Бобан НОНКОВИЌ

Бобан НОНКОВИЌ

ИТАЛИЈА ПАК ГО ОТВОРИ ЧАДОРОТ ЗА ЗАЕВ

Целиот државен апарат на Италија, една од земјите-оснивачи на Европската унија, повторно е ставен во целосна функција за помагање на квинслишкиот премиер на Македонија, Зоран Заев! Откако пред два месеци италијанските социјалдемократи се вратија на власт на „чизмата“ (преку играта за исфрлање на Салвини од владејачката коалиција со „Движењето пет ѕвезди“ и формирањето на непринципиелна коалиција на ова движење на Бепе Грило со социјалдемократите), тајната служба, власта и пред се парите од народната каса на Италијанците му е целосно ставена на располагање на инсталираниот премиер на македонската држава, кој има за задача да го заврши сценариото за целосно распарчување и исчезнување на Македонија, што е потпишано во Букурешт во 1913 година, потврдено со одлука на ЕУ во Лисабон во 1992 г., а започнато со спроведување од 2014 година.

Мојот ФБ профил е доволен потсетник да се знае дека јас бев првиот и долго време единствен што пишував и тврдев дека уште од почетокот на сценариото на квинслингот Заев со т.н. „бомби“ за насилно менување на демократски избраната власт на ВМРО-ДПМНЕ, дека идеен творец на оваа игранка е американската длабока држава и ЦИА, преку нивните играчи Филип Рикер, Метју Палмер и Џес Бејли, а дршката на тој чадор врз главата на Заев и неговата одродена дружина од СДС ја држи италијанската Влада, тогаш на чело со социјалдемократот Матео Ренци.
Всушност, во тоа време, синхронизирано, Рикер имаше официјална функција конзул на САД во Милано (Италија), што му беше покривка за неговите шпионски дејствија рака под рака со Италијанците на Ренци во операцијата „менување на власта во Македонија и инсталирање на Заев на местото на Груевски“. Во Скопје, клучниот теренски играч беше тогашниот италијански амбасадор Белели, кој делуваше заедно со Бејли и американскиот разузнавач Дејвид Стивенсон.

Единствен што од поранешната македонска власт во меѓувреме дојде блиску до ова мое тврдење, но без храброст да го изговори името на „чадорот“ беше екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која во едно интервју посочи дека поддршката за Заев била „од една европска драва, на чие чело е премиер чие презиме започнува на буквата ’Р’“.
Но, македонските служби и тоа како ја имаат потврдата на овие мои тврдења, посебно што има фото и видео записи, направени во периодот на „бомбите“ и политичката криза во Македонија (од 2014 г. до 2016 г.) од подрумските средби на тогашниот италијански амабсадор во Скопје, Белели со Заев и неговите од врвот на СДС, заедно со колаж од ликови од македонското подземје, најчесто одржувани во куќа во скопската населба Ѓорче Петров. Не би ме чудело сите овие докази, освен што ги зеде Никола Груевски со себе во Будимпешта, дека се веќе изгорени и/или исчезнати од архивата на МВР, т.е. од расформираната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Е, сега, свесни дека Зоран Заев, со сите превземени потези како предводник на инсталираната власт во Македонија (спроведување на Тиранска платформа, на Преспански и на Бугарски договор), но и поради неговата документирано директна вмешаност во коруптивниот скандал од случајот „Рекет“ е пред сигурно губење на премиерското столче, италијанските социјалдемократи, заедно со оперативците на американската „длабока држава“ Рикер и Палмер, се вклучуваат во нова операција за спасување на власта на Заев.

Имено, по дебаклот со недобивање на датумот за преговори на Македонија со ЕУ на последниот Самит на Европскиот совет, каде Франција со обезбедени докази од нивниот амбасадор во Скопје, Тимоние, спречи една криминална власт од земја-кандидат да почне процес на влез во големото европско друштво, Заев доби насоки да организира предвремени избори во април идната година, а италијанската власт и дипстејтерите од САД да му обезбедат целосна меѓународна поддршка, што ќе му овозможи со тешка кражба и фалсификат на тие парламентарни избори на 12-ти април, Заев да ја задржи власта.

