Мирка ВЕЛИНОВСКА до Ѓорѓе ИВАНОВ

Мирка ВЕЛИНОВСКА до Ѓорѓе ИВАНОВ

ПРЕДЛОГ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА

 

Ви истекува вториот мандат како Претседател на Република Македонија. Државата ни е окупирана. Власта е неуставно поставена, па е нелегална и нелегитимна. Чиста фингерајка изрежирана од надвор и насилно инсталирана со домицилни платеници како локални подизведувачи на работите. Иако Уставот Ви ги дава, Вие не ги искористивте своите овластувања за да го попречите ова блудничење над мнозинскиот македонски народ.  Не ја браневте ни државата ни нејзиниот суверенитет ни суверениот и државотворен македонски народ. Јасно ни е дека и Вие како и сите други ,,мажишта,, во политиката, сте стаписани од страв или од љубовна далдисаност кон претставниците на единствената опција чии цивилизацијски вредности се Ваш идеал. Но, здравиот разум на секој Македонец му кажува дека идеал и политички приоритет на секој што бара мандат од истиот тој народ за свој ангажман, мора да бидат националните и државни интереси на Република Македонија и нејзините државјани. Ништо друго и ништо поинакво. Најмалку материјална компензација. Како што ,,црква без бог е куплерај,, така и ,,држава без граници, институции и суверен народ е јавна куќа со дива коцкарница,,.

Претседателе,  освен ако не сте ослепеле и оглувеле во меѓувреме, увидовте дека ,,стратегијата за ,,еден е изборот,, и ,,тактиката,, на смкнати гаќи кон секој што има американски или британско-германски пасош не само што не даде никаков позитивен резултат, ами напротив. Ниската точка на топење на македонските политичари не е никаква мудра политика, туку фиксно утврдена цена за курвање на сметка на македонскиот народ. Вие сите, без исклучок, не сте драгоцени како килибарот (и тој има ниска точка на топење) за да ве чуваме како народно богатство. Без своја вина, македонскиот народ стана жртва на сопствените политички избраници. Ако сме виновни, виновни сме што верувавме на зборовите, а не на делата. Затоа сега не веруваме никому. Ние господине Иванов се срамиме од секој од вас. И решивме токму на 30 септември да ви покажеме црвен картон. Шут карта. Ние како народ, успешно ја пресретнавме намерата на евроатланските фашисти да ни го наметнат товарот на безвременска вина дека самите доброволно сме решиле да се избришеме од регистарот на живи народи. Вие со Вашиот фасцинантен државнички настап на овогодишното заседание на генералното собрание на ООН речиси се искупивте пред народот и македонската историја. За тоа ви благодариме.

Но, сега кога квислиншката хунта ,, фура,,  процедура за промена на Уставот во полза на мафијашкиот ,,преспански диктат,, со гангстерски избоксувано мнозинство, јавно Ве прашувам што правите Вие? Мислите ли оти констатацијата ,,македонската историја не може да биде фус нота во нечија друга историја,, е државнички ангажман? Јас мислам дека самиот си ги запишувате мудрите мисли кои идните генерации ќе ги цитираат како историски маркери. Е, ама има тука една зафрканција. Ничија суета не станува сама посебе историска референца. Зборовите преточени во дејство добиваат на историска тежина. И кај Магбет, и кај Хамлет и кај Ричард Трети.

Затоа, од мое, но и од името на загрижените Македонци,  Ви предлагам итно да се вклучите во куплерајот во окупираното собрание  под работно име ,,уставни амандмани,, оти за тоа уставно сте овластени. Влезете во играта како вистински Византиец и ,,виетнамски,, разтурете ги ко бугарско собрание цијашкиве импланти и од лево и од десно и од цик-цак ,,центарот,,. Предложете еден единствен амандман кои би гласел: Името Република Македонија е непроменливо!  И пуштете потоа да тече дискусијата внатре, а народот да дејствува од надвор. Е ваква ,,асиметрична,, игра може да им ги растури плановите на ,,патриотите од ДПМНЕ,,  да пројдат како конструктивна опозиција на фашистичка инсталација додека заевистичко-балистичкото дувло да се протне низ нова сеопфатна ,,амнестија,, за злостори против државата и против цел еден народ.

Јас кажав  еднаш. Ние Македонците не ги признаваме долговите сторени на наша сметка! Не прашавте и двапати на референдум ви кажавме: Ни име, ни држава не продаваме! Обете не се сопственост на една генерација а најмалку се имот на неколку дузини неодговорни и корумпирани политичари. Шлус! Покажете се! Бидете со македонскиот народ и за Македонскиот народ!

 

М. Велиновска

26/10/2018