АПАТИЈА! What the fuck is that?

АПАТИЈА! What the fuck is that?

Народот го фатила аптија! Се разочарал!!! Готово е… Државата ја загубивме… Името го сменивме… Не постоиме веќе…

!!!!!!

Ма дај не ме јеби.

Кого фатила апатија, бе? Кој се разочарал? Во Битола во неделата Широк сокак беше дупка полн од Спортската сала до Домот на културата. Вечерта, десетици илјади граѓани пред Собранието се спротиставија на фашистичката солдатеска на Зоран Заев и Џес Бејли.

Што е тоа што сме загубиле, бе?! Кое име е сменето, бе?!

Аман од тие џандарско-удбашки фори на Јанко Бачев и наполеоновско-цезаровски комплекси на Филип Петровски.

Аман од тие медиумски лаги на СДСМ-овската куртизана Иван С. Мирчевски, Бе-еН-Де шпиунот Сашо Орданоски и фејк-њуз друштвото на Роберт Поповски, Коко Бојаровски, Миле Бошњаковски и Бубо Каров.

Кого бе вие лажете и манипулирате? Мене? Народов МАКЕДОНСКИ или сакате да ги импресионирате вашите странски газди?

Никакво име не е сменето и не може да биде сменето. НИКОГАШ.

Само е потпишан договор на будала кој лажно се претставува како премиер на нашата држава и Премиер на Јунинистан. И, толку.

Тој договор нема никаква меѓународна, но и внатрешно-политичка и уставна мериторност. Тоа не е ниту мртвороденче, ами дркотина која завршила во фишек направен од весникот Слободен печат.

Тој договор е едно големо НИШТО.

Без разлика што Нимиц ќе го носел во ООН и Советот за безбедност, тоа не проаѓа. Оти сенилниот старец што моча у гаки тоа не може да го продаде на сериозни земји кои се членки на СБ на ООН.

Апасиев, нај јасно од сите нас, ги наброја непробојните брани кои се испречени за да не може да се промени името. А и министерот за надворешни на највлијателната земја членка на СБ на ООН Русија, Лавров, порача дека ќе признаат име само кога за тоа ќе се согласи народот.

А НАРОДОТ НЕ Е СОГЛАСЕН.

Значи, без апатија, паника, прашалници, разочарување.

Името не може да се смени доколку реферндумот што го најавува муртинскиот цреп не добие цензус. Простата математика кажува дека треба да излезат да гласаат над 900.000 народ. Со мала “помош“ од ВМРО ДПМНЕ, таква излезност нема да има. Прво нема да има мотивиран народ да излегува на тој референдум. И второ, засегнатите партии ќе го повикаат членството на не излегување. Плус албанците нема да имаат мотив да полнат авиони за да дојдат да гласаат.  На крајот, каков и да е исходот од референдумот, секогаш една од политичките страни може да објави дека не ги признава резултатите.

Името не ќе може да се смени и во Собрание, оти за промена на уставот треба 2/3 од пратениците. Доколку се најдат 10 велепредавници, уценети или поткупени пратеници од таборот на ВМРО ДПМНЕ и неговата коалиција, тогаш е можна промена на устав, но повеќе од сигурно е дека нема да има толку и такви предавници.

Крајно, до идниот мај, единствениот чии потпис важи за меѓународни договори, Претседателот Иванов, ќе си е во Претседателскиот кабинет. Доволно долго да идиот како Бранко Тричковски 100 пати да кризира и да се бламира барајки смрт, линчовање и слично.

Да заклучам, име нема мењање. Нема мењање пасоши, лични карти и слично.

Има поднесување кривични пријави за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО, кое дело предвидува неколку децениска затворска казна за Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Роберт Поповски, Бојан Маричиќ и слични.

Па така да, додека ова подолу стои, единственото прашање е Who the Fuck is Zoran Zaev?

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.

 

 

M. Неделковски

19.06.2018 – Скопје