Апасиев, еднаш предавник, секогаш предавник!

Апасиев, еднаш предавник, секогаш предавник!

Ај нека му објасни некој на Апасиев дека барањето на ВМРО ДПМНЕ да стои етничката припадност во личните карти само го потврдува нашиот Македонски идентитет!

Во личните карти ќе може да стои Македонец од Македонија а не наметнатата придавка плод на актуелнава предавничка гарнитура која дојде на власт, рамо до рамо, заедно се него и неговите шарени другари!

Дополнително објаснете му дека ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА (за која што зборува тој) е кога ги уништуваш, шараш и рушиш спомениците на Македонските револуционери кои ја создавале Македонската држава и го граделе Македонскиот идентитет!

ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА е кога палиш и уништуваш државни Македонски институции градени од Македонскиот народ со нивни пари а со цел бранење на Македонизмот!

Потсетете го дека таа деструкција и ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА токму тој ја правеше, потсетете го дека народот тоа го памети, народот тоа не му го заборава колку и да сака да глуми сега тој Македонштина!

Апасиев, еднаш предавник, секогаш предавник!

 

Зоран Апостоловски

Скопје, 13.02.21