ИЗВЕСНА НЕИЗВЕСНОСТ
(или неизвесна извесност)
Многу повеќе од драстичното предупредување на Владимир Путин во неговото годишно обраќање во врска со санкциите, провокациите и заканите кон Русија, односно неговата најава на црвени линии и жесток асиметричен одговор, вниманието ми го привлече самиот почеток на неговиот говор. Инаку, предупредувања од ваков тип Путин има изнесено неколкупати, и воопшто Русија (СССР) неретко поставувале црвени линии, па и ова ќе помине, без притоа нешто посебно да се промени на глобалната сцена. Се повеќе мислам дека планетата е заложник на една гигантска игра на лош и добар полицаец, што да речеме конвергира и со основниот, фундаментален агенс на геополитичкиот конфликт: дуализмот. Не би елаборирал понатаму за ова, засега.
Делот од говорот кој особено ми го привлече вниманието е следниов: „Ќе почнам, се разбира, со настаните од минатата година, кога нашата земја и всушност целиот свет се судрија со нова и извонредно опасна инфекција. Во тие денови, во таа смисла и во текот на советувањата со специјалисти и во разговорите со лидерите на многу држави, често од нив ја слушав следната оценка на ситуацијата: ние имаме работа со апсолутна неизвесност. И тоа навистина беше така.“
Значи: неизвесност. Па апсолутна! Со други зборови: недостиг на емпириско знаење за некаков феномен во иднина. Кога лидерот на светската суперсила Русија ќе каже „апсолутна неизвесност“ за нешто заради кое е прогласена пандемија, тоа значи дека и покрај сите научни, институционални и други капацитети, светот се соочи со непозната закана, со егзистенцијална неизвесност, па и немоќ. И „лидерите на многу држави“ ја нагласувале истата неизвесност. Тоа безбели прилично се разликува од извесната сигурност со која „многу лидери и специјалисти“ со голема извесност нагласуваа дека притворот и маските ќе траат само две недели, додека да ја „исправиме кривата на пандемијата“. Во меѓувреме, мијте си ги рацете и мозоците и не се секирајте – вирусот умира на 26 степени. (На кривата, право како ајвани се налепија многу умислени будалетинки, кои еве, втора година ја исправаат).
Не верувам дека и на Доналд Трамп му било „извесно“ се што треба, ако да речеме се претпостави дека тој искрено се борел против светската олигархија. Но факт е дека во неговиот мандат светот беше длабоко навлезен во транзиција од униполарен во мултиполарен, најмногу токму заради големиот притисок што Русија го оствари последните години. Немаше нови војни, барем привидно. Сепак, глобалниот театар има многу чинови. Потоа дојде (како што дојде) Џо Бајден, веднаш го сопре тој процес и основниот драмски конфликт повторно доби на интезитет. Очекувано, употребена е Украина (во улога на замрзнат конфликт), за ново заострување на односите помеѓу САД и Русија. Во игра се веќе и директни закани, како неодамнешната на Бајден дека „Путин ќе ја плати цената“. Путин, ете, вовраќа, како што е редот на драмското дејство. Ќе има санкции, протерувања дипломати, студена војна и слични драмолетки, но и понекоја жешка прокси-војна, со вистинска крв, надвор од нивните територии. Ако некој од вас мисли дека некогаш ќе дојде до војна помеѓу Русија и Америка, длабоко се лаже. Ниту се случило, ниту ќе се случи.
Друга, опака опачина на медалот би била во контекст на спомнатиот дуализам, т.е. дека на „големите“ им е многу извесно за што се работи во врска со коронаконтролата, но тоа го прикриваат со цел преку меѓусебни тензии да ја задржат водечката улога во светот, кој очигледно станува неодржлив со постојниот систем. Дека соработуваат како што соработуваат на полето на “вселенските истражувања“, за што, на пример, Стенли Кјубрик има една брилјантна, но суштинска сцена во „Одисеја во вселената 2001“, со која ги зафркна налогодавачите, како и многупати во неговите филмови. Дека, всушност, целта е да се задржи големата контрола на луѓето и нивните неосознаени до крај животи и животни потенцијали во постојниот систем, кој низ познатата историја само се модифицира, но не и менува. (Продажбата на оружје и натаму цвета и кај двете суперсили, на пример).
Мојата основна теза од почетокот на „пандемијата“ беше дека таа е инсценирана како димна завеса за геополитичка, но и сеопшта транзиција на светот во нешто засега непознато. Не видов некои сериозни критики за т.н. Голем ресет (синоним за Новиот светски поредок), произведен во лабораториите на Давос од ниту една од двете официјални политики, освен од слободни и независни поединци. Таму, номинално преку оној брутален Шваб, пред очи ни ги кројат судбините. Изразот „скриено на очиглед“ добива на тежина секојдневно: деновиве, сведочиме дека некои лекари отворено зборуваат за можност за бескрајно траење на „пандемијата“, за постојано носење маски и постојано сезонско вакцинирање. Конспиролози едни.
Исто, забележувам дека, полека, фокусот се префрла на друга Баба Рога, т.н. климатски промени, кои треба да бидат претекст за уште поголеми рестрикции на слободите, по крајот на пландемијата. Во главна улога повторно е мегаломанијакот од досега незабележан сој – Бил Гејтс – лудак заради кој ќе мора да се менуваат многу учебници за психијатрија. Сонцето ќе го затемнувал, со цел да го спречи глобалното затоплување. Имено, тој верува дека тоа е можно, згора и потребно. (Ако се оствареа прогнозите на Ал Гор, кој ја воведе климатската „проблематиката“ на глобалната сцена, досега требаше да бидеме повеќекратно испржени, зачинети и пеплосани). Да нагласиме дека Били има буквално патентирано математичка формула за депопулација, следнава: CO2 = P x S x E x C. Во превод, лудакот пресметал дека емисијата на Јаглерод диоксид ќе се намали кога ќе се намали бројот на луѓето на планетата. Били е научник, знаете.
Значи: неизвесност. Неизвесно е што, всушност, Владимир Владимирович сакаше да каже со неизвесноста. Неизвесно е каква е таа неизвесност. Неизвесна неизвесност, неизвесна извесност или извесна неизвесност. Неизвесно е, освен на оние на кои им е извесно. Но, мислам дека би било далеку полесно и поизвесно за сите нас, доколку сите тие силни лекари, специјалисти, политичари и лидери големи и мали, кажат: Видете, ние всушност не знаеме за што се работи. Многу ќе се олабават тензиите.
Проблемот е што тогаш дури и најмоќните политичари ќе признаат дека всушност се суштински бессилни и дека друга сила нѐ владее сите, вклучително и нив. Тоа веќе не би била теорија на заговор, туку на одговор. Ако играта е чесна, тогаш треба да почнат да се истражуваат и другите опции, на пример она чудно згрутчување на крвта, како при труење, а за кое јавуваат некои доктори во непосреден допир со жртвите. Но тогаш ќе треба да се пронајде и оној што нѐ труе. Вака, си го имаат инкриминариниот лилјак од Вухан, кој ете никако не пристигна до Пекинг, ама затоа суперсонично брзо ја надлета Италија, лани. И никој не е виновен.
Засега.
Крум Велков
Македонија, 22.04.21