Алек РУСЈАКОВ

Алек РУСЈАКОВ

.Се превртев од смеење. Симнале власт со протести. Они алишта од јаже не можат да симнат, власт симнале. Да, да, вие или Бејли се потевте како да го тргнат ВМРО, откако СДСМ и по толку „бомби“ пак изгуби на избори? Вие да не висевте во штабот на ДУИ? Вие да не бевте шефот на ЦИА што донесе платформа во Тирана? Вие или Сорос и УСАИД истурија купишта пари? Вие или ЕУ одлагаше избори затоа што знаеја дека СДСМ нема шанси? Вие бре едни протести не направивте сами, ништо оригинално не видовме. Истите слогани, пароли и финти што ги гледаме дваесет години низ светот, таму кајшто „дип стејт“, решил да менува власт. Дури и презервативите ви ги подметнаа цинично. Протестирачи за една употреба. Е, моја интелектуална бижутеријо и лажна авнгардо, не сте вие уморни, туку извозени, превеслани. Ги правевте луѓето малоумни кога ви велеа дека црпнатиот е донесен (значи не вие, туку донесен, октроиран) само за да смени име, идентитет, устав, историја. Малоумни ги правевте оние кои ви велеа дека овие не го рушат Груевски, туку Македонија. Ене ви го сега Груевски, граѓанин на Европска Унија, а вие не сте, ќе остарете додека станете, ако воопшто станете, дури и без идентитет. Вашите претци беа дел од Илинден и АСНОМ. Вие, само му бевте шарен декор на Големиот брат, кој одлучи да нема веќе Илинден и АСНОМ. Веќе виден декор. И не заборавајте, теравте пропаганда за ЗА на рефрендумот. Глумевте лудило и тврдевте дека сте победиле на референдумот што ние законски ви го рокнавме. Додека не почнаа и странски медиуми да ви се смеат, оти по вашата логика Каталонија е независна држава. Аплаудиравте на криминалното создавање двотретинско мнозинство. Го одобривте барањето на Хан за спроведување „балкански методи“ врз оние пратеници кои нема да поддржат незаконски уставни промени. Не, не сте уморни од протестирања, уморни сте од промашувања.