Мирка Велиновска

Мирка Велиновска
КРИСТОФЕР СТИЛ ИСПУШИ ВЕРУШ Е НА РЕД!
Драги мои еве ни прилика да одржиме уште еден час од програмата ,,настава во природа,, а за општеството во кое живееме спакувано не по наша волја и избор.
Содржината на оваа методска единица им ја посветувам на ,,талентираните,, ни курсисти кои намислиле да станат државни водачи или елита на стадо овци или како
што ги именуваат на напредниот ем цивилизиран англиски -,,шипл,, иако во суштина соодветствува на погоренаведениот ,,загулен,, варварски македонски поим за вид
копитари а не на народ.
Поводот ни го дадоа два стари и угледни англиски весници Тајмс од Лондон и Сандеј Тајмс.
За угледот нема да дисакутираме овојпат. Важно е дека обата весници се со папочна врвца сврзани за англискиот врвен естаблишмент, воглавно од конзервативна
провиниенција и имаат многу читатели. Речиси синхроно на 26 и 27 јануари уредништвата решија да признаат јавно дека фамозниот Кристофер Стил, бивш агент
на МИ6 го фабрикувал извиканото досие за Трамп а во кое се тврди дека тој бил руска алатка за развалување на изборите во 2016 година.
Добро. Лекцијава не е за тоа. Секој
со основна способност за логицирање а имајќи ги на ум сите вакви шашми, мувања, трикови во војните и битките за моќ и власт со кои изобилува историјата, добро
знаеше ,,кај дупи господин Виќо,, уште од првиот ден.
Трамп беше надвор од политичката класа и како таков опасен за службите и нивните газди оти го следеше грамадна народна маса. Лекцијата е за начинот на кој поразените агентури, дизајнерите
на бурда кројки за специјални операции во одделите на МИ 6, ЦИА, БНД… кои ашкарат по цел свет, во еден момент елегантно ем без напор, во легенче со напарфимисана вода си ги мијат рачињата од сета валкаштина и невино ви порачуваат
дека они си биле и си се чисти. Ем невини ко девици/ Валкан да ти бил само легендарниот Перо машинбравар. Односно, Кристофер Стил во Обединетото ем
цивилизирано СЕРИОЗНО КРАЛСТВО.
И таму си имаат прототип за курбан ако се ептен цивилизирани.
Сакам да кажам де, нафрка Кристофер исто како што ќе нафрка на крајот нашава постмодерна верзија на напувано чпиунче , тутурутката Зоран Верушевски. Тој со жената му ги опслужуваше како измеќар британските разузнавачи служби. Поточно се грижеше за клозетските работи. Посветено ем гордо со години подметнуваше секакви гомна каде што ќе му беше наредено а за награда добиваше гаранции дека е под
заштита на големиот сигурносен чадор на оваа СЕРИОЗНА ДРЖАВА,,. Беше убеден дека цврсто ја држи рачката од отворениот британски чадор. И бидна. Се фати за рачката ама чадорот аш! Го нема веќе. Како што го нема колегата му Стил. Неговите газди, токму сега по тригодишен молк без око да им трепне го даваат на Америка и
моќниот Трамп како евтина жртва за да куртулат моќните креатори на секакви масовни убиста, погроми, пљачки, рушења ем уништувања на цивилизации и култури, на држави и народи. Не им чуе што тие координирано ја валкаа Русија за сенешто кое тие и го кроеа и го шиеа и го пропагираа како државна политика на сериозна држава.
Одеднаш во една ноќ, сето тоа веќе не постои. Но во најава значи дека малава Британија се спрема да излиже она што засрала како нов политички послебрегзитски
почеток. (АБ мерење на новото англиско време).
Во објавените текстови во двата
лондонски весници со голем тираж главен автор е извесниот Најџел Вест. И тој е агент разузнавач. Тој се јавува со задача да ги опере и да ги обели со варикина ултрасериозните и авторитетни шефови на тајните служби кои, видиш ти, ништо да не
ти знаеле за фабрикатот на Стил од 2016 па до сега, односно, на Верушевски во блиска иднина. Што е уште позначајно, дечково без проблем прво изгостува на ,,Раша тудеј,,.
Оти околу Русија официјален Лондон ептен има засрано со овој Стил. Бомбите и таму и ваму всушност биле роденденски и новогодишни жижици.
Ние со штедра помош на Веруш го папавме дебело во 2001 година која со бомбите на Веруш ни го роди рамковниот договор со се племенските поглавици инсталирани во сливарникот на ЦИА. После го испапавме во реприза со ,,бомбите на Заев,, по кои ни следуваа куртон револуцијата и пржинскиот договор на четворица партиски главатари.
Сега на сите овие клозетски работници во МВР, во политиката, во судството, одбраната, невладиниот божем активистички сектор и медиумите, им отчукува соочување со судбината кои самите ја избрале. Верушот е можеби најзвучното име, ама не е сам за на жртвениот олтар. Претенденти се сигурно и Владе Милчин кои го запали стрништето и ја подготви со своите соросоидни орачи аргати македонската почва за
длабоко орање и сеење со колнато гркљанско-татарбугарско и арнаутско семе.
Па Џабир Дерала кој ги опслужуваше британските амбасадори преку нивните жени за што беше екстра наградуван, невидливата ем нечујна англоливадска самовила Слаѓана
Преку Тасева. Па профи преститутот меѓу измеќарите Бранко Геровски кој за да го покрие своето назадно македонско потекло, спремно се маскираше во англиски лорд во
твид костум со жакар пуловер и луле во легендарната му муцка, Љубомир Фрчкоски за кој и скопските врапчиња џивкаат дека сонува да биде нобл деген енглез со
аристократска наследна титула, англофилот без корен и плутајуќи северџански ерл Саки од Телма, Боки 13 кој стана жртва на сопственото потрошачко трендсетерско битие и инфантилен егоцентризам за кого се е кажано и, секако, неопатриотот ем кантавтор на северната дркотина, Гиш кој во сељачка и загулена Македонија среде овци градеше имиџ на денди хипик во англиски јавачки чизми.
Пази ваму! Чадорот го нема веќе, ви реков тоа ехеј од многу одамна. Ви остана во рака само рачката. Сега, фино лепо гледајте си во фатумот ококорени оти на газдите ваши
сопственјите газиња им се приоиритет, а вас за кусур и без уво да ги боли ќе ве фрлат како куп смрдливи гомна во септичла јама.
Оти знаете како е, гомна имало, има и ќе има секогаш и насекаде. Прашањето е во изборот, односно, кој своеволно избира судбина на човечко ѓубре, иако навидум се родил како човек.
Па нормално дека мерачам бе! Кога веќе не е мој изборот кога и каде ќе се
родам, барем се трудев цел живот да не бидам лајно, предавник и измеќар на смрдливи господари . Дај боже да поживеам уште малце за со свои очи да ја видам гротеската која неминовно ќе се случи со истиве овие или вакви догодчиња шутрачиња како се нудат на новите просперитетни евроазиски центри на моќ да бидат опфатени под
нивни заштитен чадор. Оти и овој проект сме го одгледале во минатото со ист фатален крај за слугите покорни кои сонуваат да имитираат газди.
М. Велиновска
Скопје, 31.01.20