За таа цел, најпрво социјалдемократскиот премиер на Италија, Џузепе Конте, организира прием за воспевање на „големиот реформатор“ од територијата „Северна“, а денес, инсталираниот претседател на Европскиот парламент, италијанскиот социјалдемократ Давид Сасоли, најави посета на Скопје во понеделник и вторник, на која според неговите зборови „ќе даде поддршка на реформските напори на Владата на Заев“. (Фоткиве што следа се како поткрепа на тврдењево – н.з.).

Во меѓувреме, хрватскиот „Вечерњи лист“, кој е во сопственост на тајни американски корпорации во служба на „длабоката држава“, прави -големо интервју- со Заев, најавено и на насловната страница, во кое квинслишкиот премиер на Македонија ги најавува точките што ќе му бидат столбови во предизборната кампања, која всушност на големо е започната во македонската држава, иако изборите ќе се одржат дури на 12-ти април 2020 година. Од приложеното на фотографиите што следат, може да се види дека кампањата на СДС ќе биде насочена кон странските поддржувачи, не кон македонските гласачи, како и дека истата ќе биде исполнета со лаги и извртени тези, со кои странците треба да добијат уверување (а, потоа да дадат масовна поддршка на Заев, како што беше за референдумот за преименување на Македонија) дека актуелната македонска власт е единствениот спас за земјата.

 

Ако се види во одговорите на Заев, тој ќе тера со приказната дека „политичката состојба во државата е стабилна, благодарение на СДС“, дека „неговата Влада обезбедила влез во НАТО“ (се прави огромен притисок тоа и официјално да се случи до февруари идната година), како и дека „економијата бележи раст по сите основи… отворени се 54 илјади работни места (н.з. МОЛАМ!?)…. остварени се рекордни странски вложувања од 624 милиони евра (н.з. каде? во фирмите на Заеви!)… обезбеден е концептот ’општество за сите’ итн, итн, итн“.

Се разбира, она што треба да го загрижи кооперативното раководство на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ (како единствена политичка сила што може да го смени Заев и да дојде на власт во Македонија, во моментов) се пораките што започнаа, а ќе се мултиплицираат од Заев и одроденото друштво низ светот, а што може да се види на последната фотографија  (од интервјуто на Заев за „Вечерњи лист“). Тоа е апелот и предупредувањата од Заевроните дека „актуелното раководство на ВМРО е идентично како и претходното“ и дека ќе имало „несогледливи последици од враќањето на радикализмот и национализмот во земјата“ во случај на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Сето ова треба да му обезбеди на Заев и неговото криминално друштво да добијат нов карт-бланш од Европската унија за да спроведат насилно и фалсификувано џандар збира на предвремените парламентарни избори догодина (како што беше во случајот со локалните избори во 2017 г. и претседателските оваа година), во што Пржинска влада и вмровски министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика нема да можат да го спречат, освен да документираат и потоа тивко да се жалат кај странците (како во случајот со грабежот на горенаведените избори за локална власт и за претседател).

Изборната кампања на Заев и СДС е започната и е фокусирана само на едно – добивање на зелено светло за употреба на балкански методи со цел добивање на нов, четиригодишен период на власт, што според проценките на инспираторите и режисерите на „македонското сценарио“ што трае од 2014 година, треба да донесе остварување на целите на Букурешкиот договор од пред 106 години, односно на Лисабонската декларација од пред 17 години, а тоа е – исчезнување на Македонија од европската и светска мапа на држави!

 

Бобан Нонковиќ

Дописник на Македонскиот народ од Брисел

Патриот и борец

Брисел, 30.10.19   14.00 ч.