А не е дека немаше време!!!

А не е дека немаше време!!!

А не е, велам, дека немаше време или дека немаше можности?!

Една дузина години на чело на државата, илијадници поводи и милиони докази за криминали и предавства. А се’ се сведе на Велија и Коко (на С. Мијалков приателчето).

Останаа без прогон:

– Зоран Заев кој кај тебе во кабинет направи тешко кривично дело.

– Зоран Верушевски кој во кабинетот карши Сашо Мијалков направи тешко кривично дело.

– Емил Стојменов чии кривични беа ставени ад акта во најдолната фиока на Мијалков.

– Борис Стојменов за Скопјанка.

– Чедо Саздовски за насилство.

– Зоре Темелковски за шекерот.

– Владе Милчин, Сашо Орданоски, Бранко Героски, Борјан Јовановски, Ацо Кабранов, Саки Кировски, Џабир Дерала за велепредавство и подривање на Уставниот поредок.

– Андреа Јосифовски за манипулирање на акционерите.

– Хари Костов за Диме Поштарот.

– Владо Бучковски за тенковите и за Струга.

– Радмила Шекеринска и Бобо Дајнерс за-што-ли-уште-не.

– Мите Лимунада за арсен во Кожувчанка.

– Амди Бајрам за ГТЦ.

– Синиша од кај Иванов за велепредавство.

– Али Ахмети, Таљат Џафери и цело ДУИ за злосторства против човештвото.

– Артан Груби за Кале.

– Теута Арифи за Тетово.

И десетици други за чив криминал и антидржавно однесување е сведок целата јавност.

Ама, кога требаше да апсиш ти не апсеше. Ами со Хари Костов, Минчо Јорданов и слични правеше бизнис зделки братучед ти, а со шиптарите правеше политички непринципиелни зделки ти.

Ти не апсеше, затоа тебе сега те апсат. Жално е за твојата фамилија, тебе, цела Македонија и сите нас во неа да доживееме најуспешниот премиер во  независна Р. Македонија вака да биде блатен и бламиран на јавна сцена. А крајно да биде и затворен со пресуда за нешто што не е криминал.

Сега ќе лежиш без криминал. Нема да си единствен. 12 години не успеа да го реформираш судството и да ги набркаш кадрите на Ленче Софрониевска.

Ќе лежиш и во “година пролази а дан нече” расположение ќе можеш да размислиш каде ти се грешките за избор на лоши потези, очајни соработници и катастрофален PR.

Но, ние сите другите ќе имаме потешка судбина од твојата! Заради тоа што ти на тацна и без отпор (доброволно) му ја предаде државата на Заев, ние не по наша вина ќе мораме на документите да сме “северни”.

 

М. Неделковски

 

05.51 ч.

10. ноември 2018