А да размислиме малкуцка?

А да размислиме малкуцка?

“Рекет”, а после него и “Тросед”, отворија многу прашања.
Прашања на сите три страни! “Триии?!”, ќе праша некој?!
Да, три. Позиција, опозиција и новинари.
Односно кој се’ предварително знаел за рекет, а молчел. И од власт и од опозиција. И, ако знаeл и молчел, зошто тоа го правел?!

Јасно е дека молчеле и криеле Заев, Кирацовски, Ременски, Шкеринска, Богоев оти лапале, па затоа ќе си лежат.

А, другите?! Ако знселе, зошто молчеле? И како вака се поклопени сите датуми?!

На пример информацијата на Милошоски за нерезидентниот амбасадор и комуникацијата со Димитров, од кога му е? Од сега ли?

Човек ако со студена глава и аналитичен ум (значи не навијач и не желботека) проба да анализира датуми и постапки, многу работи се чудни.

На пример, или никој не приметува, или се прават чукнати надевајки се дека никој нема да види, ТУКУ КОИНЦИДЕНЦИЈАТА НА ДАТУМИТЕ ќе мине молкум ако не е Дудинка.

Елем, нели е чудно, нели е загонетно, нели е сомнително, нели ви го разбудува истражувачкото во вас ПОДАТОКОТ дека Бранко Мало Бабуле Героски театрално поднесува оставка (предходно на смрт се скарува со омилениот му Тричко кого го нарекува “професоре”) во провладиниот и просрпскиот Слободен печат на 28 мај оваа година

… за да за помалку од две недели, на 11-ти јуни “обелодени” ханскристијанандерсонова бајка за Кики и Фрики. Бајка со сите детали и пикантерии…

Велам, нели е чудно? Нели датумиве се поклопуваат? Нели има индикации за комплетен заговор против народов и државата (прочитајте ја последната колумна на Б. Нонковиќ, и Дудинка ја пренесе).

Во целиот тој период на апсења, рекетирања, пуштања во домашен притвор, враќање пасоши, плаќања милиони, подарувања станови во Скопје и апартмани во Грција, сослушувања, притвори – во тој период се случија Референдум, претседателски избори, уценети вмро-пратеници, барања за предвремени, ште-те-еба-ште-умреш закани за народ на улица, нападот на Ефтов врз Мицкоски, молкот на Груевски, разочараноста на шарените од Заев…

Чудни времиња, ептен чудни настани, најчудни усојузувања!!!

Па велам, де малку да размислиме!!! Кој, што и како ни готви?

Оти Геро, Ефтов, Златев, Момировски, Ордановски и сличните во големата кујна се само салатерки. Сечкаат краставчиња, зелка, марула…

Мајстор шефот, Карапанџа во кујната е некој друг.

 

М. Неделковски

Полог или Пелагонија, се едно

25.08.19