распродажба. Таман почна да се загрева пропагандата
    предизборна, таман мразот го скршија кој друг ако не ,,углдните,, Гардијан и
    Фајненшел тајмс кои добронамерно не известија дека Никола Груевски веќе ја шитнал
    Македонија, ете ти го уште поугледниот Дојче веле преку ,,професионалната,, Катерина
    Блажевска како добронамерно не информира оти загрижениот Ерван Фуере ја советува
    владата на ЕУ да не дозволи во Мкедонија да се организираат предвремени избори, оти
    тоа ќе било катастрофа. За Македонија. Единствена опција за нејзин спас сега било тие
    никако да не се одржат. Односно, да се одложат. Гледам и други адреси од сличен
    маштаб, синхроно почнуваат да работат за спас на Македонија и барат изборите
    уговорени како спас во Пржино никако да не се одржат. Наводно не сме биле
    спремни.Ние? Гласачите? Бог да чува! Па ние бе толку често одиме на избори заради
    СДСМ кому нели природно му припаѓа правото да владее и кризираме заради УЧК
    (ДУИ) кој дејствува како ,,сириска умерена опозиција,, учипена во системот како
    нагазна мина и вон системот како мафијашки ганг, што и во сон можеме да гласаме
    Оти знаеме и за кого. Сполај им на режисериве и фалсификаторите.
    Е па вака сега: За разлика од Груевски кому вели, трпението му било пред крај, моето,
    односно нашето, е веќе исцрпено и не од вчера и завчера што убаво се гледа од секоја
    анкета, кој и да ја прави. Игричкиве прави – растури, пиши- бриши, пуи пике не важи,
  • ајде пак од ново, завршија. Фактичката ситуација е следна: Фокус се согласи да ја
    креира и пушти во оптек аферата со фалсификувани лични карти. Љубиша Аесиќ доби
    европска новинаррска нагрда за ,,истражувачко новинрство,,. Благодарение на нивната
    храброст, Македонија дозна кој тоа штанцал фалсификувани пасоши, лични карти,
    швајцарски сметки и други производи, кој увезувал контингенти Албанци за избори, кој
    учествувал во плнирање на терористички напади, кој работел активно на подривање на
    темелите на оваа држава и нејзина дестабилизација. Почнува разврската, ама не онаа
    што се планираше. Паѓаат ли уговорените избори, паѓа цел пржински комплот!
    Состојбата сега мора да се врати во времето пред договорот. Груевски нема да се
    повлече на 15 јануари. Паралелните министри на СДСМ веднаш вонка од владата.
    Парламентот, молам убаво, веднаш да си ги повлече одлуките од пржинскиот пакт.
    Пратениците од СДСМ одма да си излелзат од Парламентот. Ете, ако сакаат нека го
    кренат пак ,,кампот на слободата 2,, во зимски услови. Професорскиот, студентскиот и
    средношколскиот пленум повторно нека организираат протести со слоганот ,,слобода
    за неписменоста и дунстерајот ,, и универзалната порака на Бора Чорба ,,како је лепо
    бити глуп,, која ја следеше и Пинк флојд со вонвременската нумера ,,ѕид,,.Фала богу
    бомби со прислушкувни разговори кои им ги испорача базата на Велика Британија
    сместена на грчкиот дел на Кипар и американската НСА распространета насекаде,
    Црпко Заев има. Нели беа пола милион. Катето ги неќе. Оти била дел од проектот за
    пропагандно бомбардирање на амтимакедонската коалиција. Ете, нека продолжи да си
    ги активира со помош на корисниците на усаид донациите. Овие од Кале и оние од
    Бонд Стил нека го активираат сега другиот детонатор ДУИ за да видат дали ќе се
    предадеме.
    Важно, ,,Пржино,, рокна. Вака или онака. Џабе фрлени пари. Да инвестираш во глупост
    било глупо ко ноќ. Да се плашиш од кретени и идиоти, да им попушташ, да се
    повлекуваш е исто како самиот да си безнадежно глуп. Сега за жал, нам, на Македонија
    и останува да ги чисти купиштата ѓубре што мороните ги оставија зад себе.
    Македонија е испоганета а сега мора да чисти зад себе туѓ измет,оти корне до небо. Ако
    реши да не ја следи најновата закана од бриселските евро-атлански кругови и одлучи да
    оди на предвремени избори, СДСМ и најверојатно и ДУИ ќе ги бојкотираат по команда.
    Изборните резултати од страна на алтернативниот бројач на гласови, фалсификаторот
    ОБСЕ, ќе ги прогласи за нелегитимни. Ако пак не одиме на избори, Груевски треба да
    си го реставрира редовниот мандат збогатен со времето кое му беше одземено,
    благодарение на пржинските решенија на Аиво и Џес плус ,,експертот,, по општа
    пракса Ван Хут. Знам дека Грујо и Хорхе се големи атерџии и непоправливи бубалици
    кои ги обожуваат своите учители во Брисел и затоа нема да го постават прашањето на
    екстерна одговорност ниту ќе го овластат талентираниот Никола Поповски од
    претставниците на ,,сериозните држави,, чија политика ја следиме до последна запирка,
    сеедно колку е глупа, да побара репарации за причинетата штета на Македонија. Па
    сепак, очекувам оваа епизода од нашиот национален од по маки да се најде во
    дополнетото издание на македонската енциклопедија во редакција на МАНУ, да се
    најде како специјална одредница која ни Ермира Мехмети, ни разочараниот медиумски
  • терорист и стртег Бранко Геровски ни соросовите пропагандни пци нема да можат да ја
    запалат.
    Мирка Велиновска