Стефан Влахов Мицов

Стефан Влахов Мицов

ОД XIX ВЕК ДО ДЕНЕС СТРАНЦИТЕ ГИ КУПУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ЕЛИТИ

ДАЛЕКУ ПРЕД СОРОС, ВАШИНГТОН И БРИСЕЛ МАКЕДОНСКИТЕ ЕЛИТИ БИЛЕ
ПОТКУПУВАНИ ОД СВОИТЕ СОСЕДИ. МЕЃУ НИВ НАЈАКТИВНИ БИЛЕ БУГАРИТЕ ПРЕКУ
ЕГЗАРХИЈАТА И БУГАРСКОТО КНЕЖЕСТВО.
Во својот Дневник бугарскиот егзарх Јосиф Први признава: „Сто милиони потрошив во Македонија, две милијарди потроши Бугарија…“. Тоа се огромни пари, денес рамни на 22
милијарди долари. За споредба за пучот во 45-милионска Украина во 2014 г. САД фрлиа 5 милијарди долари. Ако ги додадеме и парите на грчката и на српската пропаганда излегува
дека Македонците биле подложени на етничка и морална деградација со помош на 38-40 милијарди денешни долари. Самиот Даме Груев во едно писмо бележи: „Бугарите ќе не удават
со толку многу пари“.
Уште во 1882 г. бугарскиот министер за надворешни работи Стоилов пишува во таен Извештај до кнезот Батенберг дека „кај македонските Бугари треба да се развие чувството на народносно сознание, мало и големо треба да знае дека е од бугарска крв…“. Значи, ем се
„Македонски Бугари“, ем немаат бугарска самосвест. Тоа е сосема логично кога самите „Бугари“ немале таква самосвест. Во бугарското Собрание Никола Михајловски (татко на Стојан Михајловски – подоцнежен претседател на Врховниот македонски комитет во Софија)
признава: „Во Цариград бевме познати како Рум милет. Бугарите стануваа Романци, Срби, Грци. Дури и султаните не беа го слушнале нашето име“. И според рускиот амбасадор во
Цариград грофот Игнатиев, Бугарите биле само едно „тесто“ кое тешко можело да направи држава. Меѓутоа, кога Русија го создава бугарското кнежество, Бугарите се зафаќаат активно да прават од Македонците Бугари.
До 1891 г. бугарската Егзархија немала административна контрола врз егзархиските училишта затоа што Османлиската империја не и дозволувала. Ете зошто Егзархијата и
Кнежеството требало да фрлаат луди пари за пропаганда и за поткупување учители и попови.
Заменикот на Егзархот во Цариград Методиј им раздавал на учителите огромни плати: „на двајца во Прилеп (робертколежлии) по 4000, во Скопје 4000, во Охрид (надвор од нашата
помош екстра 6000), на еден 3600, во Дебар 3600, во Одрин (Живков) 6000“. Станува збор за французки франци кои во однос на турската лира биле 20-22:1. Т.е. ПЛАТИТЕ СЕ ДВИЖЕЛЕ
ВО РАМКИТЕ НА 200-300 ТУРСКИ ЛИРИ.
Ќе потсетам дека до почетокот на 20 век ОСМАНЛИСКАТА ЗЛАТНА ЛИРА ИМАЛА ПОВИСОКА ВРЕДНОСТ ОДКОЛКУ ЗАПАДНИТЕ ВАЛУТИ. ТАА ЛИРА СОДРЖЕЛА 6.61419 ГРАМА ЧИСТО ЗЛАТО И СЕ ВРЕДНУВАЛА КАКО 22 ЗЛАТНИ ФРАНЦУСКИ ФРАНЦИ ИЛИ 4.55 ДОЛАРИ ВО 1902 г. ЕДИНСТВЕНО БРИТАНСКАТА ЗЛАТНА ЛИРА БИЛА МАЛКУ ПОСКАПА ОД ОСМАНЛИСКАТА И СЕ ВРЕДНУВАЛА КАКО 26.29
ФРАНЦУСКИ ФРАНЦИ ИЛИ 4.85 ДОЛАРИ.
