136 години и требаше на Европа за да созреат условите за нов Берински конгрес. Но, овој пат, покрај Балканот и Југоисточна Европа, пазарот за создавање на нови држави ќе се однесува на замјите во Европа од крајниот Југозапад кај Гибралтар до крајниот Североисток во Лапонија.
Прикриените сепаратистички и националистички движења, после отцепувањето на Косово и Крим (КК синдром) излегоа на виделина. Вештачките граници создадени од двете светски војни, историските наследства, монархистичките аспирации во Европа имаат направено каша-попара. Нема држава во која нема обид за отцепување или барем автономија на одреден регион.
Во центарот на Романија е Секеља. Секелјите се етнички унгарци. Сакаат припојување кон “Маџарска“.
Шлезија е на југозападот на Полска и на североистокот на Чешка. Шлезите се сметаат поинакви од полјаците и бараат автономија во рамките на обединета Европа.
Моравија е на истокот на Чешка.И моравците бараат автономија.
Баварците се граничат со швабите и австријците. Тоа се автентични германци, ама се сметаат за посебни. Минхен е во центарот. Долго време Баварија беше засебна држава, се додека не се припои кон Рајхот.
Фрижаните се посебна етничко-јазична група лоцирана на север во Германија и делови на источна Холандија.
Нешто слично е и со Лужичките срби.
Од Италија сакаат да се одвојат Венето (Млетачка република), Сицилија, Сардинија и Јужен Тирол.
Белгија всушност била дел на кралството Холандија. Тоа е тампон зона создадена после војните на Наполеон, како тампон зона пмеѓу Франција и германските државички. Белгија е стара неполни 200 години. Фламанија и Валонија никогаш не заживеаа заеднички.
Фарските острови и Гренланд сакаат отцепување од Данска.
Сканеланд сака отцепување од Шведска.
Аландските острови сакаат отцепување од Финска. Сметаат дека како швеѓани и припаѓаат на Шведска.
Лапонците се угро-фински народ. Ги населуваат северните делови на Норвешка, Шведска, Финска и мал дел во Русија. Доколку се одвојат оваа огромна држава би се викала Сапми.
Литванија има проблем со Самогитија.
Летонија има проблем со Латгал.
Да не била династијата на Бурбоните, Франција не би постоела. Отцепување или автономија бараат Корзика, Нормандија, Бретања, Савоја, Ница, Алзас и најголемата Окситанија.
Шпанија покрај познатиот отпор и желба за отцепување на Баскија има проблеми и со аспирациите за посебност на поранешните кралства на Кастиља, Арагон, Валенсија и Мајорка (сите биле засебни кралства), како и со поранешните кнежества Каталонија и Прованса. Ако на ова се додадат Андалузија и Галиција, проблемот станува уште поголем.
Проблеми со желбата за отцепување на островите ги има и Шпанија (Канарски и Балеарски острови), како и Португалија со Азорите.
Секако, и Обединетото Кралство е на прагот на раз-обединување. Проблемот со Северна Ирска е перманентно присутен цел век. Сега Шкотска со Џемс Бонд, односно Шон Конери, бара заминување. Велс има своја територија, јазик, култура… Единствено нема своја држава. Сега почнува да ја бара. Послаби сепаратистички движења има и во Корнвол, Мидленд, Јоркшир, Девон, Весек и на островите Вајт и Ман.
Европа “ишју“ е на дневен ред. Големите сили и мокните компании со ножици во рака, сецкаат територии, мапи, човечки судбини…
Previous Post: Белгија
Next Post: НОВ ПРЕБАРУВАЧ