Александар Николоски призна

Александар Николоски призна

Вчерашна изјава на потпредседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски каде вели “битката за соборување на оваа ненародна власт се води и дома и во Брисел“, најексплицитно покажа дека Република Македонија е поробена држава од страна на странска окупациона сила.

Демократија ем како збор, ем како суштина, значи владеење НА народот. Очигледно дека во овој момент тоа не важи, ами на сцена е “владеење ВРЗ народот“.

Секоја СЛОБОДНА земја, секое демократско општество, почива на темелите на владеењето на НАРОДНАТА ВОЉА. Кај нас, а секако има и други такви земји низ светот, владее вољата на странецот. Од Брисел ли е, од Вашингтон, Лондон или Париз – се едно.

Оваа изјава на Николоски е уште една потврда на она што со години го тврдам, дека сме поробена држава од страна на странска окупаторска армија (и дипломатска и милитантна), а административно територијата ја води, односно пљачка, колабрационистичка влада од типот на владите во Виши, или како владата на Квислинг во Норвешка пред 70-тина години, или како наметнатата владеачка гарнитура на времето од СССР во Авганистан, или сега американската квислишка влада во истата држава, или пак како папет режимите во Загреб и Белград за време на Втората светска војна…

Не само што сме поробени, ами сме поробени од ФАШИСТИЧКИ окупатор. Да не можеш да се наречеш онака како што се чуствуваш, да не можеш да вееш знаме кое за свое го осеќаш,  да не смееш да пееш песна која твоите со генерации си ја пееле, да не смееш да славиш ликови што сметаш дека се твои славни личности од својата историја, да уништуваш/палиш книги (енциколопедијата на пример) – е, ФАШИЗАМ по дефиниција. Еклатантен пример на ПРИМЕНЕТ фашизам.

Фашизам е и кога правосудните системи на далеку по демократските држави, со далеку поголем државотворен габарит, и со далеку понапреден судски систем тврдат дека ЗАТВОРЕНИТЕ И ОСУДЕНИТЕ ОД 27-МИ АПРИЛ СЕ ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ, а не криминалци. Дека обвиненијата од Рускоска обвинителството и пресудите од Кацарска судството се политички мотивирани и режирани случаи кои немаат НИКАКВА допирна точка со правда и правдина, со закони и уредби, со усатв и поредок.

Патувањето на Николоски во Брисел се поклопува со оддржувањето на лидерската средба што е предвидена за утре. Според изјавата на овој политичар од Охрид, судбината на предвремените ќе се решава и во Брисел каде што тој отпатува и во Скопје каде ќе има лидерска средба!!!

Тоа, пак велам, е пример на заробена, не слободна, окупирана и понижена држава. Држава, повеќе личи дефиницијата ТЕРИТОРИЈА, каде за тоа дали треба или не да има избори решава некој чиновник во Брисел. Чиновник кој дури и не е избран на директни избори од страна на својот народ и гласачите за да може да заседне во таква фотеља.

Па затоа, на прашањето што толку симпатии обичниот народец има кон Трамп, Путин, Орбан, Ердоган, Салвини, Марие Ле Пен – има, прост одговор. Народот во такви ликови и нивните постапки гледа шанса за ослободување од фашистичките диктатори во Брисел, Вашингтон и кај нас во Скопје.

Со вчерашното НЕ ДОАЃАЊЕ на прославата каде што Жбогар изиграваше Глупи Август, каде дури и малата “школка“ беше празна, народот покажа дека не ја признава оваа власт, дека не го признава името каде на сила е вметнат збророт “северна“, дека не ги признава тиранската платформа, договорот со Бугарија и потписите на брегот на Преспанското езеро.

Народот чека, И ЌЕ ДОЧЕКА ослободување. Тоа е чиста дијалектика. Јас разбирам дека Забрчанец, Самка и слични немаат завршено школо, а дека Ивана и слични ивани школо завршила преку “Пунто“ системот како што Фиат Цановски ги “дипломира“ неговите студентки – тие не знаат што е дијалектика. Не читаат историја, не читаат книги, немаат апаратура за размислување. Но, тоа не можам да го кажам за Коко Бојаровски, или Сашо Орданоски или за татко и синот Писареви… Тие знаат дека крајот им е блиску.

Овој народ ќе дочека, не е така далеку каде МАКЕДОНИЈА ЦЕЛА ЌЕ Е. Светскиот поредок глобално се менува за да го замени овој трул современ фашизам.

Податокот од Николоски дека “Битката за соборување на оваа власт“, читај предвремени изори, се води во Брисел, јасно покажува колку е кородиран светскиот поредок и колку во овој момент не се почитува ниту едно начело на меѓународното право и универзалните човекови слободи.

Баш на оваа тема “Слобода на говорот и универзалните човекови права“ сум поканет кон крајот на месецот во Русија да бидам медијатор на една голема меѓународна конференција со учество на умни луѓе од целиот свет.

Светот се менува. Секако не онолку брзо колку што ние би посакале, ама се менува.

Што е наше, наше ќе си биде.

 

М. Неделковски

09/09/19

МАКЕДОНИЈА