Не знам зошто му се лутите на Бечо? Што толку протестирате против она што го кажал Бекир Асани?
Прво и основно, Бечо никого не удрил, ниту некого нападнал. Тоа го потврди полицајката Јасмина Јаначковска. Значи, ако веќе правите протести, треба да бидат против пајакот насилник. Не против Бечо. И Јасмина и нејзиниот министер Оливер Спасовски тврдат дека немало физички напад.
Што му се лутите, велам, на Бечо? Па тој со своето делување покажа каква ни е државата, каква ни е полицијата и каква е власта. Покажа дека над државата се поединци. По моќни од неа. Недопирливи.
Бечо покажа дека никој не му може ништо. Инаку полицајката Јасмина има сопруг кој е високо позициониран вработен во Министерството за внатрешни работи. Па кога полицајка и нејзин сопруг кој е некој началник/командир што ли, се согласуваат дека пајакот е виновен, што е тука Бечо виновен?!
Бечо покажа и кој и каков е е министерот во МВР, а и какви се непријателствата внатре во владата на Зоран Заев. Не личи дека е случајно што неколку дена по нападот од пајакот следеше апсење на најблискиот соработник на Оливе Спасовски. Коинциденција, случајност… Ма ајдеее. Бечо покажа дека внатре во владата ќе се испоколат, толку има меѓу министрите меѓусебно непријателство. Војната помеѓу Шекеринска и Спасовски ќе го чини глава (во политичка смисла) еден од нив двајца.
Бечо покажа и дека медиумите од опозицијата и нивниот “центар“ за комуникации веслаат директно кон карпата. Секоја секунда се поблиску до судирање со неа и тонење. Опозиционите медиуми толку свесрдно го поддржаа протестот на копилињата, што самите станаа убер копилиња. И, кога ќе се видат сликите, вие од Курир, од Центарот на Суле, Иво и Луке, што и кого поддржавте? Демек, за да наштетите на власта? Ги поддржавте:
- Зоран Божиновски рекетар и уценувач (читајте ги сведочењата на суд) – на сликата десно од пола-ден-маж-пола-ден-жена Насер.
- Драган Секуловски, љубовникот на Насер Селмани, поранешен љубовник на Сашо Орданоски – на сликата со капчето позади Зоран Луди Милојко.
- Марјан Саменковски, сопственик и уредник на ДоказМ, тотален лудак, поранешен член на ВМРО ДПМНЕ, кој со години ги навредува и гнаси сите ВМРО-овци од Крива Паланка и од Македонија (постојано ми се јавуваат вмровоци со прашање да го тепам или да го тужам), дури тврдеше и дека Сашо Мијалков беше тој што го претепал пред некоја година – на сликата ѕирка зад љубовникот на Насер.
- Сашо Денесовски, сопственик и уредник на ОхридСкај, исто така лудак, но и медиумски рекетар, човек кој кога и да е претепан го обвинува ВМРО ДПМНЕ – на сликата десно од љубовникот на Насер, со цвикери се чеша по глава.
“Центарот за комуникации“ на ВМРО ДПМНЕ исто така со давањето гласност и поддршка на протестот на копилињата (дури имало наска и нивни новинарски и аналитичарски “кадри“ да излезат на протестот) ги поддржаа и говорниците на тој протест: Роберт Поповски, Миле Бошњаковски, како и нај активните учесници Амон Сра, Коко Бојаровски и слично.
Што му се лутите на Бечо, велам, кога тој јавно, јасно и гласно покажа дека квази НВО активистите на Сорос, шарените наркомани од истата организација, фејк новинарите на СДС и “интелектуалците“ во редовите на истата партија се личности со “Доктор Џекил – Мистер Хајд синдром“. Односно се исти како Насер Селмани. Имено, тоа што Бечо во рамките на својот вокабулар пластично го објасни за копилето Насер Селмани дека до пладне е маж а од пладне жена, тој ист синдром на подвоена личност го покажаа вработените владини чиновници. До пладне чиновник со чорбичка за пеевче, од пладне митингаш на протест. Нема тука разлика помеѓу Насер и Роберт. Исти се. Подвоени личности. Насер се чуствува некомотно во улогата на маж, па од пладне и цела вечер си е жена, тоа Бечо баш убаво го воочил. И Роберт се чуствува несреќен како бирократ и чиновник, па би сакал да е интелектуалец, новинар, тв водител, невладин… Па ете едвај дочекува момент барем на половина час да биде тоа што си мисли дека е.
Што му се лутите на Бечо. Да не беше тој, немаше да се поставиме на мапата на сите земји од светот, каде први измисливме најекономичен начин на протести и владина реакција на протестите. Роберт Поповски како член на протестот држи жесток говор на половина метар пред портата на оградата на Владата. Бара владеење на правото, процесуирање на прекршителите. Со само еден чекор, истиот Роберт Поповски, од другата страна на владината капија, станува портпарол на Владата за да може да даде владин коментар за протестите на кои пред некоја секунда тој самиот држел говор.
Лудница тотална. После тоа, наместо како што порано одеа после секој митинг во локалот Излет зад грчка амбасада, сега да не прават толкав шпацир си се укотвуваат во владиното бифе на чорбиче за пеевче и супер ефтина зелка салата и ракиичка.
Што му се лутите на Бечо, бе? Па за такви зборови, кои копилињава ги нарекуваат закани, да требаше да се протестира, за секој поединечно од ликовите како Миленко, Мирка, Латас, Златев, Цветин и други треба по цел ден, 365 дена во годината да има протести. И, ако за вокабуларот на Бечо се протестиве, што станува со вокабуларот на човечки дркотини и фашисти како Бранко Тричковски, Мирослав Грчев, Бранко Героски, Борјан Јовановски?
“Долга е раката на пајакот“ се спрдачи натписот над главата на Тео Блажевски (на сликата). Тео, поранешен главен и одговорен уредник на Фокус, може ли да објасни пајакот од чија е? Да не е уште на Коце и Грујо?
Под “Долга е раката на пајакот“ нормален здраворазумски (што овие од сликата не се) човек подразбира дека е тоа раката на СДС, Оливер Спасовски и Зоран Заев.
Ако се подвлече црта под се‘, неминовен е заклучокот дека ова личи на уште една попатна местенка од лицето во заминување Џес Бејли. Ова е апсолутно исто како и разоткривањето на тамаќарите од Државна изборна комисија Чичаковски, Бонева, Дума и слични, кои се гоштевале со нашите пари штекајки ги како свои патни трошоци и дневници.. Исто е и како “откривањето“ на екстра парите што ги трпале во џеб за бонуси и оделе на скапи патувања луѓето од Регулаторната комисија.
Сите тие, вклучително и овие од вчера, се едни бројлери на дугме во сопственост на Џеси Бенгази да ти се Деси. Па ги вклучува и исклучува како му е ќеф.
Како што духовито некој се изразил на Нет:
опозиција поддршка