Тони Науновски

Тони Науновски
ПОСЛЕДНАТА ШАНСА ЗА ОПСТАНОК НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Ф
Од самиот почеток на конституирањето на суверена Република Македонија, како
историски најнова форма на државност која е континуитет на двомилениумската државотворност на Македонскиот народ/нација на територијата Македонија, поради
геополитичката реалност на Балканот, политичките елити се поставија во позиција на тотална послушност на ЕУ и САД. Веќе 30-ина години Македонија е под целосна
политичка, економска и секаква друа зависност од ЕУ и САД. Сите политички, економски
и општествени процеси беа и се подредени на инструкциите, плановите, наредбите (формални или подзатскриени сеедно), на решенијата и интересите на овие центри на моќ, кои секако, не смеат да се поистоветуваат со политичката волја на народот во тие држави и бирократски структури како што е ЕУ.
Така и големите политички партии во Македонија, невладиниот сектор, медиумите, сите битни позиции на системот на институции и „светот на животот“. Влијанието е толку
големо што допира и до сите битни одлуки на големите политички партии, Сдсм и Вмро дпмне.
Таа подреденост и послушност доби посилен интензитет после 2001 година (дотогаш не се забележуваше голема некоректност кон интересите на Македонскиот народ) и
загубената војна од учк-она, чии претставници оттогаш се практично главни во власта. Ќе остане енигма дали планот, визијата, проекцијата за судбината на оваа држава и посебно
Македонскиот народ веќе претходно била формирана во тие центри на моќ, или што е поверојатно, таа својата структура и финални одлуки ги добива после утврдувањето на
сите слабости на политичките елити на Македонскиот народ, или, за жал, и на самиот Македонски народ, со своите автохтони колективни матрици на мислење и однесување,
во негативна смисла.
После првиот голем удар, охридскиот рамковен договор, следуваше вториот, територијалната поделба на општините од 2004 година, потоа пржинскиот процес, за да
финализира со максимално деструктивните преспански и бугарски договор, и тиранската
платформа.
Во меѓувреме, имаше и други големи негативни влијанија, од мајскиот
договор кој веќе е прекршен од Дуи, до амнестијата за хашките случаи.
Денес, после финалниот пораз на Македонскиот народ преку преспанскиот и бугарскиот
договор и тиранската платформа, и под сеуште силна доминација на тие нивни планови и визии за нас, Македонскиот народ, се чини дека сме во историски најлоша ситуација
воопшто.
Ниту Александар Македонски, ниту Самоил, ниту Гоце Делчев и Ченто биле во таква безнадежна ситуација. Доколку не се поништат, овие три договори сосема сигурно ќе резултираат со брзо исчезнување на се што е македонско на оваа територија, на самиот супстрат на Македонскиот народ на оваа територија, природно и историски се
досега наша.
Во пресрет на следните избори, има уште доволно време за големо самоосвестување на Македонскиот народ. Сликата се разбистри, маските паднаа, и сосема јасно е следново:
Дека Вмро дпмне, со ова ново раководство, е под исто толку големо влијание на ЕУ и САД, колку и Сдсм. Тие денес, дури не смеат воопшто и да зборуваат за преспанскиот и
бугарскиот договор и тиранската платформа, а камоли да прават реални стратегии за модусите на нивно поништување. Тоа ново раководство, тие луѓе таму, со своите
ставови, докажани љубители на политиките на ЕУ и САД (без оглед на бруталниот факт за нивната штетност врз нас, Македонскиот народ), се практично исти со Сдсм.
Дополнително, и веројатно координирано, врз нив прават притисок и разни групи од интерес (политички или економски, сеедно), со политички отворена закана дека доколку скршнат и малку од патот на слепа послушност кон ЕУ и САД, ќе прават нови партии со префикс Вмро, како што тоа, иако од други причини, беше и во минатото.
