Бугарчета татарчета

Бугарчета татарчета

БУГАРИ -име ,јазик и потекло.

Етимологијата на етнонимот Бугар не е потполно сфатена и тешко е да се следи порано од IV век од н.е. Општо се верува дека произлегува од турскиот глагол булга(латин.bulgha со значење:”промешани”, “мешани”) што веројатно сугерира дека другите турски народи ги сметале Бугарите за “мешани”

За предците на Бугарите, “Протобугарите”, нема сигурни записи. Она што го знаеме е од резултатите со компаративна студија на византијски, арапски, персиски, индиски и руски извори или од археолошки ископувања според кои што може да се заклучи дека Протобугарите биле монголоидни луѓе(Види слика, доказ од бугарски археолошки извори).Многу е голема веројатноста, дека потеклото на Бугарите била од подножјето на Хангајските планини во Монголија, каде што и ден денес постојат регионите Бугар и Бајан.

Во доминантната теорија станува збор за мешавина на турските номади со потекло од Централна Азија,тие говореле древен турски јазик , предок на денешниот чувашки јазик 1, и постепено помеѓу 2-4 век од н.е. се населиле во степите северно од Азовското Море. Нивното турско потекло го потврдува и нивното име ( “bulga”, што значи “меша”),религијата им била шаманска, нивниот календар ( дванаесет години), е сличен на турскиот и монголскиот.

Бугарскиот јазик бил дел од турската гранка на јазици, како Огуз и Кипчак, како и западниот дел на Огур (Бугар, Чуваш и Хазар).

“Постојат докази од раните арапски географи, дека Хазарите 2 и Бугарите зборувале ист јазик”.(hunni-geo;Dictionary of Greek and Roman Geography (1854) William Smith, LLD, Ed.)

 

Љубен Стојаноски