Бобан НОНКОВИЌ – се‘ зависи само од ВМРО ДПМНЕ

Бобан НОНКОВИЌ - се‘ зависи само од ВМРО ДПМНЕ

“Кој било договор што ќе го случиме, ако не е придружен од уставни промени или ако сакате да ги кажете, прилагодувања, ќе може подоцна кој било нов премиер, од друга политичка област, да го смени. Ќе се најде во тешка позиција сегашната влада на оваа земја, ако не се смени Уставот, а склучи меѓународни договори и следната влада ќе им каже дека дејствувале противуставно – објасни Коѕијас и додаде дека владата на Заев во овој момент нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а прво што треба да направи е да го отвори процесот за измени.”

Ова е ставот на грчкиот министер за по надвор со која ни ги разјасни сите дилеми во однос на тоа што (ќе) се случува со Македонија и пред сѐ со Македонизмот.

Толкувајќи ја изјавата на Коѕијас, лесно може да се заклучи следното:

1. Грција сака да смени сѐ што е македонско и што го носи овој предзнак во Република Македонија;

2. Заев и дипстејт-бандата што ни е инсталирана на чело на македонската Влада се подготвени да сменат сѐ по грчки список, односно барање;

3. За (не)среќа, за сето ова да се случи, сѐ зависи од ВМРО-ДПМНЕ!
Односно:

– Дали преку своите пратеници во Собранието ќе даде глас за уништување на Македонизмот, преку обезбедување на двотретинско мнозинство за менување на Уставот при менување на државното и вековно име (и сѐ друго што ќе испорачаат Грците во пакетот) ;

– Дали ќе учествува во референдумската измама (ако се оди на референдум), со тоа што наместо да повика и да работи на бојкот, партијата на Груевски (на чие чело е сега Мицкоски) ќе работи на билдање на цензус од излезност 50% плус еден (тоа е околу 900 илјади граѓани да гласаат), макар и повикале да се гласа против предложеното решение!

#ЕдноставноЕ
#СегаСѐОдВМРОзависи
#ДалиЌеНѐПредадат #ИлиНе
#БлагодаримеКоѕијас