ЗА СПОРЕДБА, ЕДНА КУЌА ВО МАКЕДОНИЈА ЧИНЕЛА 12 ТУРСКИ ЛИРИ. ТАКА ШТО,
ЕКЗАРХИСКИТЕ УЧИТЕЛИ БУГАРАШИ КОИ ДОБИВАЛЕ ПО 200-300 ЛИРИ ЗА ГОДИНА ПЛИВАЛЕ ВО ЗАДОВОЛСТВО. ЗА РАЗЛИКА ОД НИВ ВО 1892 г. ДАМЕ ГРУЕВ БИЛ ВРАБОТЕН ЗА ДЕСЕТ ПАТИ ПОМАЛА ПЛАТА.
Кога македонските бугараши и врховисти Димитар Мирчев и Христо Коцев не добиле по таа причина стипендии во Солунската гимназија заминале за Белград и од таму се поврзале со бугарскиот премиер Стамболов. Мирчев признава дека добиле 1500 златни лева за да заминат за Софија и тоа за нив „беше голем поттик“. Навистина било така, затоа што таа сума била еднаква ма тогашни 10 500 долари или 2 300 турски лири.
ЗА УБИСТВО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ОСМАНЛИСКАТА ВЛАСТ ДАВАЛА „САМО“ 1 500 ЛИРИ.
КОГА ВРХОВИСТОТ ИВАН ГАРВАНОВ ВО 1901 г. ГО ПРЕЗЕЛ РАКОВОДСТВОТО НА ЦК НА ТМОРО ДОБИЛ 10 000 ЗЛАТНИ ЛЕВА, Т.Е. 14 180 ТУРСКИ ЛИРИ. ТОА Е ПРИБЛИЖНО
ТОЛКУ КОЛКУ ЦЕЛИОТ ОТКУП ЗА МИС СТОН. СО ОВИЕ ПАРИ ГАРВАНОВ МОЖЕЛ ДА КУПИ 1180 КУЌИ, РЕЧИСИ ЕДЕН ТОГАШЕН ГРАД.
Чехот Константин Иречек бил министер за образование во бугарското Кнежество и во својот Дневник пишува за расипаноста на бугарската интелигенција. Притоа, таа била и мала:
„Одвај има 400 Бугари кои минале низ средни училишта во Румелија и Бугарија“.
Спортед идниот бугарски премиер Стоилов „единствениот спас е во министри туѓинци, а не Бугари“.
Затоа што била мала група таа брзо се корумпирала. Еве како ја карактеризира Иречек:
„Софиските луѓе ми изгледаат уште поситни отсекогаш, пигмејци. Интелигенцијата не е цветот,
туку екскрементот на народот“. Истовремено тој екскремент брзо ги расипувал и новодојдените
млади македонски интелигенти емигранти. Иречек се жали: „Освен неколку исклучоци многу подмолни луѓе. Додека им даваш малку се уште ги држиш во надеж, ако им дадеш многу, ќе те предадат секоја минута бидејќи веќе го имаат тоа што го барале“.
Македонската интелигенција во Бугарија се „расипувала“, затоа што во споредба со етничката мешавина во Кнежеството тие изгледале како богови. Од 1289 офицери во
бугарската армија, 430 (33%) биле Македонци; од 35 000 државни службеници – 15 000 (43%)
биле Македонци; од 3 412 свештеници – 1.262 (37 %) биле Македонци. Во почетокот на XX век македонската емиграција во Бугарија била околу 50 000 лица, а вкупното население 3.744.283, т.е. емиграцијата била 1/75 дел, а зафаќала 1/3 од должностите во општествените институции.
ЗНАЧИ МАКЕДОНСКАТА КОНКУРЕНТНОСПОСОБНОСТ БИЛА 25 ПАТИ ПОГОЛЕМА ВО СПОРЕДБА СО ДРУГОТО НАСЕЛЕНИЕ.
ТАА ТЕНДЕНЦИЈА ПРОДОЛЖУВА И ДО ДЕНЕС. БЕЗ МАКЕДОНЦИТЕ БУГАРИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ.
