Доколку најсилното нешто што после нелегалмите претседателски избори во Република Македонија со кое власта сака да го удри ВМРО ДПМНЕ се вчерашните притвори и завчерашното обвинени, тогаш значи дека Заев нема муниција за против Мицкоски.
Доколку пак, вчерашната бомба за Рашковски е најслабата од најавените 8 што следуваат (исправна тактика е да се започне со најслабата бомба, за атомската да е на крајот), тогаш значи дека Заев ќе се соочи со огромен проблем што ќе го натера на предвремени избори, Пржиснка влада и пораз.
Најавените бомби што доаѓаат се сконцентрирани на братот на Зоран Заев, “едно-евро“ Вице. Оригиналноста, валидноста и потребата тие криминали на Заев да видат бела виделина се верификувани и од амбасадите кои беа вмешани во рушењето на Груевски. Сега тие истите, пред се изнервираните италијанци, сакаат да му фрлат лопата на политичкиот гроб на Зоран Заев.
Тактиката што во последниот свој коментар на Фејсбук ја најави Мицкоски дека претпочита да е Абебе Бекила (Етипија), Павао Нурми (Финска) или Емил Затопек (Чехословачка) а не да е Валериј Борзов (СССР), Карл Луис (САД или Хусеин Болд (Јамајка) кажува дека на олтарот на победат против владеечкиов фашизам своите жртви ќе морат да ги дадат и Миле Јанакиевски и Спире Ристевски, и Димитар Димовски, и Дејан Митевски и сите други што се прогонувани од оваа власт. На опашката некаде сум и јас, исто така прогонуван ЗА ИЗРЕЧЕН ЗБОР,за став, за мисла.
Прогонителите се со крв во очите, каква што вчера во судот била обвинителката Ивана Трајчева која е сестра на високиот функционер на СДСМ Ѓорги Трајчев, своевремено председател на Младите на СДСМ, а беше и директор на Агенцијата за млади и спорт од каде што стана познат по аферата “Магнус“.
Она што ме радува, воедно и ме плаши.
Имено, стаорците од институциите и медиумите се поизразито го напуштаат бродот на Заев, обидувајки се набрзинка да ја променат страната. Тоа кажува дека и ним, на тие побегуши, пребегуши, првертачи и гниди им е јасно дека Заев паѓа, а со самото тоа ќе бидат активирани криминални прогони кон сите оние што помагаа и го подржуваа собранискиот пуч неуставниот и нелегален парламент, спикер, влада, премиер… Прогони и пресуди за сите оние што наместо лекови за деца набавија вазелин за топлите браќа. За сите што лапаа пари за “иновации“ по стереотипот “роднина сум на Цветанка Ласкова“, за сите тендери, енормно задолжување, потпишување на штетни меѓународни договори…
Таква разврска, таква ПРАВДА ЗА СИТЕ ме радува.
Ме плаши дека многумина ќе ја избегнат правдата шлепајки се со тактиката “лижиг‘з“.
Заев е дојден до крајот, како леминг пред провалија.
Наше е да го турнеме, а потоа на новите да им висиме на врат барајки да нема прошка и да нема заборавање за сите овие злодела што се направени од фашистиве.
Миленко Неделковски
Македонија, 29.06.19