Смешниот проект наречен „Обнова на (Северна)Македонија“, е само реторичка лага – како може обнова да се прави со стари постулати и методи, обнова пак со ЕУ и САД (оние чии
политики и влијанија не разрушија до последните темели), пак со договорите и тиранската платформа а конечно и пак со коалиции со партии како Беса и Алијанса на Зијадин Села и Дуи – со едните беа на појадок, со другите имаат коалиција во Гостивар, а со Дуи, познати се сликите од гушкањето меѓу Мицковски и Али Ахмети, проследено со мошне убави насмевки на Муцунски и Николовски.
Значи, целосно ист концепт како Сдсм.
Што да се прави, во ваква парадоксална, бизарна и мачна ситуација?!
Загубена е битката Вмро дпмне да стане ВМРО. Тие, практично и концепциски, па дури и идеолошки во однос на чувањето на автентичните интереси на Македонскиот народ, станаа Сдсм.
Сите обиди таму да дојдат луѓе кои имаат доминантна патриотска свест и докажано такво делување, вистинска Вмро идеологија во својот светоглед, се залудни, како и притисокот на нивните листи за пратеници да се стават такви луѓе.
Затоа, Македонскиот народ мора да бара друг спас на себеси.
Единствениот и последен спас е политичко организирање на брзорастечкиот број на луѓе
кои стануваат свесни за тоа дека нема иднина за Македонскиот народ доколку веднаш, час поскоро не се поништат тие договори (бугарскиот и преспанскиот) и тиранската платформа, а има повеќе легални и легитимни политички начини за тоа.
Тие, ние, да направиме големо обединување. Тоа е речиси невозможно, од повеќе причини – од
личните анимозитети до ситни економски интереси, но сепак само речиси невозможно.
А, нема друго, нема дру начин. Нема алтернатива на тоа обединување, освен ако не го третираме како алтернатива мултидимензионалното уништување на сите позиции на
Македонскиот народ. Овојпат сме донесени до таа ситуација што навистина сега е последната шанса да го направиме тоа, друга нема да има затоа што, едноставно кажано, нас ќе не нема. Дополнително, се поголем број на членови на Вмро дпмне
стануваат свесни дека ова и вакво Вмро дпмне не е нивното Вмро дпмне односно се помалку има врска со ВМРО, што објективно постои можност континуирано да се
зголемува бројката на луѓе кои би гласале за такво народно здружување, здружена
опозиција или, сеедно, такви здружени народни листи на пратеници.
Доколку не се случи тоа, секој паметен човек уште отсега знае дека Сдсм и Вмро дпмне ќе имаат отприлика ист број на пратенички мандати, главно добиени од нивното
традиционално и клиентелистичко членство, со мала излезност на изборите – сличен процент како на референдумот и претседателските избори. Во таа ситуација, сосема
сигурно Сдсм пак ќе направи Влада, затоа што Вмро дпмне не може да им даде повеќе на Дуи, Села, Беса, Дпа и многу други – не затоа што не би сакале, туку едноставно затоа
што повеќе и нема за давање.
Оставени во хоризонтот на бесмислата, напуштени и без надеж, денес, не ни преостанува ништо друго освен секој од нас, најпрво самиот во себе а потоа и здружени да создадеме
нова национална енергија, нова национална политичка над-партија која ќе ги реализира нашите колективни соништа, надежи и најдлабоки потреби.
Денес, вдахновување на нов
импулс на Македонската национална енергија всушност е најнеопходна потреба и императив на нашето последно време. Ние мораме, во име на својата долга и мачна историја, во име на иднината на своите деца, да се надминеме себеси во својата
малодушност, и да се воздигнеме себеси во својата најголема сила, тектонска национална енергија – и конечно да ја направиме Македонија според својата слика, соништа, интереси, според својот лик!
Како ќе минуваат месеците, а потоа и деновите, верувам дека Македонскиот народ се повеќе и појасно ќе го сфати ова, по што, ќе има обединување и реално освојување на отприлика ист број на пратеници колку и Сдсм и Вмро дпмне, со реални шанси да се
добие мандат за составување на влада. Потребни се конкретни активности за реализација на овој план, последната шанса за опстанок на Македонскиот народ, и тие ќе
следуваат, наскоро.
Барем, се надевам на тоа.
Др. Тони Науновски
Скооје, 06.10.19