БЕЗИМЕНИ ДИПЛОМАТИ!!!

БЕЗИМЕНИ ДИПЛОМАТИ!!!

Во Скопје наводно да ти постоел Дипломатски клуб. Демек наш, од нашите дипломати. Тие денеска преку Виктор Габер дадоа изјава во која ги напаѓаат Јанко Илковски и Миленко Неделковски.
И, за да се има информација кои се тие Дипломатски клуб, се оди на нивната веб страна. И, на веб страната кажува дека нема членови. Барем нема имиња? Во тајност се кријат, или ги нема?
Викторе Гебере, дете на мајка, кои се членовите на твојот клуб? Сите ли стојат зад оваа твоја изјава? Кому си ти претседател? Овдека ништо не пишува: http://www.diplomatskiklub.org.mk/mk/%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%BA/%D1%87%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BB%D1%83%D0%B1
Натаму Габере Виктор, во рубриката “За нас“ не пишува ништо за ВАС, оти таа рубрика не отвора?! Па така не се знае од кога постои, од кога и од кого е формиран овој клуб, како е финансиран???
Во рубриката “Најнови вести“ ептен ви е најнова веста од 10-ти октомври 2013-та. Навистина, потоа имате и прослава на Василица во Џино, што го сметам за исклучително дипломатско достигнување “А Ла Болоњезе“.
Во кариерата на Габер особено е истакнато местото на “потсекретар во МНР на Македонија (1993–1996)“, што кореспондира со периодото на менување на знамето, уставот, прифаќање референца и редица други гадости направени од тогашната државна номенклатура, секако со Министерството за Надворешни. Досге јавноста во Македонија го нема слушнато ставот на Габер во врска со ИМЕТО. Но, ете го имаме ставот во врска со Миленко. Башкам и со Јанко. Морам да признаам јак дипломатски клуб.
За “повеќе“ информации околу анонимите членови и активности на Дипломатскиот клуб, одете на оваа адреса: потсекретар во МНР на Македонија (1993–1996)