ПО 1944 Г. ПОВЕЌЕТО ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ПОЛИТБИРОТО НА БУГАРСКАТА
КОМПАРТИЈА БИЛЕ МАКЕДОНЦИ. ВО ДИСКУСИИТЕ СО КРСТЕ ЦРВЕНКОВСКИ ЖИВКОВ
ПРИЗНАВА ДЕКА ПОЛА ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЦК НА БКП СЕ МАКЕДОНЦИ КАКО И ПОВЕЌЕ ОД
1/3 ОД БУГАРСКИТЕ ПИСАТЕЛИ.
ИСТОВРЕМЕНО ВО ЦЕЛИОТ ТОЈ ПЕРИОД ОСТАНАТИТЕ „БУГАРИ“ ВО БУГАРИЈА СЕ БУНАТ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ ГИ ОДЗЕМААТ СИТЕ ДРЖАВНИ ПОЗИЦИИ. ТАКА ШТО ЗА ДА ГИ ЗАЧУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРИКАЖУВААТ КАКО ПОГОЛЕМИ БУГАРИ ОД БУГАРИТЕ.
ИСТОТО ГО ПРАВАТ НЕКОИ ПОПУЛАРНИ ТУРЦИ, ЕРМЕНЦИ, ЕВРЕИ.
ЗАТОА, МОМЕНТАЛНО НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ ВО
МАКЕДОНИЈА СЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЈАНИЧЕРИ ВО БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА. ЗА НИВ НАШАТА МАКЕДОНИЈА Е МАЛА И САКААТ ДА УПРАВУВААТ СО ПОГОЛЕМИ ДРЖАВИ.
НАМЕСТО КАКО ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ДА ЈА НАПРАВАТ МАКЕДОНИЈА ГОЛЕМА.
МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАВА ОД МАКЕДОНЦИ И ОД НАДВОР И ОД ВНАТРЕ.
ВНАТРЕШНИТЕ ИЗРОДИ ЈА ПРОДАВААТ ЗА ПАРИ И ЗА ПРИВРЕМЕНА ВЛАСТ,
НАДВОРЕШНИТЕ ЈАНИЧАРИ ЈА ПРОДАВААТ ЗА ДА ВЛАДЕЈАТ ПОГОЛЕМА ТЕРИТОРИЈА.
ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАВОДНА ЕЛИТА Е ЦЕЛОСНО РАСИПАНА, ВКЛУЧИТЕЛНО И ПОМЛАДИТЕ. ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕ ЗБОРУВАМ, ЗАТОА ШТО ТИЕ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ
ЕЛИТА. НО СЕКОЈДНЕВНО ГЛЕДАМЕ ДУХОВНА ПРОСТИТУЦИЈА И ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВО КУЛТУРАТА, И ВО УМЕТНОСТА, И ВО НАУКАТА. МУЗИЧАРИТЕ СЕ ПОСЕБНИ ОДРОДНИЦИ, ЗА ПАРИ СЕ СПРЕМНИ НЕ САМО ДА ГО ПРОДАДАТ ИЗВОРНИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР, НЕ САМО ДА ЈА СМЕНАТ ХИМНАТА, ТУКУ И ПОВЕЌЕ ОД ТОА.
САМО ЗА ДА ГО ЗАДОВОЛАТ СВЕТСКИОТ ТЕРОРИСТ ОД КАЛЕТО.
МОМЕНТАЛНО МАКЕДОНИЈА Е САМО ФИЛИАЛА НА КОСОВО И АЛБАНИЈА.
ИСТОВРЕМЕНО СО СИМНАТИ ГАЌИ И ГАЗ ПОД КИРИЈА НА БУГАРИЈА И ГРЦИЈА.
КАКО ШТО СЕ ГЛЕДА ИМА ГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА КОЈ ДА НЕ ЕБЕ. ИСТОТО КАКО ВО БАЛКАНСКИТЕ, ПРВАТА И ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА. И ОВОЈ ПАТ КАНДИДАТ ЕБАЧИТЕ ЌЕ
БИДАТ ЕБАНИ. НО КОНЕЧНО ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ.
Стефан Влахов – Мицов