Boban Nonkovik is feeling glad.
Република Македонија, сега како територија на експериментален “проект Северна” очекува датум за почеток на преговори за членство во Европската унија, на кое ќе му претходи комплетирање на т.н. скрининг-процес на македонското законодавство во однос на она на Унијата.
Процесот на пристапување кон ЕУ бара секоја нова земја-членка да ги усвои бројните закони и прописи на Унијата содржани во нејзиното законодавство (acquis communautaire). Со критериумите за членство (Копенхагенски критериуми од 1993 и Мадридски критериум од 1995) што треба да ги исполнат земјите-кандидати, Европската Унија поттикнува промена и прилагодување на законодавството, политиките и институциите во земјата-кандидат, со цел да се достигнат и да се заштитат вредностите и нормите кои ги има поставено ЕУ.
Критериумите за прием на нови земји во ЕУ, што ги има утврдено Европскиот совет на самитот во Копенхаген во јуни 1993 година, се однесуваат на политичките и економските услови што ги налага Договорот за функционирање на ЕУ, значи и обврска за транспонирање на европското во националното право на земјата за да може таа да ги преземе обврските што произлегуваат од членството. Овие критериуми што земјата со кандидатски статус треба да ги исполни за време на пристапните преговори за прием во ЕУ, се познати уште и како „Копенхагенски критериуми“, поради самитот каде што за првпат се утврдени. Напредокот на земјата-кандидат во исполнувањето на критериумите за прием го следи Европската комисија, за што доставува годишен извештај до Советот.
За да стане членка на ЕУ, земјата-кандидат мора да исполни три критериуми:
1. Политички – стабилност на институциите кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата.
2. Економски – постоење на функционална пазарна економија, како и капацитет за справување со притисокот на конкуренцијата и силата на пазарот што владее во Европската Унија;
3. Институционални – земјите-кандидати мора да го усвојат, применуваат и да го спроведуваат целокупниот пакет на политики и мерки од законодавството на ЕУ (acquis communautaire), односно способност за преземање на обврските од членството, вклучувајќи придржување кон целите на политичката, економска и монетарна унија. Ова бара и доволен административен капацитет на земјата-кандидат за транспонирање на европското во националното законодавство, за негова примена, и за ефикасно спроведување преку соодветни административни и судски структури.
Конечната одлука за отворање на преговорите ја донесува Советот на Унијата со едногласност на сите земји-членки, при што процесот на преговори се состои од неколку фази од кои скринингот е прва, а отворањето на поглавјата и нивното завршување следува дополнително.
Скринингот како прва фаза од процесот на преговори, во кој Европската комисија го презентира целокупното ЕУ-законодавство што земјата треба да го транспонира во националното законодавство за секое поглавје одделно. Истовремено, земјата-кандидат ги презентира постигнувањата во делот на усогласувањето со законодавството во секое поединечно поглавје од европското законодавство;
Дури потоа следи отворање на поглавјата за преговори, по донесена одлука од страна на Советот на ЕУ, при што се повикува земјата-кандидат за членство да ги претстави преговарачките позиции за секое поглавје одделно. Во текот на преговорите, земјата се обврзува на временски рокови во кои целосно ќе се изврши преостанатото усогласување со европското законодавство. Исто така, постои и лимитирана можност за користење на т.н. транзициски периоди – за определени области може да се побара целосното прилагодување и усогласување да заврши во определен период по зачленувањето во Европската унија.
Отворањето и затворањето на преговорите во одредени поглавја може да бидат условени со поставување на т.н. одредници (benchmarks) кои треба да бидат исполнети.
Зошто е потенцирано сето ова погоре од моја страна? Поради тоа што одлуката на Врховниот суд на Шведска претставува одлука на земја-членка на Унијата, односно спроведување на дело на европското законодавство, па, ако не сака да помине ниту во скрининг-процесот, камоли во можните преговори за членство во ЕУ, Македонија/”проектот Северна” ќе мора под итно да ја урне (дали со политичка одлука или со одлука на Врховниот суд, сѐедно) пресудата за “тероризам” за собраниските настани од 27 април 2017 г. и да ги ослободи затворените бранители, бидејќи Шведска (читај ЕУ) веќе пресуди дека е тоа политичко, а не криминално или не дај Боже терористичко дело.
Ако не се случи ова во најбрз рок, тоа ќе значи дека фашистичката окупаторска власт во Македонија не сака да ја внесе земјата во Европската унија!
https://vecer.mk/node/32380?fbclid=IwAR0y1cRSQKhxyziA0iONoT0qrPkvXurVb7GGrHVNtXutVaPOOKmJONT799A