БРИФИНГ 4: СЛЕДУВА ОТВОРЕН ЛОВ
Бунтовите во Америка, кои некои веќе ги нарекуваат „Втора граѓанска војна“, се всушност втората фаза од отворената војна на Длабоката држава против човештвото, со епицентар во САД. Првата е пландемијата. Или, со други зборови, откако пропадна обидот за глобална коронаконтрола, особено во САД, активиран е планот Б за предизвикување расни судири, кои можат да бидат разорни за големата држава. Грозното убиство на Афроамериканецот е исползувано како иницијална каписла за „востанието“, исто како и самиот полицаец.
Проф. Игор Панарин од Москва, автор на делото „Хибридна војна, теорија и пракса“, денес пренесе информација дека во Филаделфија практично е спречено „киевско сценарио“, со голем број жртви. Ранети се 13 полицијаци, но од друга страна, соработниците на личното разузнавање на претседателот Трамп ги спречиле извршителите. (Во нередите во Киев, во 2014, со снајпери беа убиени над 80 демонстранти, по што уследи хаосот. Се знаат и снајперистите-платеници). Филаделфија има големо симболично значење за САД, како прва престолнина, го сметаат и за масонски центар (Ordo Ab Chao). Сега е под полициски час, како и други големи градови.
Денеска изгледа дека ситуацијата полека се става под контрола, иако се вртат најразлични контроверзни иформации. По стратегиското подривање на главниот лост на „пандемијата“ СЗО, со дефинитивно прекинување на нејзиното финансирање, но и со сите претходни мерки, американската власт ги тави злострониците против човештвото пред свршен чин: нема веќе враќање назад, ситуацијата е „или-или“.
Оттука, бунтот кој деновиве е случува во Америка и не беше неочекуван, ниту првпат провоциран на ист начин. Тој е насочуван и контролиран главно од ултралевичарски групи, од кои главна е т.н. Антифа, за чии активисти се тврди дека се платени од Сорош, како и многу други разноцветни квазиреволуционери од обоени револуции. Како резултатат на сето ова, американскиот претседател денес на Твитер напиша кратко: ‘САД ќе ја прогласат Антифа за терористичка организација’. Бум! Што би значело дека следува отворен лов, особено на финансиерите на хаосот и нивните соработници не само во Америка, туку и ширум светот. Кхм..
Kрум Велков